Култура и туризам

Писан Камен

pisan-kamen

pisan-kamenНа патот према Шлегово кое од Кратово е оддалечено само неколку километри – во еден предел близу до еден поток една од многуте мистерии во овој крај.

Од патот горе на педесетина метри надолу лежи сега еден мал Манастир – кој е изграден близу до некаква испосничка ќелија близу која пак тече мал поток, а од некаде извира вода во една мала чешмичка, вода за која се верува дека е добра за очите. Над вдлабената испосничка ќелија во карпата има и две фрески во карпата кои за жал времето и негрижата ги избледела. Ќелијата е со капацитет слободно да сместат тројца во лежечка положба. Местото е наречено Писан Камен – во превод значи милостив камен… Прикаската за излекување од болеста на слабиот вид е поврзана и со преспивање во ќелијата за што има голем интерес во одредени периоди од годината. На сон им доаѓа на луѓето дека треба да преспијат во пештерата, да се мијат со водата и да оздрават…

Во близина на испосничката ќелија е изградена и мала Црквичка која почнала да ја гради извесна жена од Шлегово – откако и` се сонило дека тука треба да подигне храм во спомен и почит кон Св.Илија. Таа започнала и изградила дел – но работата ја довршиле Кратовчани и жителите на Шлегово, со доброволни прилози и доброволна работа.

Традиција на Кратовчани и блиското Шлегово е на ова место да се слави Св. Пророк Илија и тука да доаѓаат за втори Август со сите адети на бирање кум, ручек и другите обичаии.

Се раскажува дека на времето кога требало да се гради пат – кој првично бил трасиран точно над местото над испосничката ќелија и светата вода – се случило трагедија. Имено едно дрво при неговото сечење, паѓајки го усмртило човекот. Некоја сила ги натерала луѓето потоа да го изместат патот таму каде сега проаѓа. Има податок дека Кратовско Злетовската област (Осоговијата) има скоро триесетина вакви пештери (скитови) во кои некојпат живееле испосници. Осоговијата е полна со вакви јами и со испосници. Не е случајно што во блиска околина има неколку познати испосници кои живееле близу до Осоговските Планни како што се Гаврило Лесновски, Јоаким Осоговски, Рилски и Прохор Пчињски. За сите нив кружат легенди поврзани со настани кои се опишани и во историјата. Сите се прогласени за светци и чудотворци и посветени им се големи манастирски Цркви кои опстојуваат и до ден денешен.

Крале Марко

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Најнови вести

To top