Историја

Античкиот свет на хеленските полиси поделен помеѓу „филипомизи“ и „филипофили“

isocrates

isocrates

Прочуениот атински политиколог Исократ, со желба да иж помогне на Атина, но и на хеленската заедница, која е политички и економски растроена, ја заговара идејата за панхеленизам, според која хеленските полиси би се обединиле со една цел – да се спасат од внатрешната криза, но и од опасноста од надворешниот непријател. Ова го поттикнува Исократ да размислува за автократска власт, чија волја и моќ ќе се наметне врз несложните хеленски полиси и ќе ги обедини во панбасилеја. За реализација на оваа идеја Исократ го одбира македонскиот владетел Филип, кој во тоа време излегува на светската политичка сцена како најголемиот монарх-басилевс, моќен, славољубив и самоуверен, а истовремено владетел на држава со која Хелените имале повеќевековни “пријателски“ односи. Исократ кај Филип ИИ открива карактеристики на хегемон што е способен да ја понесе „големата“ идеја за панбасилеја; стариот ретор ја презема улогата на „советодавец“ на македонскиот басилевс, зашто страхува од неговата „тиранска“ природа и од тоа колку (не)пријателски ќе се однесува со Хелените, а од друга страна се плаши со колкава доверба ќе ја прифатат Хелените оваа идеја.

Другата политичка програма, за која се залага Демостен, е одбраната на демократијата и демократските полиси од олигархиското и тиранското уредување. Говорникот смета дека ова е погодна прилика Атина да се покаже како спасителка на сите Хелени од опасноста што им се заканува од олигарсите и барбарите, кои ја загрозуваат слободата на полисите, посочувајќи го Филип, или како што го нарекува „чумата македонска“, која уништува сеж што е хеленско.

Во Филипиките Демостен со жалење им ја посочува на атињаните големата загуба на Пидна, Потидаја, Метона, Термопилите, Херсон, Олинт и на сите околни места, како и на многу други градови кои во тој миг биле со Филип, а некогаш биле атински колонии. Имено, Демостен смета дека главни виновници за лошата политичка состојбата на Атина се самите тие, нивната зачмаеност и небрежност и дека е крајно време да се заинтересираат за државата и да се направи финансиски и стратегиски план за војување со Филиповата држава. Од друга страна, Демостен смета дека Атина не е во состојба да подготви поголема војска, додека Филип има силна и добро извежбана војска на која атињаните не можат да се спротивстават; поради ова Демостен препорачува да се води „герилска“ војна со Филип, војувањето да се сообрази со Филиповата стратегија, да се спречат Филиповите грабежи на „неброени пари“, да се спречи одведувањето на нивните граѓаните во ропство… Основно, нагласува Демостен, е Атина да сфати дека тој човек (Филип) им е „душман“ на Хелените, дека ги лишува од нивното и дека долго време беснее.

Во средината на ИВ век п.н.е. во демократска Атина најголема поддршка има опортунистичката политичката програма на атинскиот државник Евбул и неговите приврзаници; нагласка на нивната програма е – мировен договор со Филип, кој ќе користи на државата многу повеќе отколку војната. Атина започнува да води двојна политика, од една страна, фиктивен мир со Филип, а од друга, мир и соработка со хеленските полиси во борба против Филип. Мировните преговори започнуваат во Атина каде што доаѓаат, од една страна, пратеници на Хелените, а од друга, Филиповите пратеници. Во исто време настапува и Исократ, залагајќи се за Филип, па дури и составува послание до македонскиот владетел (Филип) во кое му се обраќа како на добротвор кој треба да ги обедини Хелените; воедно го слави како храбар војсководец кој може да тргне во војна против персискиот цар. Поради опасноста дека Филип ќе навлезе преку Термопилите во средна Хелада, и тоа како сојузник на Теба, атињаните брзаат да го склучат мировниот договор. По предлог на Филократ, атињаните одредуваат десет пратеници кои ќе отпатуваат во Пела за да ги разгледаат двете можности за мир и за заедничкиот интерес на атињаните и Филип. Меѓу пратениците се наоѓаат политичарите Филократ, Демостен, Ајсхин и глумецот Аристодем.

Политичкото решение на Атина е, без разлика што Филип поставува неповолни услови, мирот и сојузот треба да се прифатат како привремено решение, за да ја отклонат моменталната опасност од Филип. Имено, олигарсите и дел од учените софисти очекуваат економска благосостојба од овие договори; Демостен констатира дека Филип има „пријатели“ во многу хеленски градови; некои од нив се официјални претставници, избрани од Филип или назначени од Македонското собрание; но има и интелектуалци кои од идеолошки причини (како Исократ) го застапуваат Филип и кои од антимакедонската партија се нарекувани „предавници“.

Во текот на мировните договори следи Второто пратеништво: од Атина се испратени пратеници во Пела за да добијат потврда од Филип, со што би го завршиле договорот; пратениците патуваат 23 дена до Пела, а потоа 27 дена мирно го чекаат Филип, кој војува со Керсоблепт и ги освојува сите крепости на тракискиот брег, сеж до Пропонтида. Од ова време Филип станува главна политичка личност на Балканот. Центарот на политичките собитија се префрла од Атина во Пела. Во македонската престолнина пристигнуваат пратеници од цела Хелада, надевајќи се на помош и заштита од Филип. Македонскиот владетел ја користи оваа своја позиција и подготвува стратегија (подоцна добро познатата империјалистичка тактика дивиде ет импера); прво, како победник во „Светата војна“, Филип им се наметнува на хеленските полиси и добива најголемо влијание во одлуките на Амфиктионскиот совет (совет организиран околу светилиштето во Делфи). Во делфиските списоци на храмостроителите Македонците се пратеници на Филип, кои се грижат за градбите и за зачувување на храмот. Наместо Атина, Филип ја добива предноста при обраќањето во Делфиското светилиште. По сите овие настани, атињаните се во паничен страв: се евакуира околното население, се крие подвижниот имот, а бегалците од Бојотија и од Фокида се прифаќаат во градот. Филип на Атина иж испраќа ултимативно писмо во кое, дрско и отворено, ги налага условите за мир: атињаните ќе бидат нападнати ако не му се приклонат, а тој нема да чувствува никаква грижа за раскинувањето на мировниот договор. Од 346 г. п.н.е. политичката сцена на Атина е поделена меѓу оние што се за Филип: филиписти, плутократи, панхеленисти и поборници за мир, а од другата страна – приврзаниците на Демостеновата политика: радикали, милитантни демократи, т.е. патриоти. Демостен смета дека приврзаниците на Филип се предавници, поткупени од Филип, како на пример Филократ, за кого вели дека од Филип добил злато, сребро и товари дрвена граѓа, а Ајсхин имоти. Плутократското дејствување добива и идеолошка поддршка во реторските памфлети на Исократ, кој го повикува македонскиот басилевс да ја преземе мировната улога во Хелада за да стане доброчинител на сите Хелени и да ги поведе во војна против Персија. Оваа војна би ги решила социјалните и економски проблеми, а со колонизацијата во Мала Азија би се ослободиле Хелените во Азија и би се отворил простор за да се населат бездомниците од хеленските полиси.Автори:

проф. д-р Анета Шукарова
проф. д-р Митко Б. Панов
проф. д-р Драги Ѓоргиев
проф. д-р Крсте Битовски
акад. Иван Катарџиев
проф. д-р Ванче Стојчев
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Тодор Чепреганов

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top