Македонски легенди

pesni

Сирма Војвода

Сирма Војвода (Крстева Стрезова) (с. Тресонче, Дебарско, 1776 – на пат од Прилеп за Варош, Прилепско, 1864) – биле една од ретките жени војводи на ајдутска дружина. Според народните песни, за војвода била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини. Со својата ајдутска дружина дејствувала како заштитник на македонскиот народ од […]

krste-crvenkovski

Крсте Црвенковски

Крсте Трајков Црвенковски (Прилеп, 16. VII 1921 – Скопjе, 21. VII 2001) – македонски револуционерен деец, учесник и организатор на антифашистичката и национална борба на македонскиот народ, врвен македонски политичар и дисидент. Во комунистичкото движење се вклучил уште како гимназијалец, станувајќи член на СКОЈ во 1935 година. За време на Втората светска војна, учествувал во […]

kosta-shakov

Коста Шахов

Коста Шахов (Охрид, 14.IV.1862 – Софија. 15.VIII. 1917) – бил македонски деец, револуционер, публицист,  прв претседател на Младата македонска книжевна дружина, еден од зачетниците на македонското новинарство. Рано го напуштил Охрид и заминал за Софија. Дипломирал на правниот факултет. Тука се вклучил во движењето на македонските интелектуалци кои се бореле за афирмација на македонската национална […]

Maksim_Nenov

Максим Нинев

Максим Нинев -Војводата (1870, Тресонче – 29/30.V.1903) – познат македонски деец, револуционер и зограф. Бил ученик на Дичо Зограф и работел како како живописец и калиграф. Учесник е во македонското револуционерно движење Член е на Македонската револуционерна организација и е назначен за нејзин војвода на чета. Учествувал во подготовките за востание во Галичко-Реканскиот крај. Загинал […]

nikola-klusev

Никола Кљусев

Никола КЉУСЕВ (Штип, 2. X 1927 Скопје, 17. I. 2008) – еминентен економист, универзитетски професор, научен истражувач, академик, општественик, државник и литерат. Бил учесник во НОБ во периодот од 1942 до 1945 година, а одлежал и на Голи Оток, за што бил исклучен две години од Универзитетот во Белград. Дипломирал на економскиот факултет во Белград. На […]

teodosij-gologanov

Теодосиј Гологанов

Митрополит Теодосиј Скопски (с. Трлис, Серско, 7. I 1846 – Софиjа, 1.II.1926) – бил духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и македонска национална држава. Теодосие Гологанов е еден од активните учесници во создавањето на самостојна македонска црква уште од 1874 година. Со доаѓањето на чело на Скопската епархија […]

gjorgji-sugarev

Ѓорѓи Сугарев

Ѓорѓи И. Сугарев, (Битола, 1879 – с. Паралово, Мариовско, 23. III. 1906) – бил учител, македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, битолски околиски војвода. Завршил егзархиска гимназија во Битола, а учителствувал во Кичевско и во Битолско. Учесник во македонското револуционерно движење. Дејствувал во четата на Никола Русински во 1901 година. Бил секретар на Битолскиот револуционерен […]

mile-pop-jordanov

Миле Попјорданов

Миле Ѓошев Попјорданов е роден 1879/80 година, во Велес. Тој бил најстариот син на трговецот Ѓоше и Султана Попјорданови, фамилија на познати македонски револуционери. Со своите дела и подвизи се истакнуваат и негови браќа, водачот на велешките гемиџии Јордан Поп Јорданов – Орцето и Петар Поп Јорданов. Поради неговите револуционерни идеи, Миле Попјорданов бил исклучен […]

d-r-Mitrev

Жан Митрев

Жан Митрев, Костадинов (Штип, 11. I. 1961 ) – е врвен македонски лекар специјалист по кардиохирургија, научен работник и академик. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1985 година.  Како лекар по општа практика работел во Штип до 1988. Од 1988 – 90 во Загреб специјализира и завршува постдипломски студии. Од 1990 до 1992 година […]

Zafir_Hadzimanov

Зафир Хаџиманов

Зафир ХАЏИМАНОВ, (Кавадарци, 12.XII. 1943) – е македонски автор и интерпретатор на популарна музика, актер, писател и почесен амбасадор на македонската култура во Белград. Дипломирал во 1967 година на Факултетот за драмски уметности во Белград. Уште како студент ја започнал својата естрадна кариера. Учествува и добива награди на фестивалите во: Белград, Загреб, Сплит, Скопје, Сопот […]

simon-trpcevski

Симон Трпчевски

Симон Трпчевски (Скопје, 18.IX.1979) – е македонски пијанист и универзитетски професор, еден од најдобрите пијанисти на сите времиња. Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на Борис Романов. Од 2002 година е професор на оваа институција. По лауреатството на Светскиот милениумскиот натпревар во Лондон (2000), реализирал исклучително […]

Boris-Trajanov

Борис Трајанов

Борис Гогов Трајанов, (Љубљана, Словенија, 4.XI.1959) – е оперски певец, познат македонски светски баритон. Пеење учел со татко му Гога Трајанов, со Бисерка Цвеиќ во Белград и со Пиер Миранда Фераро во Милано. Дипломирал соло пеење на ФМУ во Скопје, а магистрирал во класата на Бисерака Цвеиќ на Музичката академија во Белград. Покрај музичките студии […]

To top