Дијаспора

3.4.1

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ Е СИМБОЛОТ НА ЖИВОТОТ И РАБОТАТА НА БИЗНИСМЕНОТ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – ДЕЛ II

Со излегувањето на неделникот „Македонско сонце“ се отворија нови видици во информативната дејност во Република Македонија. Неговиот прв број, всушност, беше празник за новинарството во Македонија. Затоа, по повод излегувањето на првиот број и промоцијата на „Македонско сонце“ до читателите и до целата македонска јавност во Републиката и македонската дијаспора, се обрати претседателот на Светскиот […]

3.5.1

МПЦ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО –ДУХОВЕН ЦЕНТАР НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (1)

Прославувањето 55 години од постоењето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко  претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија Овој црковно – национален дом е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. […]

3.5.7

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ИСЕЛЕНИКОТ САВО КОСТАДИНОВСКИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Публицистичките постигнувања на  писателот и поетот Саво Костадиновски од поодамна се познати на иселеничката и на јавноста во Република Македонија, како и на германската читателска публика. Тој како Македонец во Германија е познат и признат не само во Келн каде што скоро 5 децении живее и твори, туку и пошироко во Германија. Затоа, како резултат […]

2.6.5

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ Е СИМБОЛОТ НА ЖИВОТОТ И РАБОТАТА НА БИЗНИСМЕНОТ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – ДЕЛ I (15)

Само Сонцето е постаро од Македонија, вели Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Затоа, симболот на античките Македонци, на Филип и на Александар, чии потомци сме ние Македонците, од Кутлеш (Палатица), беше симбол на официјалното знаме на Република Македонија од осамостојувањето на 8 септември (гроздобер) 1991 година. За жал, под притисок на грчките шовинисти и едногодишната блокада од Грција, […]

1goj

ТЕКСТ НА ГОЈКО ПОД НАСЛОВ „ЖАЛНА И ТАЖНА МАКЕДОНИЈО“ – ОБЈАВЕН ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ (27)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ На 25 март и 1 април 2016 година Гојко Јаковлевски, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски во „Нова Македонија“ го објави текстот „Жална и тажна Македонија“. Затоа, во ова продолжение на „Македонска нација“ ќе се обидеме на читателите  да им презентираме дел […]

2kat

ПОЛИТИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (14)

Во организација на Иницијативниот комитет за обединување на Македонците од Чикаго 18 мај (косар), 2002 година во  овој  град  се  одржа  конференција на која биле поканети претставници на сите македонски организации во Северна Америка. Свесни за тешката положба во која се наоѓа Македонија, организаторите на хуманитарната организација од Чикаго по успешното собирање на помош од […]

1901katim1

ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ И НЕГОВОТО ВЕТУВАЊЕ НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР (26)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ  Според текстот под наслов „Исполнето ветување по 80 години“ од Киро Кипровски, објавен во „Утрински весник“ на 10 април 2015 година, пред осумдесет години Гојко Делчев-Рафкин, од гостиварското село Зубовце, од мајка му Рафка и од прабаба му Јонка бил ветен да му […]

3.2.5

ДОНАТОРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МАНАСТИРОТ „ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО“ ВО ГОСТИВАР (25)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ Полог или Полошката Котлина е регионот каде се родил Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски. Покрај Пелагонија и Струмичкото Поле, Полог претставува еден од најразвиените земјоделски региони во Македонија. Тој е историско-географски регион во северозападниот дел  на Македонија, со површина од околу 400 км². Поделен е на два дела: Горен […]

3.2.8

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (13)

Бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е активен во македонските организации од неговото пристигнување во САД па до денес. Toj особено е активен во „Светскиот македонски конгрес“ (СМК). А, СМК е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините органи- зации. Оваа организација е една од највлијателни- […]

3.1.4

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ Параклисот „Свете Богодица и Спасистелот Исус Христос“ е  е посветен за спомен и упокој на душите на корените на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Mакедонски, на кого е посветено ова монографско дело. Имено, тој е градителот на ова параклиса која […]

3.1.7

ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ – КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (12)

Како резултат на политичката кариера бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за претседател на Република   Македонија   како   независен кандидат на изборите во 1994 и 1999 година. Неговата желба беше доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе […]

2.9.7

ИНВЕСТИЦИИ НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ ВО МАКЕДОНИЈА (23)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ На Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски Македонија му е и верба и надеж и љубов и тага и среќа и судбина. Тој заминал од Македонија, но таа повторно го врати назад. Иако  во туѓина, тој бил со мислите и со […]

To top