Историја

За зулумите и за исламизацијата над рајата

islamizacija

islamizacija

(август 1838 год.)

ФЕРМАН НА СУЛТАНОТ МУХАМЕД II ДО МАРШАЛОТ НА РУМЕЛИСКИОТ ВИЛАЛЕТ, ЗЕКИРИЈА-ПАША I ДО КАДИИТЕ И ДРУГИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КАЗИТЕ

Д-р ИванАлексов

„До мојот везир Ахмед Зекирија-паша и до славните меѓу кадиите и судиите и до славните: војводи, ајани, видни граѓани и сите службеници….

…Иако на сите спомнати службеници, судии и видни граѓани им беше долг на  служба и обврска на верност да внимаваат и да се грижат по еднаков начин за сиромасите, слабите и бессилната раја да ги земаат под нивна заштита… денес видните граѓани и ајаните од поголемиот дел од местата во Румелискиот ејалет, не придржувајќи се до овој пожелен ред, рајата на тие места ја третираат како свои купени робови и ги употребуваат со сила и бесплатно за работа во своите чифлици и за други работи; ако некои од овие (од рајата) сака да си оди од чифлигот каде што работи и сака да оди во друг чифлиг или на друга работа, не го пуштаат; се мешаат бесправно во работата на женење, венчавање и во нивните верски обреди и други слични зулуми и неправди на кои се осмелувале, што сега е установено од Моето Величество…

…И освен ова, во некои места се прикажува дека се случувало од девојките на рајата, тие што ќе им се бендисале, со лажен изговор „станува муслиманка” ги венчале со сила со што со вистинската вера во бога се засолнуваат и влегуваат во блескавиот круг на исламизмот – венчавањето со сила со овој или со оној на тие што според законот не се убедиле и не се изјасниле за исламизмот, е нешто што е спротивно на мојата царска волја. Поради тоа, како по овој однос, така и по прашањето за забранување на другите изложени зулуми, следувал мој царски указ и врз основа на светата содржина, во таа смисла, изадениот хати-хумајун, издадени се до сите маршали, уважени генерали и до другите каде што е потребно во Румелија, мои одделни свети заповеди што ги содржатизложените препораки и за да не се товарат населението и сиромаштијата со разноски околу мубаширските награди, маршалите, генералите и валиите ги испратија (ферманите) …за да ја објавуваат од каза до каза мојава света заповед, трошоците самите да ги поднесуваат и да се грижат по овој повод од народот и рајата ни аспра, ниту зрно да не се зема… Според тоа, кога високославниов мој ферман ќе стигне во местата што се наоѓаат под твоја управа да го објавиш и нашироко да им објасниш на видните граѓани, офицерите и на другите овој мој справедлив царски указ и за да вложи отсега натаму грижи за доверените ми од великиот бог бессилни и рајата, од никого да не се прават неправди и зулуми, а пак спомнатата раја… да се занимава чесно со своите работи и печалби и да не пројавува положби што не одговараат на состојбата на рајата… да се осигурат условите за заштита и чување (на рајата) и за нејзиниот мир и спокојство. И вие спомнатите… сите сложно да вложите совршено внимание и грижи што отсега натаму, ако се дознае, како што е горе изложено, за некакви насилства и зулуми извршени од страна на вакви видни граѓани и други спрема мирната и чесна раја, тие што ќе се осмелат на вакви непријатности, кои и да се, не само што ќе им се извршат итно строгите казни според кривичниот закон, туку таквите, нема сомневање, и на оној свет ќе паднат на одговорност и ќе бидат казнети…

Напишано во средината на џезами-ел ахир година1254”

(август 1838 год.)

Турски документи за историјата на македонскиот народ, том В, Државен архив на НРМ, Скопје, 1958, стр 120-138;

Најново од: Историја

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

To top