Историја

Докази дека во Елада (тн. Грција) се говорел само наш македонски или т.н. словенски јазик


Ристо Ивановски

Историски било потврдено дека во Елада (т.н. Грција) се говорел само наш т.н. словенски јазик. Следи според Херодот, Тукидид, Платон… во Елада се говорел само варварски јазик кој бил пелазгиски, всушност наш т.н. словенски.

Бидејќи Елада била Пелазгија, и Атина била пелазгиска, во нив друг јазик не можел да се говори освен само пелазгиски. Па истото било и за Македонците. Според Јустин, Македонците биле еден пелазгиски народ. Овде се говори за народ. А ова било само поради тоа што само Македонците имале своја држава, како спротивност на Елада која никогаш не била држава. Tаа била само град-државa. Па и токму затоа таа никогаш немала свој еладски народ. Следи секогаш Елада била македонска, а никогаш обратно.

Со наводот се докажува, не можеле Еладците да им го наметнат нивниот јазик врз Македонците ако тој за помоќните Македонци не би бил разбирлив, досега историски е потврдено дека само владеачкиот народ го наметнувал својот јазик врз потчинетите. Бидејќи ваква била состојбата, зошто само Македонците би го прифатиле еладскиот јазик ако тој за Македонците не би бил разбирлив?! Следи заклучокот, Македонците со своја држава и народ владееле врз Еладците со истиот варварски-пелазгиски јазик. Со ова се потврдува, Македонците и Еладците имале еден ист јазик кој бил само варварски-пелазгиски јазик.

Бидејќи во Елада не бил службен атинскиот говор, на кого не се пишувало (Лукијан), се пишувало на јонски јазик, јазик-говор, потврдено и со Херодот кој живеел и во Атина. Па и тој творел на јонскиот. Исто така, на јонскиот пишувал и Аријан. Тој Индијската историја ја напишал на јонски, иако тој пишувал и на коине (т.н. старогрчки) и латински.

Па кои биле Јонците? Според Херодот, Хелените во Јонија биле Варвари. Па Варвари биле и Македонците. Дури Демостен говори за Филип Македонецот како Варвар и тоа наспроти Хелените. Следи хеленски јазик бил и јонскиот кој бил разбирлив во Атина, на кого била пренесена и Илијада. Токму со атинската Илијада на јонскиот, Македонецот Аристотел неа ја носи во Македонија. Токму за време на Филип Македонски се прифатил јонскиот со јонското писмо од Милет. Ова било само поради тоа што јонскиот имал долга традиција, тој бил усовршен за пишување, но никако атичкиот на кого многу тешко се пишело. За да се долови вистината, еве еден пример со Григор Прличев. Тој пишувал извонредно на коине, кој бил христијански и т.н. византиски јазик, но многу тешко на брзјачки. Ова објаснува дека пишувачката традиција на Јонците била стара и развиена, но не атичкиот и брзјачкиот говор во 19 век.

Бидејќи овде се говори за Брзјаци, а според наводите на Херодот, Брзјаците биле на бригиски простори, бриг=бриж=брж=брз + јак = брзјак, кои ја создале Анадолија и Ерменија, а историски се говори во Мала Азија и за Фригија, јазикот во Мала Азија, Балканот и Италија бил еден ист. Еве го доказот: Дионисиј Халикарнишки кој во Рим живеел во 1 век н.е. запишал, Римјаните говореле варварски и пелазгиски. Значи, само на наш т.н. словенски јазик. Дека ова така било, неслучајно, што овој најпознат јазичар она што го пишува за Римјаните го одбегнувале. А како не ќе го одбегнувале, кога со неговиот доказ се потврдува дека во Италија се говорел само наш т.н. словенски јазик. Па Италија била само венетска. Значи, само т.н. словенска.

Пак, латински бил наследник на коине. Латинскиот не го создал некаков си Римјан или било каков Латин, туку само еден Греик (Грк) Лив Андроник, и тоа од 240 г.п.н.е. Значи, како што Рим со својот Ватикан со милениуми не` лаже за коине, не` лаже и за латинскиот. Па како може коине и латински да се народни јазици, кога тие до денес се мртви!

Римскиот историчар Прискус (5 век), кој го опишувал пратеништвото од Константинопол кај Атила 448 година, напишал: (Жителите во Панонска низина, Р.И.) „мешајќи се со разни народи го научиле готскиот, хунскиот и латинскиот, а меѓу себе го говореле својот варварски јазик“.

