Култура и туризам

Ренесансата на Ѕвегорската сурова за бериќет и напредок

zvegorska-surva

Еден од најстарите народни обичаи во Пијанечкиот крај (денешна Општина Делчево) е обичајот со маски, познат под името Сурова. Овој обичај е невообичаена процесија на културното наследство, со кое се гордеат жителите на Ѕвегор.

zvegorska-surva

Покрај Илинден, соборниот ден на Ѕвегор, Св. Василиј Велики – Стара Нова година е вториот голем празничен ден на секое семејство во селото. Пијанечкиот обичај во ова погранично село важи за еден од најстарите обичаи и се пречекува со голема радост и задоволство.

Се’ до 1950 година обичајот се изведувал во сите пијанечки населби, а по шеесетите години некако како да замрел. Само до пред десет години овој обичај се изведувал сосема срамежливо, но денес веќе доживува целосна ренесанса, со исклучок на селото Разловци. Во целиот Пијанец обичајот се изведува дење. Почнува на 13 јануари со гонење на кучињата, потоа момчињата со себе носат уште една посебно направена удиралка наре чена суроваска, со која се „удираат“ девојките, а завршува со голем карневал и заедничка гозба. Традиционално обичајот Сурова се изведува на 14 јануари (на Св. Василиј Велики), Нова година по Јулијанскиот календар. По традиција сите учесници се машки, а всушност тие со своите маски прикажуваат една свадба. Секако тука е присутна „невестата“, која е облечена во невестинска облека и прекриена со бел дуфак. Покрај „невестата“ е и „младоженецот“, а нив ги следат тројца белаци, кои се облечени во бела облека и носат голем дрвен нож (сабја) познат како кал’чка. Неизбежен е „попот“, кој вообичаено е облечен како свештеник, во рацете носи дрвен крст и кадилница. Следуваат „мечката“, која задолжителноима ѕвонец и „мечкарот“ кој ја води со јаже. Учесници се и „мајмунката“ и нејзиниот „мајмунџија“, „данокчијата“, „шеикот“, „циганите“ и „циганките“ облечени во црна облека…

Сите учесници во карневалот се познати под името суроваскари, кои заедно со нивниот одговорен белак водат посебна грижа ниедно семејство да не биде прескокнато. Се мисли дека тие носат среќа, радост, бериќет и напредок на секое домаќинство.

Како дел од народната традиција која се негува во селото Ѕвегор на празникот Свети Василиј секој жител станува рано и в раце зема метални пари и ги растресува за да се слушне нивното ѕвонење, со цел Новата година да биде богата. Потоа се изведуваат уште неколку обичаи карактеристични за овој голем ден, проследени со желба ѕвегорчани да бидат среќни, радосни и бериќетни.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top