Историја

Павсаниј, древен грчки писател: Тие љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле

Балканот се` уште е заложник на мракот од минатото. Голем дел од неговите државни ентитети живеат под страв од македонското постоење и македонското воздигнување. Впрочем, така и ги поминаа вековите наназад. Опседнати од македонизмот, настојуваа трајно да го збришат македонскиот дух, не само од пишаните хартии, туку и од душата и умот на секој оној кој се чувствува како Македонец. Дека не успејаа во злобните намери е евидентно, но тоа што и натаму продолжуваат тенденциозно да го градат својот хистеричен и шизофреничен однос кон Македонија и Македонците е предмет на длабока психолошко-трауматолошка анализа. Доказите за постоењето на македонштината во нас и нашите предци растат секој ден. Несоборливи се наодите кои вистинските патриоти му ги презентираат на светот.

Паѓа моќта на грчката држава, се кине превезот ставен врз лажното лице на Атина.

Се` сторија, се` направија, само за да му покажат на светот некакви квазидокази и фалсификувани факти дека на Балканот нема повеќе Македонци. Во ниту еден дел од светската историја, не постои досега запис дека цел еден народ изумрел и го снемало од земјените простори.

Првите археолошки истражувања во Егејскиот дел од Македонија од страна на Грција беа направени пред триесетина години. Дотогаш местата само ги евидентираа. Грчките археолози кога го пронајдоа сонцето во Филиповата гробница напишаа дека станува збор за стара и типична македонска култура, високоразвиена и автохтона. Потоа, Грците почнаа да ги извитоперуваат наодите. Дека Грција нема факти во обидот да ја обезличи македонската древност, говорат и стотиците други археолошки наоѓалишта на целата територија на етничка Македонија. Во сите од нив има белези и автентични остатоци од античко време. Тоа се населби и градови што ги подигнувале луѓето и војниците на Александар Македонски.

А, дека не сме само ние Македонците тие што за себе кажуваме кои сме, што сме и од каде сме, говорат и следниве изјави, размислувања и ставови искажани токму од Грци. Голем дел од нив уште во древното минато знаеле и зборувале за различноста меѓу Македонците и Грците во секоја смисла на зборот (етничка, јазична, културолошка, традиционална и сл.) Но, има дел и од денешните Грци кои размислуваат поинаку од крутите шовинистички политички структури во Атина. Тие ги повикуваат конзервативните струи да го прифатат постоењето на македонската нација на македонската територија која по ништо не е грчка, туку автентично македонска.

„Мора да сфатиме дека Македонци постојат и надвор од Грција. Грчките Македонци ќе сфатат дека кон крајот на 19 век се оформи нова нација, нов ентитет во земјата позната како Македонија, а тој едноставно не е грчки ентитет. Верувам дека Македонците без никаков друг атрибут со тек на времето ќе бидат сфатени, но грчките Македонци кои сметаат дека се Грци треба да сторат напор, како и меѓународните фактори. Мислам дека многу други наоди и многу малцинства треба да формираат сојуз и да ги научат Грците што значи да се биде малцинство и колкаво богатство е соживотот со малцинствата“.

Григорис Валијанатос, поранешен советник на лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу:

„Хелените се перчат пред Македонците како полубогови среде диви ѕверови“

– Плутарх, грчки историчар и филозоф

„Тие љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле“

– Павсаниј, древен грчки писател

Македонска нација

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top