Се говори за готски, хунски и латински, а никаде го нема коине. Со ова се потврдува коине тогаш бил само христијански јазик, но никако државен. Тој како единствен државен јазик постанал само со Хераклиус. Со ова се заклучува, народен бил само варварски=пелазгиски=т.н. словенски, кој бил т.н. Хомеров, т.н. Платонов… јазик. Пак, коине бил само Александриски Птоломејов јазик, чија прва граматика и прв речник биле составени само во 300 г.п.н.е. само во Александрија. На него пишувал Апостол Павле, но не на службениот јазик во Атина. Коине како христијански, а Православно Царство била т.н. Византија, бил и т.н. византијски јазик (Фалмерајер, 1830; Хан, 1865…).
Бидејќи варварски=пелазгиски бил т.н. словенски јазик, а Елада не можела да биде како посебна без ист т.н. словенски јазик, затоа што таа би се „удавила“ во тоа наше т.н. словенско море. Во прилог се наведуваат само некои докази:
Макс Фасмер за Тесалија, на стр.85, пишува „Велегезитаи, чија област во 12 до 13 век се викала Велегезас“…„чие образување воочливо се согласува со името на Антите Тазиархос Доврагезас“. Антите и Склавините имале ист пелазгиски јазик.

Макс Фасмер, на стр. 18, пишува: „Конечно од 15 век уште за понатамошниот живот на Словените на Тајгетос како сведок е местото од опишувањето на патувањето на Ласкарис Канонос за Deutschland и северните земји да се спомене, чие постанување Василјев (Buzeskul-Festschrift стр. 397) го поставил во 1412- 1418 година. Таму Гркот (Ромеецот, Р.И.) исто така го опишува опкружувањето на Либек и таа земја ја нарекува Stlavounia. Тој тогаш ја додал забелешката за сродноста на либекските Словени со Зигиотите на Пелопонез“.

Ова говори, таму се говорел само: варварски=пелазгиски=склавински јазик.

Значи, Склавините во Пелопонез и оние на Либек биле „сродни“. Следи Еладците како Македонците во 15 век говореле склавински=т.н. словенски. Па овој бил само варварски=пелазгиски=т.н .Хомеров= т.н. Платонов=т.н. словенски. И сé е јасно.

Ф.Ј.Фалмерајер (1836), на стр. 447, пишува: „На рамницата напротив, во селата и местата, на планините како и на рамниците, биле населени како четврт елемент Стлавиноите, т.е. наследниците на преостанатите оние московитски и сусдалските Словени, кои делумно биле навлезени, делумно населени за време на создавањето на големото бугарско царство на Полуостровот, и кои на сведоштвото на Атињанинот Халкокондилас од Спарта до Кап Тенарус уште годината 1470 п. Хр. по обичај и јазик потполно биле слични на московитските Сармати…“

Значи, во 15 век од Москва се говорело т.н. словенски јазик низ цел Балкан со 100% Елада (т.н. Грција)! Па како може да опстои било каков хеленски народ со посебен јазик различен од варварски=пелазгиски= т.н. словенски ?!
Следи прашањето: кој бил тој хеленски јазик со кого би морало да има посебен хеленски јазик, неразбирлив за Македонците и денешните нивни наследници-нашиот македонски народ? Само коине! Кој за него пишува, дека тој бил јазик на Елада? Фалмерајер и сите други! 

Што Фалмерајер (1830) нашол во Елада? Во неа немало Хелени кои би го говореле хеленскиот јазик коине, туку само Словени со словенски јазик!

Па кои биле Словените? Народ чиј јазик бил варварски=пелазгиски, на кого говорел Платон…

Авторите пишуваат, коине бил атички јазик! Пак, Лукијан (2 век н.е.) од Самосота запишал, на атички не се пишело-се` морало да се преправа на коине! Па што напишал Аријан (2 век н.е.). Tој пишувал на јонски, коине и латински! Па никаде го нема атички, како што во 19 век кај Григор Прличев го немало брзјачкиот говор, кој му бил мајчин и татков јазик: јазик=говор.

За ова самиот Рим си се наседнал! На неговиот автор Куртиј Руф најстар манускрипт му бил од 9 век, а книгата е печатена само во 15 век. Само во оваа книга се говори дека коине постоел за време на Александар Македонски-во ниедна друга. Па таа била само римски фалсификат.

Меѓутоа, во Елада се говорел како на московски говор! Зошто? Во 15 век т.н. словенски говори биле блиски. Ова било повод што во 9 век македонската династија го задолжила Константин Филозоф од коине да ги отфрли семитските зборови, и се дошло до црковенсловенски јазик, кој 100% бил т.н. Платонов јазик.

Пак, еладскиот јазик катаревуса го прифатила Цариградската патријаршија само во 1868 година. Јазикот го правел Кораис во Париз и тоа по налог на Виена и Минхен, и тој бил само реформиран коине, четирипадежен како што бил германскиот. Бидејќи народот во Елада го немал дативот, а коине бил дативен јазик, се дошло до димотики без датив. Конечен заклучок: без дативна Елада нема врска со коине.

Бидејќи Еладците биле вештачки и нов народ, најголем изрод на пелазгискиот јазик, итно да се прекинат расправите за името и за се` друго македонско.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top