Дијаспора

hbls1

Душко Синадиновски – иселеник од Вратница и американски интелектуалец од Детроит (14)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД Душко Синадиновски е познат и признат американски вратничанец кој прво дошол во Париз, а по една година пристигнал во Детроит. Таму го продолжил образованието и завршил гимназија, а потоа го завршил Државниот универзитет Веин (Wayne State University), на кој дипломирал на политички науки. По завршувањето на факултетското образование се вработува […]

slls1

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТОАР Се чини дека селото Крстоар е најпознато по манастирот „Св. Христофор“ Овој духовен центар за Крстоар и за битолскиот крај е посветен на маченикот св. Христофор. Тој православен манастир на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ-ОА, се наоѓа еден км југозападно над селото […]

monograf1

Монографското дело за Светле (Стив) Стамевски – пријателот на семејството Буш (13)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД Монографијата “Светозар-Светле Стамевски”. Автор е двoјазично дело, на англиски и на македонски од Славе Николовски-Катин, а е издание на книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје. Оваа значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид, претставува исцрпен осврт за потеклото,животниот пат и постигнувањата на Светозар-Светле Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец […]

pelister1

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (10)

КРСТОАР – ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ РЕГИОН ПОД ПЕЛИСТЕР Да се пишува за минатото и сегашноста на селото Крстоар – Битолско, кое е дел од подпелистерскиот крај на поделена Македонија е многу одговорен  зафат, но истовремено причинува и големо задоволство. Крстоар, како и сите други подпелистерски села, со своите богати традиции, историја, духовно и национално живеење […]

65925672 333507377540906 3052327884539559936 n

СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ ВО Берн, Швајцарија

ГОЛЕМ СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ ВО Берн, Швајцарија сабота, 7 – ми септември , 14,00ч Место: Helvetiaplatz, Bern ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА, ДОГОВОРОТ ЗА РЕВИЗИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА СО БУГАРИЈА Ги повикуваме Македонците во Швајцарија и ширум Европа да присуствуваат на Семакедонскиот народен протест во Берн. На протестот да упатиме […]

misko1

Мишко Васовски – познат и признат тетовски Американец (12)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД Мишко Васовски го напушти родниот крај и стана Американец, на 2 јули 1968 година, кога замина за Детроит. Тој беше еден од иницијаторите за  воспоставување на релации и комуникации (зближување) на неговиот роден град Тетово, со Стерлинг Хајтс, предградие на Детроит, што резултирало со збратимување во 1982 година. Мишко неколку […]

kanad1

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (9)

ДО КРСТОАР СО ЗБОР И СЛИКИ  Кога патник ќе пристигне на Железничката станица во Битола, која е своевиден паметник на времето и настаните низ изминатото столетие, веднаш на излезот го пресретнува чистиот воздух кој доаѓа од Баба Планина  преку  раскошниот Градски   Парк Таму, од десната страна има неколку улици кои водат за различни страни во […]

tomov1

Ансамблот „Томов“ – амбасадор на македонскиот фолклор во светот (11)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД Ѓорѓи (Џорџ) Томов, кој беше меѓународен професор и бард на историјата на македонскиот танц и на ората, што се основа на нашата цивилизациска меморија, ги преплави светските фестивали и сцени со својата бесконечна љубов и стана легенда на македонската дијаспора и на македонската интернационална судбина. Симболиката сакаше, кога владата на САД го […]

koren1

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (8)

ОД ШИРОК СОКАК ДО МАНАСТИРОТ ВО КРСТОАР Широк Сокак во Битола е едно од најубавите места за дружби и седенки на битолчани и дојденците во овој град на конзулите. Тука се разврзуваат муабети, се оживуваат спомени, се разменуваат идеи и се примаат и испраќаат абери. Или, едноставно, се седи и опуштено и спокојно се ужива […]

Ferid1

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД Ферид Мурад потекнува од мултикофенсионално семејство. Неговиот татко како македонски Албанец бил муслиман, додека неговата мајка била католик. Неговите браќа станале католици кога се ожениле со жени католички, а Ферид уште кога бил во колеџ бил крстен во Епископална црква, христијанска англиканска црква и постанал христијанин. Неговата сопруга Хенриета припаѓа на Христијанска […]

Bitola1

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (7)

СЛОБОДАРСКИ ДУХ ВО БИТОЛА И БИТОЛСКИОТ КРАЈ Во триесеттите години на XIX век во Битола и Битолско се јавуваат првите народни училишта. Бидејќи постојните црковнословенски училишта не биле во состојба да ги задоволат потребите на трговците и занаетчиите, во градот се отворале и световни училишта во кои се учело повеќе, а биле воведени нови – световни […]

kukubajski1

МЕМОРИЈАЛНА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“

  За најдобри македонски и дијаспора студенти и млади специјалисти по медицина  Го доживеав најнесреќното искуство како мајка која го изгуби своето единствено дете, на 27 годишна возраст, вонредно талентираната писателка од македонско потекло, родена во Либија и израсната во САД, Емилија Кукубајска (16 август, 1979 – 9 септември, 2006). Со натприродна надеж и достоинство […]

To top