Историја

Државата на Филип ИИ – парадигма за општествено – политичкото уредување на античките Македонци

filip-ii-kralstvo

filip-ii-kralstvo

Филип II наследува држава, воспоставена наследна монархија (басилеија): според Исократ, Македонците не можат да си го замислат животот без династија, зашто од искона имале династија. Овој тип монархија е карактеристичен за почетниот период на државата, а претставува владеење, како што запишал Аријан, не со сила, туку според законите; владетелот се именува од Македонското собрание, според правилото на примогенитурата.

Значи, покрај власта на басилевсот, има и други институции (Собрание, Совет на тагоси, хетајри…) со советодавна и со судска власт. Александар III воспоставува изменет облик на старото уредување – апсолутна монархија, карактеристична за периодот на дијадосите: волјата на басилевсот е највисок закон. За време на втората македонска династија Антигониди, повторно се враќа старото уредување – традиционалната монархија. Всушност, Македонците не се поданици на државата, туку се граѓани на државата. Во античките извори и во официјалните документи (воени сојузи, склучувани помеѓу Македонците и хеленските полиси), овие граѓани се запишани како „Македонци“, а името на државата како „заедница на Македонците“. Македонскиот басилевс е врховен војсководител, првосвештеник и судија. Владетелот ја предводи војската и секогаш се бори во првиот боен ред; за сигнализација во битките користи бело, пурпурно и црвено знаме. Александар ИИИ, пак, како знак за борба користел црвено знаме распнато на врвот од сариса.

Владетелските инсигнии, еднакви за сите македонски владетели, се: бела лента, каусија, дијадема, пурпурна облека, жезол, печат. Белата лента се носела на главата, имала два краја заврзани на тилот (на овој начин е претставен ликот на октодрахмата на Александар И Филхелен и на тетрадрахмата на Филип ИИ). Лентата се врзувала и околу познатата македонска капа каусија, која имала улога на круна. Македонските владетели носеле и метална дијадема (според материјалните наоди во Вергина и во Бероја). Најпозната е златната дијадема, за која се претпоставува дека му припаѓа на Филип ИИ, но и претходните басилевси се кителе со дијадеми (ликовите на Александар I и Филип II на монети).

Константин ВИИ Порфирогенит запишал дека македонските владетели се овенчуваат со кожа од лав што ја имаат како круна и украс (монетата на Александар Македонски). За време на последниот македонски басилевс Персеј се говори за пурпурната облека и оружјето на Македонците, однесени како плен во Рим. Македонскиот владетел запечатува документи со прстен-печат (според Диодор и Плутарх, шеснаесетгодиш ниот Александар е чувар на царскиот печат, додека татко му го опсадува Бизантиј; според Аријан, Александар испраќа жито за војската на Неарх и го запечатува со прстенот; Диодор, Јустин и К. Руф запишале дека Александар му го предал својот прстен на Пердика). Македонските владетели носат и свечено оружје со кое се закопуваат во царските гробници-могили (пример е могилата во Вергина).

Басилевсот-свештеник пред секое политичко дејствување или на почетокот на гозбите за време на верските празници принесува жртви во името на народот – простасија, а кога доаѓа во некој град е дочекуван со гуала (вид на чаша) за да направи жртва леанка – либатио. Ловот на диви животни, посебно лавови (симболот лав, присутен на монетите и фреските) има и религиско-магиско значење.

Македонскиот цар е врховен судија и го води судењето пред Македонското собрание во улога на јавен обвинител, а Собранието донесува одлуки за смртна пресуда. Македонското собрание, кое најчесто го претставуваат Македонци под оружје, има голем број државнички компетенции, меѓу кои најзначајно е прогласувањето на новиот владетел.

Во смисла на јакнење на државата, Филип спроведува воени реформи што имаат големо социјално и политичко значење, имено, ја создава прочуената македонска фаланга и ја опремува со бојно оружје. Главна цел на воените реформи е да се создаде професионална војска, преку градење висока свест за меѓусебната поврзаност, почит, другарство и, се разбира, пред сеж безусловна послушност. Историчарите (Помпеј Трог, Полибиј, К. Руф) забележуваат дека такво воено устројство немала ниту една држава во тоа историско време. Јадрото на македонската фаланга го сочинуваат вооружените пешадинци. Фалангата се разликува од хеленскиот боен ред според големата длабочина и оружјето, а тоа се македонските сариси, долги копја што се протегаат преку неколку воени редови. Фалангата е тешко пробојна поради здружените, згуснати бојни редови, „шума“ од збиени копја. Така, организирана како компактна целина, македонската војска навлегувала како клин во непријателскиот боен ред.

Војската на Македонците имала и благородничка коњица (во антиката коњот е симбол на високо благородие, богатство и моќ), опремена со шлемови, панцири и вооружена со мечеви и копја. Меѓу овие ударни ескадрони на прво место стои царската агема – личната гарда на царот или прочуените хетајри – царските придружници (другари). Овие придружници на басилевсот се од благородничко потекло и имаат задачи на советници, пратеници, преговарачи, војсководци. Меѓу коњицата и фалангата дејствуваат хипасписти кои можат да се движат полесно од фалангистите и наемниците-војници, подготвувани
за брз поход и напад.

Филиповата држава особено зајакнува кога во нејзиниот состав влегуваат одделни „кнежевства“ и племиња: Елимеја, Орестида и Линкестида. Сведоштво за нивно вклучување се називите на одделни воени одреди, наречени според имињата на племињата: Линкестиди, Орестиди, Елимејци, Тимфаејци, Еордејци. Промислено и упорно Филип ја јакне воената моќ, а со тоа и политичката сила на македонската држава, зашто има војска која во секој момент е подготвена за борба, а царот-војсководител е постојано меѓу војската, поттикнува и храбри со ветувања и награди.

Со првата фаза од амбициозниот план на Филип постигната е внатрешна државна стабилност, преку обезбедување на државните граници и економската самостојност на Македонија и тоа со освојувањето на поморскиот пат, користењето на златото и среброто од Пангејската област и ковањето на сребрени и златни монети (филипики, статер).Автори:

проф. д-р Анета Шукарова
проф. д-р Митко Б. Панов
проф. д-р Драги Ѓоргиев
проф. д-р Крсте Битовски
акад. Иван Катарџиев
проф. д-р ВанчеСтојчев
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Тодор Чепреганов

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top