Историја

Историски белешки за Мијаците (7 дел)

kniga-za-mijacite-nova

kniga-za-mijacite-nova

Во продолжение на V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Трајчев се обидува да расветли еден дел од деветвековната темна историја на Бигорскиот манастир „Св. Јован Претеча“, за кој се знае дека е подигнат 1020 година и кој бил нем сведок на византиско, српско и турско владеење.

Во потрага по историската вистина Трајчев се повикува на манастирската кондика (великиот поменик). Бидејќи недостасува оргиналната кондика и некои научници се сомневаат на датумот 1020 година, тој тргнува од фактите и вели: „Историски е докажано дека првиот Охридски арх. Јован, Мијак, е произведен во тој чин на Охридскиот патријаршиски престол од Василиј I во 1018 година, а потоа истиот Јован, во чест на својот патрон, св. Јован Претеча, и за спомен на неговата висока чест (избор на Охридскиот престол), за кој е повикан од Дебарскиот манастир св. Богородица, кој се наоѓал во блиското село Скудриње – го подига денешниот манастир во 1020 год. Така, тој станува ктитор на новиот манастир што овој историски настан сигурно е забележан во старата кондика и во двата листа кои недостасуваат во новата, која е препис од 1833 година, во време на игуменството на арх. Арсен и монах Данаил.“

Авторот смета дека „за формирањето на мастирот треба да имало и службени документи“. Веројатно, како што вели, „издадени од самиот император Василиј и прифатени и потпишани од самиот охридски архиепископ Јован. Исто така, Трајчев смета дека манастирот не можел да се гради без знаење на Василиј I, особено ако „тој е подигнат во чест на неговиот најблизок црковен великодостоинственик и Охридски арх. Јован, кому му ја поверил целата духовна област во пределите на Самуиловото царство и кого го обдарил со три историски хрисовули.“

Исто така, Трајчев претпоставува дека „новоиздигнатиот манастир бил великодушно даруван со движен и недвижен имот. Според него за тоа сведочи фактот дека „блиското село до манастирот, по левиот брег на реката Радика, го носи името на Јован. Тоа се вели Јанче, сега со 30 куќи Помаци. Овие историски документи (пергаменти и др.) биле назначени во манастирската кондика и складирани во самиот манастир“ – ќе напише авторот во својата книга посветена на Мијаците.

Вината за исчезнувањето и уништувањето на манастирските пишани споменици, авторот ја насочува кон Цариградската патријаршија. За односот на грчкото свештенство кон македонските храмови тој ќе напише: „Подоцна, сепак, по смртта на Василиј – 1025 год., како и уште подоцна по смртта на Јован – 1037 год., Византиската политичка и духовна власт, која не може да ја трпи слободата, со која се ползувал Јован Охридски, почнала да ровари, да руши, да ограничува и уништува сè што говори и потсетува на … славата и величие во минатото, додека стигне до годината 1762 година, кога Цариградската патријаршија ќе ја уништи и независноста на самата Охридска архиепископија и ќе ја потчини. Само така ние си објаснуваме недостатокот на првите два листа од заглавието на кондиката на манастирот св. Јован. Бигорски. Тие се откинати од злосторничката византиска рака и уништени низ вековите. A на времето, можеби, е уништена и самата оригинална кондика, а запазен е само преписот со ​​податоци и содржини кои се толерантни за визанштината“.

И покрај сите притисоци и опасности со кои се соочува, манастирот опстојува низ вековите.

