Фељтон

udba-19

Колку УДБ-а беше нашата судба (19)

Голи Оток – пекол за непослушните комунисти За време на Информбирото, најмалку 1.000 македонски комунисти беа испратени на познатиот остров и беа изложени на невиден терор Виктор Цветаноски За време на Информбирото во 1948 година партијата преку УДБ-а започна сурово да се пресметува со своите со сите оние што застанаа на страната на Сталин. Тогаш […]

udba-18

Колку УДБ-а беше нашата судба (18)

Петнаесет души одметнати в планина Герасим Лазаров од Конче не сакал да влезе во колективот и бил ликвидиран по предавството на неговиот зет од ќерка Виктор Цветаноски Според истражувањата на некои македонски историчари, еден од најголемите гревови на македонските комунисти била колективизацијата на селото, кога се случила најголемата и најмасовната репресалија по војната. Оние што […]

podmornica

Колку УДБ-а беше нашата судба (17)

Барале американска подморница во Преспа! Албанецот Бајрам Тефик, учител од Горна Бела Црква, се борел за самостојна и обединета Македонија Виктор Цветаноски Првите години по војната удбаши од Ресен мислеле дека во Преспанското Езеро има подморница на Шестата американска флота. За време на истрагата го обвинувале Крсте Коњаноски дека знае каде се наоѓа, тврдејќи дека […]

idrizovo

Колку УДБ-а беше нашата судба (16)

Удбаш ја силувал пред нејзините деца За да го оцрнат образот на свештеникот Иван Иванов од Виница и за да го осудат повеќе години удбашите ќе му скројат валкано сценарио Виктор Цветаноски „Посебна траума доживеавме ние домашните, кога еден ден дојдоа удбашите и и’ се заканија на мајка ми да се откаже од татко ми […]

spomenik-hristo-uzunov

Колку УДБ-а беше нашата судба (15)

На Вецко Стаматоски не му се знае гробот Го најдоа замрзнат во карцерот, којзнае каде го погреба, вели Спиро Стефановски, со кого биле судени за обединета Македонија Виктор Цветаноски Вецко Стаматовски, Ставре Најденовски, Спиро Стефановски и Мицко Романов беа судени во јуни 1947 во Битола. По излежената казна во затворот во „Идризово“, сите се вратија […]

udba-14

Колку УДБ-а беше нашата судба (14)

Македонските емигранти не беа екстремни „Стремежот на нашите иселеници за обединување на Македонија беше природен“, вели Трајан Бавтироски Виктор Цветаноски „Службата за државна безбедност сметаше дека голем број македонски емигранти се екстремисти. Меѓутоа, тие не беа екстремни. Беа многу едноставни и добродушни и ја сакаа Македонија. Тоа беше голема грешка на тогашната власт, зашто таа […]

novo-skopje-berlin

Колку УДБ-а беше нашата судба (13)

Удбашки агенти меѓу Македонците во Берлин Браќата Гојко и Мане Јаковлески од Зубовце повеќе десетици години биле следени во Германија од тајните служби на Југославија Виктор Цветаноски Браќата Гојко и Мане Јаковлески од гостиварското село Зубовце повеќе десетици години биле следени од УДБ-а во тогашна Западна Германија. Постариот Гојко стасал таму уште во 1962 година, […]

sambevski

Колку УДБ-а беше нашата судба (12)

Шамбевски ликвидиран од агенти на УДБ-а Гојко Јаковлески тврди дека нема сигурни докази, но оти сите индиции говореле дека го убиле југословенските тајни служби Виктор Цветаноски Ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година ќе биде ликвидиран Благој Шамбевски, политички емигрант, тогаш секретар на ДООМ. За него нема сигурни докази дека го убиле агенти […]

dragan-bogdanovski-pariz

Колку УДБ-а беше нашата судба (11)

Како беше киднапиран Богдановски од Париз Познатиот емигрант откако бил опиен, бил донесен на Љубљанскиот аеродром со дипломатски автомобил и со пасош преку Германија Виктор Цветаноски Екстремната југословенска емиграција и УДБ-а воделе вистинска војна неколку децении. Убиствата и на едната и на другата страна биле многу чести. Во жестоката пресметка страдале и амбасадори и конзули, […]

dragan-bogdanovski

Колку УДБ-а беше нашата судба (10)

Богдановски починал разочаран и сам Мртвото тело на најпознатиот македонски политички емигрант го пронашле во возот со кој патувал од Шведска за Германија Виктор Цветаноски Драган Богдановски беше еден од најпознатите македонски политички емигранти, кој беше најмногу следен од УДБ-а, а во 1977 година киднапиран од Франција и тајно доведен во Македонија. На судскиот процес […]

kodos

Колку УДБ-а беше нашата судба (9)

Кодошите – гнасна војска на власта „Треба јавно да се кажат имињата на кодошите за никогаш да не ни се повтори тоа“, вели охридскиот професор во пензија, д-р Стојан Ристески Виктор Цветаноски Д-р Стојан Ристески од Охрид бил кодошен од негови колеги – професори од охридската гимназија, но и од луѓе однадвор, а неговото досие […]

trendafil-ivanovski

Колку УДБ-а беше нашата судба (7)

Полицијата не може да функционира без народот Целата лустрација се скрши врз Трендафил Ивановски, ова што му го направија е врвен неморал и лакрдија, вели Иван Бабановски Виктор Цветаноски Многу досиеја се уништени или исчистени по осамостојувањето на Македонија. Останати се само на оние што во изминативе дваесетина години не биле на високи функции и […]

To top