Култура и туризам

zubovce-sv-trifun

Зубовце – обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќе се одбележи обредното закројување на лозјата. Во име на овој празник и продолжувањето на традиционалните обичаи на местото викано “Мал Камен“, каде некогаш се наоѓале зубовските лозја, беше издигнат и осветен шест метарскиот Чесен Крст. Како лани, така […]

Sv_Atanasij-Rajcica

Црква „Св. Атанасиј“ – Рајчица

Свети Атанасиј (позната и како:Свети Атанасија) е македонска православна христијанска црква во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар. Поточно, црквата се наоѓа во горната Маала Влаовци помеѓу густа листопадна шума, во мал дол над самиот град Дебар. Црквата започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а […]

dafino-vino-crveno

Дафино, вино црвено…

Дафино, вино црвено, момчето ти е заспало на Каракамен планина, на сува рида без вода. Ми поминале ајдути, гунчето му го украле, во меана му го продале за бела лута ракија и рујно вино црвено. Ако му го зеле гунчето нека ми е живо момчето. Каракамен-планина во медитеранското поднебје со непредвидливи временски услови. По сончевите […]

vodopadi-babuna

Водопади на Бабуна, Солунска Глава

Првенец на Јакупица е реката Бабуна. Почетокот и е југоисточно под врвот Солунска Глава од големиот извор Бабина Рупа (дупка) на 1450 метри. По 53 км се влева во Вардар на 5-6 км јужно од Велес. На Јакупица има две глечерски високопланински езера. Се наоѓаат на околу 2000 метри надморска височина во циркус североиточно под […]

od-badnik-do-vodici

Обичаи и верувања од Божик до Водици

Ако го донесла работата чоека за да одит на туѓина на Божик, дури не поминат Водици, не чинело да се оди, оти било за неарно. Навечер не бидуало да шијат терзиите, нито жените бидуало да предат и друга работа да работат од Божик до Водици, чунки не била крстена водата и леунка била Богородица. Од […]

zvegorska-surva

Ренесансата на Ѕвегорската сурова за бериќет и напредок

Еден од најстарите народни обичаи во Пијанечкиот крај (денешна Општина Делчево) е обичајот со маски, познат под името Сурова. Овој обичај е невообичаена процесија на културното наследство, со кое се гордеат жителите на Ѕвегор. Покрај Илинден, соборниот ден на Ѕвегор, Св. Василиј Велики – Стара Нова година е вториот голем празничен ден на секое семејство […]

kezovica

Кежовица или Штипска Бања

Кежовица или Штипска Бања претставува македонски спа центар кој се наоѓа на десниот брег на реката Брегалница, на околу 2км југозападно од центарот на Штип, на излезот од Ново Село, кое е споено со овој град, на меѓусебна оддалеченост од околу 300м се наоѓаат појавите на термоминералните води Кежовица и Л’џи, кои лежат на ист […]

nekrsteni-denovi1

Некрстените денови во Mакедонија од 7-19 јануари

Во верувањата на македонскиот човек посебно важно место има периодот од Божик до Водици, односно според верувањето, од  раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Овие дванаесет денови познати како Некрстени денови, но и како Ристосови или Погани денови според верувањето се најризичните или најопасните денови во годината. Според народните верувања и суеверија дете некрстено […]

car-samoil

…За царот Самоил

„Градбата се држи на темелите. А има ли поцврста градба, ако каменот почетник е ликот на градителот“? Македонската историја е преполна со знаменити цареви и царства од најдревни времиња на продолжена линија на династии. Сите тие, неколку илјади години ја потврдувале славата на Македонија. Династиите на Филип II, Птоломеите, Селеуките, Антигоните, Константиновата и Јустинијановата династија, […]

molitva

Најлесно е човек да го осудиш

Секогаш слаб и збунет се движи во овој свет, трудејќи се да распознае што е добро, а што е зло. А, ете уште полесно е човек да го пофалиш, да го израдуваш, да го помилуваш, а ние тоа ретко го правиме, бидејќи од мали сме научени да се храниме со помисли на осуда, клевета, дури […]

dostana-karagjozoska-1

Народната носија говори за нашиот идентитет и богатство

Интервју со Достана Караѓозоска-Станковска, колекционерка на народни носии и стари предмети за домаќинство „Љубовта на народните носии ми ја пренесоа моите родители, Томо и Љубица (Бислимовска) Караѓозоски, кои ги зачувале носиите во кои се венчале, на Петровден, 1950 година, во Галичник. Тие беа основачи и долги години учесници на културната манифестација „Галичка свадба“, од почетокот. […]

pisan-kamen

Писан Камен

На патот према Шлегово кое од Кратово е оддалечено само неколку километри – во еден предел близу до еден поток една од многуте мистерии во овој крај. Од патот горе на педесетина метри надолу лежи сега еден мал Манастир – кој е изграден близу до некаква испосничка ќелија близу која пак тече мал поток, а […]

To top