Според Трајчев, „иако во соседство на разбојничките албански племиња, скриен во непристапните шуми на разграноците на планините Шара, Кораб и Бистра, манастирот Св. Јован Бигорски можел да преживее неповреден, носејќи ја славата далеку од границите од Македонија и Албанија. Тој не бил место само за молитва, туку и стража за зачувување на националното име и свест на племето населено во тие покраини.“

Историското значење на овој манастир за населението од овој крај е огромна. За време на црковните и другите Соборни празници во манастирот се собирале мало и големо, многуилјадни верници од Дебарско и Реканско. Трајчев како егзархиски училишен инспектор во Дебарската епархија бил жив сведок „на тие мили и пријателски средби“.Овие средби, како што вели тој „не беа само за да се видат, туку и за размена на мисли по националните, политичките и културно-просветните прашања. Така беше од старо време до последниот ден на турскиот режим.“

Осврнувајќи се на страната пропаганда, авторот со право се прашува што би се случило ако недостигаше овој духовен светилник на населението од овој крај за време на големото долговековно и инородно ропство.

Трајчев овде особено се осврнува на српската пропаганда, за која пишува: „Токму тоа најдобро го знаеја агентите на српската пропаганда, на чело со својот шеф, „блаженопочившија“ Варнава, кој преку мито и со помош на Хилмипашовата турска политика (раздели па владеј), настојуваше да ги посрбат соседните манастирски села: Требош, Битуше, Ростуше, за да еден ден да изјават претензии дека манастирот е српски. Токму така како што го присвоија Прилепскиот манастир Трескавец. Освен тоа, тие знаеа дека таа светиња е многу стар … споменик, дека потекнува од едно бурно време на последните денови на Самуловото царство, дека нејзиниот основател и ктитор е исто така историска личност (Јован I Охридски аргиепископ), дека наклонетоста и почита кон манастирот беше како кон најскапоцено нешто, завештение од далечното минато, кое потсеќа на славното минато на (Самуиловото н.з) царство и владеење. За животот на манастирот беше тесно врзан и животот на (населението н.з) во тој крај…

Сето ова се знаеше од нашите итри напријатели, кои сите се силеа да стават рака на овој манастир. И донекададе беа успеале во своите пеколни замисли и планови. Со поткуп и помош на турската власт, ги положија основите на своите нечесни дела. Тие беа пробиле пат до околните манастирски села, каде создадоа и свое архиерејско намесништво. Нашите контра мерки во текот на 1912 година (речиси на крајот на турскиот режим), ги оневозможија сите тие зли планови, и со една енергична акција, можевме да го поразиме непријателот за секогаш! За да по Балканските војни, сепак сме, живи сведоци, на нивна доминација не само над манастирот, но и на цела Македонија.

Зла судбина и тажна судбина!’

На крајот од својот осврт, Трајчев како егзархиски училишен инспектор во Дебарската епархија говори и за плановите кои ги имале за манастирот Св. Јован Бигорски. За ова тој ќе напише: „Во својот проект за издигање уште повеќе на реномето на мастирот, ние размисливме да го издигнеме и како училишен просветен центар каков што бил во не така далечно минато.

Тука минувале: Кирил Пејчинович, Јоаким Крчовски, арх. Анатолиј и Иларион, Партениј Нишавски, Козма Пречистански, св. Јован Кукузел, прочуен црковен пејач и самиот Јован I Охридски архиепскоп. Во учебната 1912/13 год. беше предвидено во него да се отвори класно училиште со пансион за ученици од целата реканска област. Балканската војна ги осуети сите тие наши проекти и планови.“

Георги Трајчев (1869 – 1945) кој е просветен деец и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

По Втората балканска војна бил протеран од српските власти во Бугарија, каде работи како учител. За време на Првата светска војна, Трајчев заедно со Љубомир Милетич, во рамките на научната експедиција во текот на август и септември 1916 година ја посетува Македонија и Поморавјето, по што пишува книги на македонска тематика.

Во 1941 година тој ја издава и „Книгата за Мијаците (Македонска библиотека No 12, Софија, 1941). Во предговорот авторот ќе забележи дека  „Во својот живот како егзархиски училишен инспектор во Дебарската епархија, во чиј реон припаѓа и Реканскиот, имал доволно можност да го проучи минатото, начинот на живот на тој дел..“.

(крај)

Македонска нација

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top