Историја

Резолуција на претставниците на привременото народно собрание од името на „Македонското народо население“ со барања

izvrsen-sovet

izvrsen-sovet(Мај 1880 година)

а) Да им се соопштат справедливите барања од македонското народо население на Високата порта со посредство на генерал-губернаторот во Македонија за Портата да побрза со исполнувањето на чл. 23 од Берлинскиот договори да свика законски претставници на Македонија за разгледување и приспособување на Органмскиот устав.

б) Да им се предаде  ова решение на претставниците на европските држави потписнички на Берлинскиот договор со молба да им го препратат на своите респективни влади и да ги замолат да интервенираат кај Портата за незабавно воведување И исполнување на решенијата од гореспоменатиот договор што се однесуваат за Македонија.

в) Да се испратат специјални лица да го напарават истото тоа и во Цариград.

г) За исполнувањето на денеска донесените решенија назаначуваме Привремена македонска влада од следниве: Васил Симу, Анастас Димитриевич и Али Ефенди (Албанец).

д) Привремената македонска влада е задолжена  да настојува да се направи следново:

а. За обезбедување на сосем таен начин помош од Европските сили за незабавно исполнување на одредбите од Берлинскиот договор што се однесуваат на Македонија.

б. За назначување воени началници за исполнување на желбите на македонското население, во случај на неуспех, со вооружена рака.

в. Ако Привремената влада увиди дека Високата порта води политика за одлагање на решението, тогаш со решителна прокламација да ја повика вооружената помош од македонското народо население, да го повика на оружје за самото тоа да ја прифати борбата за своето постоење.

г. Со исто таква прокламација привремената влада ќе се обрати за помош од владите заинтересирани за преродбата на старата Македонија, а исто така за помош од сите слободољубиви.

д. Привремената влада се задолжува да ја организира привремената организација на воените и граѓанските власти, да изнајде средства за исполнување на наведените решенија и симболот на македонското знаме, печатите и воопшто сеж што се однесува за изградувањето на привремената управа”.

АВПР, ф: Посолство в Константинополе, 1880, оп.517/2, д. 2276, лл. 209 с об.; 

Блаже Ристовски, Македонија и Македонската нација, Детска Радост, Скопје, 1995, стр.188-189;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top