Историја

Македонскиот грб на печатите на воените лица во Војводина на почетокот XVIII век

grb-vojvodiine

grb-vojvodiine

„Во почетокот на XVIII век во разни приватни и службени акти се сретнуваат многу нови хералдички знаци на печатите… Така ми е познат печатот на српскиот полковник Петар Јенеј од Ѓура од 1712 година на кој, покрај македонскиот грб (исправен лав), бил и босанскиот грб, а на печатите на капетан Радослав од Косово, Паунко Маќедонец, Јован Наѓлачки, Петар Радашиновиќ Сенѓански, оберкапетанот Станиша Крагувачки и други од 1716—1728, се наоѓа само босанскиот грб. Освен тоа многу често се наоѓа и рашкиот, македонскиот и албанскиот грб…“

– пишува Радослав Груиќ во своето дело „Апологија на српскиот народ во Хрватска и Славонија и нивните главни обележја“ (1909).

Радослав Груиќ (Земун, 29.VI.1878 – Хвар, 29.V.1955) бил српски православен теолог и историчар, дописник на САНУ.

После завршувањето на гимназијата во Земун, учел богословија во Сремски Карловци (1899). Студирал право во Виена и филозофија во Загреб (1911). За време на студиите работел помошник на парохискиот свештеник во Земун, а потоа како професор по верска настава во гимназијата во Бјеловар. По Првата Светска Војна работи како професор во Белград, а потоа преминува на новоформираниот Филозофски факултет во Скопје, каде предавал историја (1920 – 1937). На двапати бил декан на Факултетот (1930 – 1933 и 1935 – 1937). Во 1925 година започнал со првите ископувања во Скупи, каде пронашол ранохристијанска базилика, а во 1927 година во рушевините на манастирот Св. Архангел во Призрен ги пронашол посмртните остатоци на цар Душан, кои се пренесени во Белград.

Делото „Апологија на српскиот народ во Хрватска и Славонија и нивните главни обележја“ кое Груиќ го објавува во 1909 година, е резултат на истражувањата кои ги направил додека бил професор во гимназијата во Бјеловар (1904 – 1914). Во овој период тој бил активен низ целата Славонија и собира архивски и други материјали од минатото на Србите на просторите под Австро-Унгарија. Всушност, Груиќ го пишува делото за кратко време како одговор на австроунгарскиот државен тужител кој покренал тужба против 53 Срби за велеиздаја.

Говорејќи за доаѓањето и заслугите на српскиот народ за одбрана на границата од Турците и положбата која ја завземаат, тој открива интересни податоци за присуство на Македонци и други кои се ставиле во служба на австриската војска, како и за употребата на македонскиот грб на нивните печати.

Истражувајќи ги македонските грбови А. Матковски за ова ќе забележи:

„По разгорот на Карпошовото востание и во времето на повлекувањето на австриските војски, многу Македонци, заедно со Срби, Црногорци и Албанци, се повлекувале пред навлегувањето на Турците. Особено многу Македонци имало од северните краишта на Македоиија. Во Војводина овие Македонци се помешале со другите народи, кои исто така преминале преку Сава и Дунав. Таму тие добиле воени служби и чинови на австриската армија. Дека биле од Македонија се гледа и од нивните имиња, како, на пример: „Паунко Македонац, Серезли, Монастирли, Кратавали“ итн.

Македонците како воени лица, имале право на приватни печати. Амблемот на нивните печати, како што пишува Матковски во својата книга за „Грбовите на Македонија“, обично бил исправен лав каков што бил во Стематографијата на Витезовиќ. Покрај Македонците, лавот како амблем бил ценет и меѓу Српските и Црногорските офицери, кои исто така го употребувале. Иако Груиќ не дава илустрации на печатите за кои станува збор, ниту кажува каде ги видел, Матковски го цитира Груиќ кој во своето дело ќе напише:

„Во почетокот на XVIII век во разни приватни и службени акти се сретнуваат многу нови хералдички знаци на печатите, не само во печатите на митрополитите и епископите српски, туку и на печатите на Србите-офицери, трговци, селски кнезови и др., бидејќи австриските државни власти дозволувале сосема слободен избор на тие знаци, зашто печатите тогаш играле голема улога и особено им биле потребни на оние народни главари, што биле неписмени… Ми се чини дека на нашиот народ, а особено на офицерите, најсимпатичен им бил босанскиот грб, бидејќи мечот во рака бил симбол на борба и на храброст и најмногу одговарал на тогашните услови и на расположбата на нашиот народ, кој бил речиси во непрекината борба … Така ми е познат печатот на српскиот полковник Петар Јенеј од Ѓура од 1712 година на кој, покрај македоискиот грб (исправен лав), бил и босанскиот грб, а на печатите на капетан Радослав од Косово, Паунко Маќедонец, Јован Наѓлачки и други од 1716—1728, се наоѓа само босанскиот грб. Освен тоа многу често се наоѓа и рашкиот, македонскиот и албанскиот грб…“

(Извор: А. Матковски „Грбивите на Македонија“, Куманово, 1990, стр. 118-119)

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top