Историја

Причини, почеток и тек на Негушкото востание

Tasos Karatasos

Tasos KaratasosНегушкото востание е востание подигнато од македонскиот народ помогнат од месните жители Власи и Грци во април 1822 година, против отоманската власт.

Негуш е град во Егејска Македонија. Градот е сместен во источните предели на Каракамен Планина, позната уште како Негуш Планина, на 21 километри северозападно од Бер и на 40 километри јужно од Воден. Низ Негуш минува реката Арапица.

Причини, почетокитекнавостанието

Изложеноста на населението на Негуш и околните 130 села на чести напади и грабежи од страна на многубројните aрамиски банди, како од нападите на солунските Турци, така и од долгогодишните напади на разбојничките банди на Али-паша Јанински, била главната причина поради која

Негушаните одлучиле да подигнат востание.

Поттикнати од почетниот успех на грчкото востание (1821), Македонците кои живееле во Негуш и околните села, измешани со Власи и Грци, на 3 март 1822 кренале востание.

Востанието избувнало во западниот дел на Солунското поле во градот Негуш и во околните воденски села.

Македонците од овие краишта помогнати од своите сожители Власи и Грци востанието го кренале под раководство на Атанас – Каратасе (Македонец, познат и како Караташо или Каратошо) и Ангел Гачо (Влав), а учество зеле и ајдутските војводи Зафиракис Логотет и Дијамандис.

Востанието почнало да се шири со голема брзина на исток од градот Негуш и ги зафатило сите села до утоката на реката Бистрица.

Според податоците на англискиот конзул, бројот на востаниците се качил на 2000 (речиси сите Македонци), а постоела голема опасност тие да го нападнат и градот Солун, своевиден центар на османлиската власт на Балканот.

Меѓутоа востаниците своите напади ги насочиле врз  чифлиците  на османлиите крупните земјопоседници и на полските кули.

Востаниците запалиле околу 134 чифлизи и помали села, потоа го зазеле градот Негуш, го заробиле турскиот кајмакам во него и ги убиле малубројните Турци во околните места.

Османлиската власт брзо реагирала.

Против востаниците била испратена голема војска која го опколила Негуш.

Опсадата траела од 24-ти март до 20-ти април, кога градот бил освоен.

Востанието било брзо задушено од страна на османлиските власти со оглед на тоа дека востанието било просторно многу оддалечено и отсечено од центарот на Грчкото востание кое се одвивало во истото време; аскерот многу лесно ја опколил слободната територија од сите страни.

Со бројност од 15000 војници, османлиите  успеале да го скршат отпорот на востаниците и да го вратат назад градот Негуш.

Поради жестокости врз месното население настанало општо бегање и раселување на луѓето од овие краишта.

Околу 30 млади негушанки и невести со деца за да не паднат во рацете на османлиите се фрлиле во водите на реката Арапица. Самите водачи на востанието, Атанас Караташо и Ангел Гачо, со дел од востаниците се префрлиле во Грција и таму зеле активно учество во Грчкото востание, кое било во тек.

Причини за неуспех на востанието

Причините за пропаѓањето на Негушкото востание главно лежат во фактот што востанието имало локален карактер. Востаниците не успеале да ги прошират воените дејствија надвор од Негуш; во Македонија тогаш имало концентрирано голема османслиска воена сила, особено во Битола и Солун, која можела да угуши секаква востаничка акција.

И покрај неуспехот, Негушкото востание зазема важно место во историјата на македонскиот народ.

Од ова востание се стекнале драгоцени револуционерни искуства, кои подоцна биле користени во последователните востанија.

На чело на востанието биле Л. Зафиракис, Анастас Караташо Постариот, Ангел Гацо, Дијамандис и др. Зафиракис бил политички, а Караташо постариот воен водач.

Востанието започнало со напад на османлискиот гарнизон во Негуш, кој бил уништен, а градот бил ослободен. Востаниците формирале и Воен  штаб.

Заземањето на Негуш придонесло на востаниците да им се придружи населението од Држилово, Лозица, Граматиково, Катраница и други населени места. Востанието се ширело и кон Воден и Костур, зафатило и многу села по реката Бистрица.

Бројот на востаниците се зголемувал.

Османлиските власти стравувале од напад врз Солун.

Против востаниците била испратена редовна војска под команда на Лабуд-паша. Востанието било задушено, а дел од востаниците успеале да избегаат на југ и да им се придружат на грчките востаници.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top