Историја

Дваесет години од смртта на А. Ден Долард

a-den-dolard

Пред 20 години почина Корнелис Јоханес Георг Спулстра (1901-1994), попознат под псевдонимот А. ден Долард – холандски новинар, писател, скитник и голем пријател на Македонија. Еден обичен човек кој живееше многу необичен живот.

Холанѓанец вљубен во Македонија

a-den-dolardУште од шеесеттите години на минатиот век Холанѓаните се меѓу најчестите посетители на Охридското Езеро, а почетоците на нивното масовно присуство се поврзуваат со А. ден Долард, кого многумина го сметаат за најзаслужниот промотор на Македонија во Холандија.

А. ден Долард долго време бил меѓу највлијателните холандски писатели и новинари. Со пишување активно се занимавал шест десетлетија при што зад себе оставил педесетина книги од различни видови (романи, автобиографии, патописи, раскази, поезија) и бројни статии во разни холандски весници. Многу од неговите книги доживеале бројни изданија во подолг временски период, а некои се нашле на списокот на задолжителната училиштна лектира. Поголемиот дел од книгите се инспирирани од земјите во кои престојувал авторот, кој ќе остане познат и по скитничкиот начин на живот.

Книгите на македонска тема заземаат значајно место во творештвото на А. ден Долард. Романот „Ориент Експрес“ (Oriënt-Express), објавен во 1934 година и посветен на македонската борба за слобода, се смета за едно од врвните дела на холандскиот писател. За Македонија пишувал уште во романот „Заедно е два пати сам“ (Samen is twee keer alleen) од 1976 година, но и во други книги и новинарски статии.

„Свадбата на седумте Цигани“ (De bruiloft der zeven zigeuners), објавена во 1939 година, има клучна улога во промовирањето на Охрид. Љубовната приказна за фотографот Бранко и убавата студентка Душка во оваа книга се одвива околу Охридското Езеро. Напоредно со љубовната приказна, авторот раскажува за најзначајните охридски културно-историски споменици и воопшто за животот во Охрид во годините пред Втората светска војна. Во содржината на романот се застапени и народни песни од Македонија и другите делови на некогашното Кралство Југославија.

„Свадбата на седумте Цигани“ била замислена како романтична приказна која требало на холандските читатели да им ја долови егзотиката на Балканот. Таа останала популарна неколку децении поради што доживеала бројни изданија.  Била објавена и во Австрија, Германија и Швајцарија. Книгата го будела љубопитството со што кај читателите се јавувала желбата да ги посетат местата и да се соживеат со ликовите од приказната.

Преку целата содржина на романот авторот испраќа недвосмислена покана за посета на Македонија и запознавање со нејзините убавини, па така на едно место запишал:

„Освен тоа, вреди од Париз да се дојде на Балканот, само за да се види Охрид. Каква прекрасна местоположба врз стрмниот рид! И гратчето, каква ли прекрасна мешавина од обичаи и векови…“ (A. den Doolaard: „De bruiloft der zeven zigeuners“, Em. Querido`s Uitgeverij, Amsterdam, 1963, стр. 35)

Илјадници Холанѓани го прифатиле предизвикот и решиле да го посетат Охрид. Притоа многумина од нив изградиле цврсти пријателски односи, дури и бракови со охриѓани и други Македонци, со што се создале нераскинливи врски помеѓу двете земји. Ова е најдобрата потврда дека А. ден Долард преку „Свадбата на седумте Цигани“ дал исклучителен придонес за популаризацијата на Охрид, а со тоа и за развојот на туризмот и пошироките врски помеѓу Холандија и Македонија.

А. ден Долард за Охрид пишувал и во други негови книги. Во книгата „Ова е Југославија“ (Dit is Joegoslavië), која освен во Холандија била објавена уште во Велика Британија, Германија и Франција, пишува:

„Охрид, голем центар на религијата и науката, во средните векови имаше десетици православни цркви. Денес постојат околу десетина. Православните монаси за своето побожно домување свесно избираа чист поглед. Оттука и неспоредливата местоположба на манастирот од 14-тиот век „Св. Јован Богослов“, на една висока карпа над широкото планинско езеро.“ (A. den Doolaard и Cas Oorthuys: „Dit is Joegoslavië“, Contact, Amsterdam/Antwerpen, 1957, стр. 95)

А. ден Долард својата љубов кон Македонија им ја пренесе на новите поколенија и остана да живее во спомените на многубројните холандски читатели. Неговите македонски почитувачи ќе го запомнат како градител на пријателство меѓу две различни култури од две далечни земји.

Македонија му оддава почит на големот холандски пријател

На 29 мај 2006 година во Охрид беше претставен обновениот Холандски парк во кој централното место му припаѓа на споменикот на А. ден Долард, а во текот на истата година за прв пат беше објавен македонскиот превод на „Свадбата на седумте Цигани“.

Пак во Охрид, во 2011 година културните дејци Мишо Јузмески и Лидија Размоска го основаа Културно-информативниот центар „Култура 365“; овде беше отворена спомен-соба за А. ден Долард во која се изложени неговите книги и податоци за неговиот живот. Една година подоцна авторот на овој текст ја објави книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, во која се опишани животот и делото на холандскиот вљубеник во Македонија.

Мишо Јузмески

Најново од: Историја

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк?

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк е прашање што многумина го поставуваат и ги тера на сомнение и дилеми. Алек (Алекс – Александар) Џигеров, Македонец од Канада, кому Македонија му е судбина и преокупација, има видување и аргументи дека Зорба не бил Грк, туку Македонец. Според неговиот текст со наслов „Македонска чорба“, што е напишан […]

Гаврил Радомир – Самоиловиот наследник што загинал од раката на својот братучед

Двапати го спасил својот татко на бојното поле, а животот го загубил од Јован Владислав – човекот за чие спасување самиот се заложил. Гаврил Радомир бил син на цар Самоил и царицата Агата, истакнат војсководец и наследник на Самоиловиот престол. Владеел од октомври 1014 до летото 1015 година, во еден од најтешките периоди за Самоиловата […]

Најнови вести

To top