Историја

Македонија, земјата од рајот, земјата на медот и виното, земјата на Филип и Александар, библиската земја на олтари и светињи

Kopie

310701 copy copy copy copy

Со векови иста слика. Како нашите претци, така и нашите деца, во потрага по изворот на „вечниот“ поубав живот, заминале, заминуваат или сонуваат да заминат од мајчината грутка во некоја туѓа далечна земја. Кога сонот ќе стане јаве и кога реалноста ќе ја избрише идиличната слика за ветената земја, кога осаменоста ќе го затемни сјајот на материјалните добра, почнуваат корените да влечат и носталгијата да јаде. Ја чуствувате празнината во душата, горкото чувство во устата и страшната желба во секој моментот да се вратите на родната грутка.

А кога ќе дојде моментот, повторно да стапнете во земјата од каде сте заминале, од каде потекнувате, сам или со новоформирано семејство, а на кое со гордост, идилично сте им раскажувале за земјата на своите претци, очекувате повторно да ја видите земјата од рајот, земјата на медот и виното, земјата на Филип и Александар и библиската земја на олтари и светињи, Македонија.

Очекувате повторно да ја видите Македонија, онака како што сте сакале да ја имате во своите спомени, идилична слика на земја на топли, непосредни и срдечни луѓе, земја каде сите се насмеани, каде едвај чекаат да ве видат, да ве прегрнат. Сакате да ја видите земјата каде реките се бистри, каде цвеќето мириса и каде овошјето има вкус.

Со нетрпение очекувате, авионот да слета во вашата татковина, да ги поминете границите на земјата која некои погрдно ја нарекуваат „С“Република Македонија. И додека патувате ако некој така ви ја именува вашата земја, ви зоврива крвта, се спротивставувате и гордо го истакнувате своето македонско потекло, велејќи дека таа била, е, и ќе биде Македонија. И тогаш кога ќе стапнете и ќе ја бакнете мајката земја, и кога солзите сами ќе ја натопат земјата во чии недра лежат вашите претци, дури тогаш ќе сфатите дека таа веќе не е иста како пред повеќе години или пак пред повеќе децении.

Додека пријателски разговарате со љубезните царински службеници, вашите најблиски нестрпливо чекаат од другата страна на оградата. Само малку потоа нивните топли прегратки ви измамуваат нов бран на емоции. Се обидувате да ги скриете, но не можете, тие се посилни од вас. В миг заборавате на долгото и напорно патување. Заморот исчезнува, останува само желбата час поскоро да го поминете прагот на родната куќа.

Додека патувате до домот, вниманието ви го привлекуваат многубројните новоградби. Архитектура препознатлива само за ова поднебје. Нови објекти во кои се испреплетува старото македонско градителско наследство од која учеле и познатите светски архитекти. Некаде богами ќе сретнете и нови модернистички стилови кои заедно го разигруваат градот, давајќи им посебна целина и благопријатна топлина. Разгранетите крошни на дрвјата испреплетени со разновидни билборди и светлечки објекти на градот му даваат посебен сјај.

Од време на време, ќе наидете на нови фонтани и споменици кои ставаат печат на едно време и едно минато. Повторно јаваат Александар Македонски, Гоце, Даме, Никола, тука е Ченто, Јустинијан, Филип, Гемиџиите, нешто што порано го немаше. Глетка за милина, глетка која ти ја стоплува душата.

Доаѓате во домот, од кој некогаш пред многу време сте излегле со куфер во раката.

Сега кога сте пред домот на вашите родители, пред домот на вашата младост, наднаш ви се враќаат спомените, ви се враќа младоста. Се потсетувате на секој убав момент поминат со вашите родители, на секој камен, предмет, на секоја случка, на вашите пријатели… Спомените навираат од сите страни. Додека се распакувате се прашувате за цената која сте ја платиле додека сте биле отсутни. Се прашувате што имавте од животот освен работа – дома, дома – работа, песна која стана препознатлива за нашите иселеници.

Сакате да ги вратите спомените. Додека шетате низ улиците на вашиот роден град, гледате наоколу многубројни продавници, кафулиња преполни со луѓе, луѓе кои некаде итаат и пензионери како си прикажуваат седнати на клупите покрај патот. Полека ве препознаваат, срдечно ве поздравуваат, прегрнуваат комшиите, поранешните познаници, пријатели. Со секого по некој лаф муабет. Седнувате во некоја кафетерија со кафе, обичај заборавен во белиот свет. Муабетот со познаниците продолжува, се распрашувате за познаниците, за новите случки, и денот за час помина… Тек сега почнувате да сфаќате што сте пропуштиле. Мирот, спокојството кое владее и покрај проблемите со кои се соочуваат сограѓаните.

Желбата да се видат поранешните места за излет или одмор најчесто ве носат во Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, топлите бањи и планинските убавици како Пелистер, Шара, Бистра, Маврово и Кожув. Додека престојувате во Охрид не можете да останете рамнодушни на Плаошник, на Самуиловата тврдина, на манастирот Св. Наум, како што не можете да останете рамнодушни кога ќе се качите на некоја планинска убавица, како на пример Пелистер од кој се простира погледот на Пелагонија. Насекаде е присутен мирот и спокојството. Навикнати на поинаков живот ве чуди овој мир, како што истовремено и се воодушевувате на сето она ново што е изградено, реновирано и реконструирано.

Кога времето ќе дојде за да си заминете од Македонија веќе се прашувате кога повторно ќе се вратите во Македонија, земјата од рајот, земјата на медот и виното, земјата на Филип и Александар, библиската земја на олтари и светињи.

Македонија вечна, Амин!

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top