Историја

Апел на привремена Влада на Македонија – „Единство“ (21 мај 1880 год.)

edinstvo

edinstvoПРАВЕДНИТЕ БАРАЊА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИСПОЛНАТ СО БРЗА ПРИМЕНА НА ЧЛ. 23 ОД БЕРЛИНСКИОТ ДОГОВОР. ПАРОЛАТА Е МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

“Привремена влада на Македонија

Но 3, 21 мај 1880 година

Гремен -Теке

До неговото Превасходство Серускиот генерален конзул во Солун (Н. Улјанов, н.б.)

Ваше Превасходство,

Од името на Привремената влада на Македонија Ви го праќаме ова протоколарно решение на националното собрание на Македонија со молба да го испратите до Н.В. Серускиот император Александар ИИ. Се надеваме дека руската влада ќе ги потпомогне праведните барања на македонскиот народи ќе помогне да се здобие со правдини слични на останатите балкански народи.

Привремена влада на Македонија

Претседател: Васил Симон

Членови: 1. АнастасДимитрович

2. Али Ефенди

Прилог: ПРОТОКОЛАРНО РЕШЕНИЕ

Националното собрание на македонскиот народ, составено од привремените претставници на народот од  различни области, се собраа во Гремен – Теке, ја разгледаа општата политичка положба во земјава и го претресе сето она што би требало да се стори за да се постигне националната цел на Македонија. Притоа се имаше предвид И макотрпната историја на оваа земја, која со векови страда од разбојништва од органите на валсата, од грабежите и насилствата на Черкезите одамна настанети во поодделни области;

– Дека поради својата географска положба во центарот на Европска Турција, Македонија секогаш била жртва на востанија и на грабежи од страна на башибозуците, Черкезите и Гегите; (Албанци кои живееат северно од р. Шкумбраво Албанија, н.б.)

– Дека Македонија, повеќе од која друга земја, поради политички цели е разделена и етнички на Словени, Грци, Власи, Турци и Албанци, а завојувачите се стремат да ја распокинат, со што се рушИ националното постоење на Македонците, така што тие секогаш остануваат во сиромаштија;

– Дека на меѓународните конгреси на големите сили Македонија е оставена сирак;

– Дека поради последните промени во Европска Турција – Романија, Србија и Црна Гора по силата на Берлинскиотдоговор од 1878 г. ја добија својата полна независност, а Бугарија, Источна Румалија, Крит добија граѓански права, Епир и Тесалија го очекуваат своето присоединување кон Грција, додека единствено Македонија која во древно време имала своја цивилизација и ги дала Аристотела и Александар Велики, е лишена од секаква помош;

– Дека никакво решение на мировните договори по однос на граѓанските права на македонското население не било применето – член 15 на прелиминарниот Сан-Стефански договор му признавал полна автономија на големиот дел на Македонија; а член 23 на Берлинскиот договор иж давал органски устав, сличен на Критскиот устав од 1868 година, но оттогаш изминаа веќе две години без ништо да е сторено.

По сила на сето ова, собранието на македонските претставници еднодушно реши:

1.  Да иж се даде до знаење најнапред на Високата Порта преку главниот управник (валијата) на Македонија, праведните барања на македонскиот на-род да се исполнат со брзото применување на членот 23 од Берлинскиот договор (автономија за Македонија, н.б.);

2. Ова решение да им биде врачено на конзуларните претставници на големите сили потписнички на Берлинскиот договор, со молба големите сили да се застапат пред Високата Порта за применување на чл. 23 од Берлинскиот договор.

Во случај Високата Порта да не стори ништо, Привремената влада на Ма-кедонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македо-нија на Македонците, за востановување на древната Македонија.

За Привремената влада на Македонија                                         Главен командантна

Претседател: Васил Симон                                                           воените сили на Македонија

                                                                                                   Крамонтов”

Архива Министерул Афецерилор Страине (Буцурести) Фондул Цонстатинопол. Цонсулар Салониц. 31.ВИИ/12.ВИИИ 1880, п. 28-33;

Славко Димевски, Привремената влада на Македонија во странските конзулски извештаи, разгледи, бр. 1-2, 1973, стр. 173-180; Љ. Лапе ,Одбрани текстови…, ИИ,стр 249-251;

Документи за борбата…, т.И, док. 188, стр.265-267;

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top