Историја Дијаспора

Австралиски документ од 1934 година: Подносителот е Македонец

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Овој документ потекнува од Истражната служба на Комонвелтот на Австралија и е датиран 1 ноември 1934 година. Станува збор за службена преписка поврзана со постапката за натурализација на Атанас Васил Делианис.

Неговата историска вредност е во тоа што австралиските власти службено забележале дека подносителот на барањето е Македонец, како и неговото објаснување дека Македонците под грчка власт биле принудени да ги користат грчките форми на своите лични имиња наместо своите изворни македонски форми.

Документот претставува автентичен архивски доказ дека уште во 1934 година државните институции на Австралија ја евидентирале македонската национална припадност и положбата на Македонците во Егејска Македонија.

Извор: National Archives of Australia, NAA: A1, 1936/6474.

КОМОНВЕЛТ НА АВСТРАЛИЈА
Оддел на државниот обвинител
Истражна служба
318 Пост офис плејс
1 ноември 1934 година

До
Директорот,
Истражна служба на Комонвелтот,
Канбера

Предмет: Атанас Васил Делианис – натурализација

Досие на Одделот за внатрешни работи бр. 34/9243 и меморандумот од 9 октомври 1934 година, доставен до оваа канцеларија.

Во врска со горенаведеното, должен сум да Ве известам дека со подносителот на барањето беше извршен разговор. Тој објасни дека неговото точно име е онака како што е наведено погоре.

Потребните измени се направени во неговите обрасци за пријавување, кои Ви се враќаат во прилог.

Подносителот на барањето е Македонец и објаснува дека Македонците под грчка власт се принудени да ја употребуваат грчката форма на своето име наместо своите родни, изворни форми.

потпис

Роланд С. Браун
инспектор

До
Секретарот,
Оддел за внатрешни работи,
Канбера

Проследено.

потпис

Х. Е. Џонс
директор
5 ноември 1934 година

Архивска ознака

Национален архив на Австралија
NAA: A1, 1936/6474

Забелешка: На документот се наоѓаат службени приемни печати со датуми 2 ноември 1934 и 8 ноември 1934 година.

Најново од: Историја Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

To top