Култура и туризам

Заедничките обичаи помеѓу Македонците и романците поврзани за Велигден

veligden

veligdenНа земјата романска, плодородна и гостопримлива, каде може да живее било кој чесен човек богато и среќно, гостољубива преку своите жители, живееле низ текот на времето, покрај Романците, во најдобрососедски односи и други националности кои емигрирале напуштајки си ги родните места, и дошле на романска територија, барајќи еден подобар живот и со надеж за исполнување на националните и личните идеали.

Еден од факторите кој овозможува на романската територија да постои отсекогаш една потполна хармонија помеѓу романскиот народ и македонско малцинство, било и заедничката религија-ХРИСТИЈАНСТВОТО-кое ги придружувало и Романците и народите од југот на Дунав, од каде доаѓале повеќето од етничките малцинства.

Христијаните и едните и другите, живеејќи во една хармонија, Романците  и малцинствата било Македонци, Срби, Бугари или други, работеле заедно, ја бранеле земјата заедно од непријателот но и празнувале заедно, поврзани од едни заеднички обичаи, создадени од долгиот заеднички соживот.

Така се наоѓаат заеднички обичаи македонски и романски врзани за празнувањето на Велигден, едните специфични помалку или повеќе за сите народи од Балканот :

– Кога се оди во Црква, сабајлината на ден Велигден, секој си зема јајца и пари. Јајцето се остава во црква откако ќе се земе благослов, а пак парите се чуваат за да биде годината богата.

– За Велигден се чисти, пролетно чистење, кое треба да се заврши до ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, кога доаѓаат коледарите со Жоимарика едно замислено суштество кое ги казнува и исмејува девојчињата и жените кои не завршиле со расчистувањето до тогаш.

– По доаѓањето од Црква, откако ќе се земе благослов се поминува или се гази по зелена трава на влегувањето во домот.

– Неколку дена пред Велигден, децата одат на Црква да се исповедат и да им се дозволи да колат животни.

– Ако големи девојки за мажење закопаат црвено јајце на ден Велигден ќе бидат заштитени од зло.

– На ден Велигден на селското оро, секој треба да биде во нови алишта. Во постари времиња девојките се облекувале во рубата ткаена за време на зимата.

– Во некои места на ден Велигден не се чисти и не се фрла ѓубре.

– Некои жители на Кампие и Баилешти шетаат со кутија во која се наоѓа “свет дух”, една миризлива трава “свет дух”, користена како мирудија тогаш кога се јадат црвени јајца по кршењето.

– Кога се варат јајцата не треба да се дува во огнот и во водата да не се напукнат јајцата.  На велигден се простува на сите кои ни погрешиле намерно или ненамерно.

– Пред да се појде на црква да се земи благослов, секој се мие во еден сад во кој има ставено едно црвено јајце и една паричка, за цела година да биде со црвени образи и здрав.

Константин Кашлару

Превземено oд: „МАКЕДОНЕЦОТ“ Друштво на Македонците од Романија

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top