Култура и туризам

Обид за создавање на еднинствен црковно – просветен центар за Македонија

solun

solun

Обидот за создавање на еднинствен црковно – просветен центар за Македонија бил направен од страна на Солунското граѓанство со цел зеднички да настапат пред Бугарската егзархија и да ги претстват своите потреби и проблеми но и да се спротистават на се` поголемото бугарско влијание во Македонија.

Бугарската егзархија по нејзиното основање црковно – училишните општини во Македонија ги потчинила на својот устав, назначувајќи претседатели од својот клер и почнала со воведување на бугарскиот јазик во образованието. Меѓутоа еден дел од македонското граѓанство, посебно она кое било во егзархиската средина, се спротивставило на таквото делување. Меѓутоа граѓанството во Македонија немало свој центар кој би ги координирал барањата и би раководел со едно евентуално движење.

Во 1882 година се датира еден обид за создавање на црковно – просветен центар за Македонија. Солунското граѓанство се обратило кон останатите македонските општини, советувајќи ги во иднина да не кореспондираат директно со Егзархијата, туку преку Солунската црковно – училишна општина, а со тоа требало да се создаде едниствен центар кој би требало сите македонски општини да ги претставува пред Егзархијата. Ова обраќање било поттикнато до рускиот генерален конзул Јакобсон. Тој им сугерирал на солунските првенци:

… да се обратат до макеоднските општини во внатрешноста и да ги повикаат да се обраќаат до солунската општина со што црковното прашање за Македонците може непосредно да се решава меѓу македонското населене и Цариградската патријаршија

Јакобсон ги советувал солунчани да постават пред егзархот Јосиф прашањето за едностраничното назначување на претседатели на општините, директорите и инспекторите во егзархиските училишта. Егзархијата од своја страна пак истакнала дека таа се раководи со уставот од 1871 година, потенцирајќи дека и Патријаршијата раководи со општините на ист начин.

Во меѓувреме биле спроведени избори за црковно – училишната општина во Солун и новото раководство побарало да се измени уставот од 1871 година и да се донесе нов во кој би требало да се гарантира општинската самоуправа. Самата солунска општина пристапила кон изработка на еден заеднички устав за сите црковно – училишни општини во Македонија. Овој нов устав би требало: да создаде ред во управувањето со општините и секој да си го најде своето место. На ваквиот проект се спротивставиле егзархиските чиновници кој биле назначени од Егзархијата и тие, според Јакобсон:

исклучиво водат сметка за интересите на Егзархијата и со тоа им даваат повод на турските власти на нив да гледаат непријатели на државата

Егзархот Јосиф сакал да им ја одземе самостојноста на општините и затоа не дозволувал да се донесе единствен устав за општините во Македонија. Затоа Јакобсон му препорачал на својот пратеник во Цариград да му се пренесе на егзархот Јосиф да го потврди донесениот општински устав на Солунската општина и да не го попречува самостојниот развој на општините во Македонија, бидејќи само на тој начи може да се реши црковниот спор со патријархот. Според Јакобсон:

… преземањето на општинската сасмостојност од страна на Егзархијатра може да го очае народот, и тој, немајќи друг излез од својата тешка положба, да тргне во вооружен протест против Отоманската империја, што ќе доведе до крвави репресалии над населението.

Обидот за создавање на единствен црковно – просветен центар за Македонија преку уставот за македонските општини останал нереализиран но ваквиот настап на солунското граѓанство било само претеча на антиегзархиското движење кое во почетокот на 90 – те години на 19 век ќе ја зафати Македонија.

Извори

Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура – Скопје, 1980

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top