Историја

Положбата во Македонија под грчка власт и борбата на македонското население

pismoegejci2

pismoegejci2

…положбата во Егејска Македонија. Овој несреќен крај што претставува поголем и најбогат дел на Македонија… и ги даде Гоце Делчев, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов…. чие што население трипати (1903-1913 – 1918) беше клано, ограбувано… овој ист крај и денес е оставен да страда… Да се бориш 50 години за слобода… да бидеш и денеска прогонуван и затворан. Јас ги пречекував бегалците што дојдоа во федерална Македонија… 16 села во Калјарско се иселени…- истребување, исчистување на Македонија од Македонските Словени. Се мачеа да ги асимилираат, да ги погрчат– не успејаа. Сега ги прогонуваат и убиваат. Не дозволуваат збор да се каже за некакво ослободување на македонскиот народ таму. До неодамна дури НО движење на Грција– ЕАМ, македонското прашање го поставуваше како внатрешно малцинско прашање.. им ветуваа на Македонците… право на училишта и цркви, но без друго во границите на Грција. Тоа се разбира, беше грешка… од неизживеаниот шовинизам во некои средини на ЕАМ… Раководството на ЕАМ ги признава веќе Македонците како одделна нација и ги привлекува во општата борба во имато на нивните македонски национални деали….

Македонското ослободително движење во Македонија под грчка власт влегува во ЕАМ како самостојна сила. Македонците… сознаваат дека сега имаат една понепосредна и заедничка задача со грчкиот народ- премавнувањето на монархофашистичкиот режим… за да тргне земјата по патот на демократскиот развој. Македонците таму не го поставуваат сега како прва задача прашањето за своето присоединување кон НР Македонија. Тие не се откажуваат од тоа. Обединувањето е свето право на секој народ.

…И затоа засега Македонците во Егејска Македонија се задоволуваат со паролите за културни права (училишта и сл.). Но реакцијата беснее… за неа Македонците не се никаква одделна нација. Тие се само словеногласни Елини. Има дури и демократски средини и весници… што го земаат во заштита нашето население… но и овие наши пријатели на Македонците гледаат не како на одделна нација, туку како на “словеногласни Елини”.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top