Историја

Измените на етничкиот состав на населението во Егејска Македонија во периодот од 1919 – 1941 (втор дел)

egejci

egejciИ покрај емигрирањето за Бугарија, етничкиот состав на населението во Егејска Македонија немало да претрпи поголеми измени на штета на Македонците, ако истовремено не следела и размената на муслиманското население од овој дел на Македонија. Согласно Лозанската конвенција, во текот на 1924 година сето муслиманско население (во чиј состав влегувале и околу 40 илјади муслимани од македонска народност, од кои најголемиот број биле од Мегленско), се иселија за Турција. На нивно место, како и на местото на иселените Македонци, беа колонизирани околу 640 илјади доселеници од грчко потекло и друго православно христијанско население со неопределена или прогрчка национална свест. Голем дел од оваа емиграција воопшто не го знаела грчкиот јазик, а како свој мајчин јазик го употребувала турскиот.

И покрај емигрирањето за Бугарија, етничкиот состав на населението во Егејска Македонија немало да претрпи поголеми измени на штета на Македонците, ако истовремено не следела и размената на муслиманското население од овој дел на Македонија. Согласно Лозанската конвенција, во текот на 1924 година сето муслиманско население (во чиј состав влегувале и околу 40 илјади муслимани од македонска народност, од кои најголемиот број биле од Мегленско), се иселија за Турција. На нивно место, како и на местото на иселените Македонци, беа колонизирани околу 640 илјади доселеници од грчко потекло и друго православно христијанско население со неопределена или прогрчка национална свест. Голем дел од оваа емиграција воопшто не го знаела грчкиот јазик, а како свој мајчин јазик го употребувала турскиот.

Како последица од овие емигрирања, особено во текот на 1923 и 1924 година, настанало бројно зголемување на грчкото, вклучително населението со прогрчки чувства. Поради овие причини, бројот на вкупното население во Егејска Македонија што во 1920 година изнесувало 1.090.432 жители, од кои доминантно било македонското и муслиманското население, во 1928 година се зголемило на 1.418.477 жители. Во новите констелации не фигурирал ниту еден муслиман, а биле пресметани новите неколку стотини илјади новонаселени имигранти. И токму поради овие крупни миграции, етничката карта на Егејска Македонија за неколку години претрпела сериозни измени на штета на македонската, а во корист на грчката народност, со исклучок на Костурско, Леринско и Воденско, каде што и натаму доминирал македонскиот национален елемент.

Творците на версајскиот систем на империјалистичкиот табор на Антантата, прекројувајќи ја картата на Европа и Балканот, оставиле бројни припадници на разни националности надвор од границите на нивните матични земји. За донекаде да се олесни тешката положба на овие маси, како и да се намали нивното незадоволство и делумно да се заштитат од национално потиснувачките методи на буржоаските владеачки класи во тој период, преку внесување одредени клаузули во мировните договори, победничките сили се обидувале да им ги обезбедат барем елементарните национални и демократски права на овие новосоздадени малцинства. Во таа смисла, врз основа на членот 46 од Нејскиот договор и Грција била обврзана да се грижи за “интересите на жителите што се разликуваат од мнозинството на населението по нација, јазик или вера”.

Подоцна, со Договорот за заштита на негрчките народности во Грција, склучен во Севр на 10 август 1920 година, Грција преземала низа обврски што требало да овозможат трпеливост и правилен однос кон малцинствата. Членот 7 од Севрскиот договор предвидувал: “Особено Грција се задолжува, во рок од три години по стапувањето во сила на овој Договор, да воведе изборен систем што ќе води сметка за националните малцинства… Нема да биде озаконето никакво ограничување против слободната употреба од секој грчки граѓанин на кој било јазик, било во приватните или трговските односи, било во областа на религијата, печатот или изданијата од секаков вид, или на јавните собири”.

Договорот предвидувал еднакви можности за сите национални, верски и јазични малцинства да основаат и да имаат свои културно-просветни, религиозни општествени институции и училишта со слободна употреба на својот мајчин јазик. Членот 9 од истот договор предвидувал: “Во однос на просветата, грчката влада, во градовите и околиите каде што живеат поголем број граѓани кои не зборуваат грчки, ќе даде соодветни олеснувања за на тој начин да се обезбеди учењето на децата на тие грчки граѓани во основните училишта да се врши на нивниот сопствен јазик”. Грчката влада била должна за таквите цели и потреби на малцинствата да осигура нужни средства од државниот и општинските буџети. Тоа значело и извесна гаранција дека грчката влада ќе ги почитува правата, културата и јазикот и на Македонците, како и дека ќе овозможи отворање училишта на кои наставата би се вршела на нивниот јазик, вклучително и цркви во кои богослужбата требало да се врши, исто така, на нивниот јазик. Наспроти јасните обврски што преку потпишувањето на Договорот Грција ги примила на себе, таа воопшто не мислела да пристапи кон нивно исполнување. Поради тоа, во Друштвото на народите грчката влада влада била честопати напаѓана и повикувана да се придржува кон меѓународните договори и обврски за заштита на малцинствата.

Приредил

Александар Пујовски

Извор: ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (книга трета)

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top