Историја

Измените на етничкиот состав на населението во Егејска Македонија во периодот од 1919 – 1941 (прв дел)

egejska-makedonija

egejska-makedonijaДелот на Македонија што беше присоединет кон грчката држава по Првата светска војна опфати површина од 34.356 квадратни километри. Населението во тој дел броеше 1.042.029 жители (според податоците на Карнеџиевата анкетна комисија од 1913 година) од кои 329.371 Македонци, 314.354 Турци, 236.775 Грци, 15.108 Албанци, 44.414 Власи, 25.302 Роми, 68.206 Евреи и 8.019 разни. Според пописот, пак, изведен од страна на грчките власти од 1920 година Егејска Македонија имала 1.090.432 жители.

Во тој период, грчките властодршци, држејќи се во еден дел кон поранешната административна поделба на Македонија од времето кога таа беше во рамките на Турција, ја вклучија Македонија во државната организација на Грција. Тие ја направија Егејска Македонија посебна губернија со специјален областен гувернер, односно, министер за северна Грција, кон кого се потчинија Западнотракиската и Јужноепириската област. За да се обезбеди поефикасна контрола над населението на Егејска Македонија, атинските управувачи ја поделија Егејска Македонија на три генерални дирекции и тоа: генерална дирекција за централниот дел на Егејска Македонија – со седиште во Солун, која ги опфаќала окрузите Солунски, Халкидички, Кукушки, Воденски и Берски; генерална дирекција за источниот дел на Егејска Македонија – со седиште во Кавала, во чиј состав влегле окрузите Серски, Драмски и Кавалски; и генерална дирекција за западниот дел на Егејска Македонија – со седиште во Кожани, која ги опфаќала окрузите Кожански, Лерински и Костурски.

Во тој период, поради долготрајните војни, стопанството на Егејска Македонија било сосем разорено. Поради немање на потребната опрема и запрежен добиток, огромни површини земја останувале необработени. Слична штета претрпеле и индустријата и занаетчиството во градовите, и тоа најповеќе во Солун, Драма и Кавала, каде, главно, била концентрирана тутунската индустрија.

По војната, Грција не се соочила само со потребата да го обнови разореното стопанство, туку се соочила и со проблематичната политичка ситуација при што, покрај масовните иселувања, Македонците и натаму останале броен национален, негрчки елемент. Плановите на грчките влади за иселување и за евентуално асимилирање на Македонците од тие подрачја не можеле да бидат реализирани, така што тие пристапиле кон нивно протерување, а напуштањето на својата родна земја од страна на Македонците било ублажувано со населување население од Пиринска и Вардарска Македонија, од кое мнозинството ниту по потекло, ниту по јазик и обичаи можело да се смета за грчко.

Колонизацијата што грчката влада ја спровела во Македонија преку населување Грци од Кавказ и други делови на Мала Азија, не ги дала очекуваните резултати за промена на етничкиот состав на населението. Единствена можност за официјална Грција било вршењето притисок и малтретирање на Македонците со цел да бидат принудени да ги напуштат подрачјата, кои, всушност, претставуваа нивни родни огништа, а оние што ќе останат, биле принудени да се подложат на безобѕирна асимилација. На тој начин се вршело видоизменување на етничкиот лик на Егејска Македонија во полза на грчиот елемент.

Во остварување на намерата за менување на етничкиот состав и погрчување на населението во Егејска Македонија, на грчката влада во прилог и одела и посебната Конвенција меѓу Бугарија и Грција за “доброволна” размена на население помеѓу овие две земји. Оваа Конвенција послужила како “легален акт” за на најбрутален начин да се протераат илјадници Македонци од Егејска Македонија.

Целта на Конвенцијата меѓу Грција и Бугарија од 1919 година за “доброволна” размена на населението, а подоцна и Лозанската конвенција од 17 јануари 1923 година меѓу Турција и Грција за задолжителна размена на христијанското население од Турција и на муслиманското население од Грција била од корен да се измени националниот состав во Егејска Македонија во полза на Грција. Во тој период, десетици села и градови биле делумно или наполно опустошени и напуштени. Десетици илјади Македонци биле насила протерани во Бугарија, како и голем број од муслиманското население во Турција. Според пописот од 1920 година, во Егејска Македонија живееле 81.900 лица родени во странство, кои, всушност, биле припадници на разни народности доселени во Егејска Македонија во времето на војните и веднаш по нив. Може да се смета дека бројот на емигрантите од Егејска Македонија тогаш не бил помал од 50.000 Македонци и нешто повеќе Муслимани.

По сила на Нејската конвенција за “доброволна” размена на население меѓу Грција и Бугарија, во Бугарија легално се иселиле вкупно 32.232, а неколку стотици лица пребегнале преку граница без уредни документи. Останатото иселено население пребегнло во Вардарска Македонија и други земји. Сепак, преовладувачкото мнозинство на Македонците во Грција го издржало силниот притисок и не се иселило. Со ова “доброволно”, всушност принудно иселување, некои делови на Егејска Македонија претрпеле сериозни промени, но најповеќе Ениџевардарската, Гуменџиската и Солунската околија, кои во текот на балканските и Првата светска војна биле поштедени од воени разурнувања. Околиите на источниот дел на Егејска Македонија, вклучително Кукушката, кои во текот на споменатите војни претрпеле најмногу материјални штети и човечки жртви и од кои произлегла бројна емиграција, и овојпат биле силно погодени, бидејќи во овие делови теророт и вооружените провокации биле неиздржливи.

Приредил

Александар Пујовски

Извор: ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (книга трета)

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top