130 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АКАДЕМИК СИНИША СТАНКОВИЌ – ОСНОВОПОЛОЖНИКОТ НА ХИДРОБИОЛОШКИОТ ЗАВОД ВО ОХРИД
Академикот Синиша Станковиќ е роден на 26 март 1892 година во Заечар, Србија. Меѓутоа, неговиот дедо по потекло бил од Македонија, од селото Пожаране, Гостиварско. Честопати пред научните работници на Хидробиолошкиот завод, професорот го потенцирал своето потекло, а тоа особено било изразено во последните години од животот. Во една пригода пред научниците од Заводот рекол […]