Историја

Името, јазикот и знамето на Мијаците

Авторот Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), накратко прави осврт за потеклото на името на Мијаците, на нивниот јазик и знамето. Меѓудругото тој го потенцира и мислењето на мијачкиот просветен деец, лексикограф, историчар, револуционер и публицист Ѓорѓија Пулевски, кој во своите ракописни белешки вели: „Зборот Мијак значи бистар им, луѓе бистроумни и уште Мијаци = Македонци; како изговор Мијаци, а постојаното, вековно – Македонци.

Во однос на јазикот на Мијаците, за кој досега доста е напишано, авторот ги бележи најкарактеристичните одлики. Од нив овде само издвојуваме дека: „Во многусложните зборови акцентот паѓа на третиот слог на крајот за зборот“, како и тоа дека „Сите зборови од машки род завршуваа со завршеток СКИ (пр. Мутовски, Чаловски и др.), а женските имиња завршуваат на ИЦА (пр. Јоаница. Пеојица, Сојаница и др).

Што се однесува за потеклото на името Мијак, Трајчев говори дека постојат разни мислења во кои некои сметаат дека тоа име не е племенско, туку описно име. Сепак, како што вели тој, „ова тврдење е несериозно, бидејќи Мијаците како и Брсјаците се стари племенски имиња“. Како потврда за ова, Трајчев ќе посочи на тоа дека „името Мијаци се сретнува во 1444 год. (Иричек, стр. 458, 576), и уште еднаш ќе потсети дека тоа се сретнува и во постаро време, притоа цитирајќи го стариот учител, публицист и општественик Благој Димитров кој вели дека: „Во Битола бил откриен гроб од римско време, каде имало натпис дека почива покојник (војник) по род Мијак“.

Овие податоци, како што вели авторот, не даваат место за сомнеж за староста на името Мијак. Сепак, тој се прашува од каде потекнува тоа име? Тоа е она што треба да го знаеме. Во тој контекст Трајчев ќе изнесе разни мислења по ова прашање во кои се говори следното:

1. Петре Макрев, стар учител (Мијак) вели: „Мијаците се одликуваат со голема чистота, било во куќата, било во облеклото, постојано мијат и перат, поради што го зеле прекарот Мијаци.

2. Ѓорѓија Пулевски, исто така просветител Мијак, во своите ракописни белешки вели: „Зборот Мијак значи бистар им, луѓе бистроумни и уште Мијаци = Македонци; како изговор Мијаци, а постојаното, вековно – Македонци.

3. Ст. Веркович вели: „Веројатно е името „мијачки“ останато од досегашното до фанатизам обичаен бит, постојано чисти и во облекувањето и во однесувањето.

4. Некои веруваат дека „Мијак“ потекнува од употребата на личната заменка мие = ние, што е својствена за Мијаците. Ми и мие, сепак, зборуваат и Чесите и Русите. Се сретнува и во други земји, па треба ли да се допушти дека и тие се Мијаци?

5. Други објаснуваат дека потеклото Мијак е од старославјанскиот збор јакост = јак = цврст, силен. Имено, Ми-јак, ние сме крепки, силни, јунаци – концепт кој целосно одговара на физичките сили на Мијакот (телесно и душевно). Мијаците се гордеат со своето име.Ова последното објаснување на зборот „Мијак“, мислам дека е најдобро, точно.“ – вели авторот.

Трајчев во своето дело за потеклото на името на Мијаците ќе го посочи и примерот на Арс. Алексиев кој тврди дека „Мијак“ произлегува од упорноста на Мијаците. Потоа тој дава свое видување за мијачкото знаме.

„Тоа се состои од бела (свилена или др.) ткаенина, долга околу 1 метар, кое служи за поле. Во средината има крст, а во четирите краеви стојат лав, орел, змеј и полумесечина кое го симболизира владеењето на реканско од Бугарија (лав), Византија и Србија (орел), Албанија (змеј) и Турција (полумесечина). Ова знаме е старо за Мијаците, колку што е стар нивниот род. Заради укажаната помош на Турција во војните со Австрија, дадени се права и привилегии на Мијаците од султанот за носење оружје, неплаќање даноци, зачувување на националното знаме и др.“ – ќе напише Трајчев во својата „Книга за Мијаците.

Иако авторот не ни дава поопширни информации за австро-турската војна во која Мијаците ги стекнале овие привилегии, потоа кога Албанија постоела како држава и владеела со Реканско, тој изнесува еден интересен детал коде како симболот на Албанија го дава змејот.

Не навлегувајќи во поширока анализа на она што го пишува авторот за мијачкото знаме (бајрак), можеме само да кажеме дека тоа е особено интересно за македонската хералдика поради своите симболи и старост. Денес, се смета дека знамето било општо македонско, иако најмногу го користеле мијачките села Галичник, Гари, Лазарополе, Тресонче, Росоки, Осој и во другите мијачки места за време на настани, празници или прослави.

Исто така, денес се познати пет мијачки знамиња од кои две се означени како свадбарски. Во описот се вели дека „тоа било изработено на бело платно од копрена или друг материјал, долго околу еден метар кое служи како главно поле. Во средината е претставен крст со круг на пресекот на краците, а во празниот простор меѓу краците е испишано со познатите кратенки ИС ХС (Исус Христос) и НИ КА (Победа). Во четирите агли стојат мали фигури на лав, двоглав орел без крила и полумесечина со ѕвезда која се среќава на камените меѓници и стели уште во времето на Феникијците. Рабовите се обработени со црвени триаголници кои се сретнуваат и на прстенот со кој е обвиен средишниот крст. Лавот се толкува како земски симбол на Македонија, змејот како заштитник на сточарите, двоглавиот орел како остаток од Византија, а полумесечината како илирски симбол.“

Мијачките знамиња кои денес се означени како свадбарски се разликуваат од општото. Трајчев за употребата на мијачкото знаме за време на свадбите вели:

Според авторот „знамето Мијаците го вадат на своите свадби со голема свечаност. Три дена пред венчавањето, рано во мугрите, се исполнува куќата на младоженецот со моми и ергени кои пејат и се става знамето (бајрак) над куќата, знак дека свадбата почнува. На пат за домот на невестата Барјрактарот јава на коњ и со развеано знаме ги предводи сватовите. Истиот ред се чува и на враќање. Во домот бајракот е поставен на висок стап од каде се ваѓа за венчалната процесија.“

Чест да се поседува вакво знаме имаат само поедини семејства. Трајчев за поседувањето на знамето вели: „Не секоја куќа поседува знаме. Тоа е привилегија само на неколку куќи, кои традиционално го пренесуваат на помладите генерации. Така во Галичник сопственици на знаме се околу 15 куќи. За време на свадбениот период знамето се дава на оние куќи кои не го поседуваат и тоа се развева само во куќата на момчето.“

Привилегиите за носење оружје, неплаќање даноци, употребата на националното знаме и слично само укажуваат дека Мијаците биле особено почитувани за време на Османската империја и дека во одреден период имаат ограничен суверенитет на својата тероиторија.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top