Историја

Објавени историски факти во македонски среден век

makedonski-sreden-vek-180

makedonski-sreden-vek-180Пелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род“. Во сите црковни документи се титулирал како: „Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија“: податок од 1611 година.

makedonski-sreden-vekПелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род“. Во сите црковни документи се титулирал како: „Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија“: податок од 1611 година.

Лавот на македонското знаме е извезен од учителката баба Недела од село Сопот и нејзината ќерка Станислава. Знамето со огнен (црвен) лав на жолто поле е знаме и на Разловечкото востание (1876 г.). Над лавот стои натписот “Македонија”.

Овој напис е само дел од историските факти за Македонија, објавени во книгата “Македонски среден век VI – XVIII”, во издание на “МИ-АН”. Меѓу многуте историски куриозитети може да се најдат и делови од стари документи кои експлицитно говорат за Македонците и Македонија. На пример, во документ од 1380 г., кој денес се чува во Венециската државна архива, стои:

„Градовите Девол, Коњух и Белград (денешен Берат), со целата своја околина, административно спаѓаат во Македонија. Тие се населени со Македонци, кои по говорот и обичаите се исти како и оние по долината на реката Вардар, во Епир, Тесалија, Солунско и Тракија“.

Анонимниот автор потенцира и дека:

„Старомакедонските словенски имиња на селата, градовите, на реките, долините и планините во Матија, даваат цврст доказ дека тие, Македонците, се потомци на истоименото античко население и први жители на балканските, порано именувани како илирски земји“!

Од издавачот “МИ-АН” велат дека во книгата „е опфатен богатиот период од појавата на христијанството и писменоста во Македонија, заклучно со првите книги на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, кои ги најавија првите знаци на македонската преродба и народносното будење на Македонците“…

Факти за Македонија

– 1407 г: Во најстариот манастир Бистрица, во Молдавија, бил составен средновековен романски ракописен споменик, познат под името „Бистрички поменик“. На едно место се вели дека подунавските кнежевства „Влашко и Молдавија канонски зависат од Охридската црква“ и дека „тие се сметаат за делови од Македонија“.

– 1604 г: Охридскиот патријарх побарал лично од рускиот Цар Борис Годунов „поддршка од Русија во реализацијата на Проект-планот за кревање востание во Македонија и во Матија (денешна Албанија)“.

– 1611 г: Пелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е горд што му припаѓа на благородниот македонски род“. Во сите црковни документи се титулирал како: „Нектариј, митрополит на Пелагонија и егзарх на цела Македонија“.

– 1668 г: Бившиот охридски патријарх Арсениј пристигнал во Русија и го замолил царот Александар Михајлович „да се сврти кон Македонија и да помогне да може да излезе од стегите на мракот, бедата и неподносливиот ропски живот“.

– 1690 г: Австрискиот император Леополд Први издал посебно писмо со кое го зел под заштита македонскиот народ: „Виена, 1690, 26 април. Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Краида, роден во Кожани и Димитри Ѓеорги Поповиќ, роден во македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело…; …да не го напаѓаат македонскиот народ…“

– 1712 г: Патописецот Пол Лука по посетата на Македонија запишал интересен обид за обласна поделба на Македонија: „Денес таа е поделена на четири дела-области: Македонија, Јамболија, Коменилитарија и Јана, која била стара Тесалија“.

– 1767 г, 24 мај: Официјално и неканонски била укината Охридската архиепископија со синодален акт издаден од Цариградската патријаршија.

Премин Портал

Дејан ТРАЈКОСКИ

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top