Македонски легенди

Dimitar-Ilievski-murato

Димитар Илиевски – Мурато

Димитар Илиевски – Мурато (21 IX 1953 – 10. V 1989) – прв македонски алпинист кој го освоил Монт Еверест. Бил член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер“ од 1968 година и еден од најголемите македонски алпинисти. Ги освоил сите важни врвови во Југославија, Грција, Бугарија, како и врвовите на Алпите (Мон Блан, Матехорн и Монте Роса). […]

pavle-filipov

Павлос (Павле) Филипов Воскопулос

„Македонското прашање е ахилова петица за грчкиот мит“ Павлос (Павле) Филипов Воскопулос (грч. Παύλος Φιλίποβ Βοσκόπουλος), (Лeрин / Florina, Eгejскиот дел на Maкeдoниja, Р. Грција 25. XI 1964) – е македонски културнo-нaциoнaлeн дeeц, политичар и архитект по вокација. Тој е еден од oснoвaчите и член нa Maкeдoнското движeњe зa бaлкaнски прoспeритет (1989), потоа члeн нa […]

goce-arnaudov

Гоце Арнаудов

Гоце Арнаудов (Струмица, 19. VIII 1954 – Струмица, 6. XII 2011) – е македонски интерпретатор на народна и популарна музика.  Со музика се занимава уште од раното детство. На почетокот на естрадната кариера настапува во групата на неговиот татко, а како завршен средношколец оформува сопствена група со која се претставува пред Македонската  публика. Гоце се […]

milton-manaki

Милтон Манаки

Манаки Милтон (с. Авдела, Костурско, 1882 – Битола, 5. III 1964), прв филмски снимател на Балканот, македонски фотограф и автор на документарни филмови. Пионер на снимателската дејност во Македонија. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со постариот брат Јанаки, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува […]

KERATZAvissoultcheva

Кераца Висулчева

Кераца Висулчева е родена на 7 април 1911 година во село Несрам, костурско, Егејскиот дел на Македонија, во времето на државата Грција, а почина на 13 јануари 2004 година во Скопје, Вардарскиот дел на Македонија, во државата Македонија. Брзо по нејзиното раѓање, нејзиното семејство го напушта родниот крај за да се спасат од грчките андарти. […]

janaki-manaki

Јанаки Манаки

Јанаки Манаки (с.Авдела, Костурско, 1878 – Солун. 1948), македонски фотограф од влашко потекло, снимател и пионер на филмот на Балканот. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со помладиот брат Милтон, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“. Јанаки Манаки е роден […]

VasilIljoski

Васил Иљоски

Васил Иљоски (Крушево, 20. XII 1902 – Скопје, 1. XI 1995) – македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и академик. Тој е еден од втемелувачите на македонската драмска литература. Автор на првото драмско дело на македонски јазик прикажано на сцената на Кралскиот скопски театар меѓу двете светски војни. Завршил Филозофски факултет […]

Racin

Кочо Солев Рацин

Кочо (Солев) Рацин, (Велес, 22 декември 1908 – Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски поет, раскажувач, есеист, публицист, филозоф, општествено-политички деец, исторски истражувач, комунист и партизански борец. Иако самоук, Рацин е еден од најистакнатите македонски интелектуалци во меѓувоениот период, еден од основоположниците на современата македонска литература. Познат е по својата збирка песни „Бели мугри“. Освен со […]

andon-dimitrov

Антон Димитров

Антон Филахтечев Димитров (с. Ајватово, Солунско, 1868 – Софија, 13. III 1933) –македонски деец, еден од основополжниците на Македонската револуционерна организација (МРО) и на идејата за создавање на самостојна македонска држав. Завршил егзархиска гимназија во Солун во 1889 година, а во периодот од 1899 до 1903 година студира право во Цариград и Лиеж, Белгија. Бил […]

transfuziologija

Иван Дејанов

Академик Иван Дејанов прв македонски трансфузиолог и прв претседател на Македонско – израелското друштво за пријателство и соработка. Иван Илиев Дејанов (Ќустендил, Бугарија, 6. I 1932 – Скопје, 10. VII 2001) – трансфузиолог, имунолог, академик, прв претседател на Македонско – израелското друштво за пријателство и соработка. Тој е основач на модерната трансфузиологија во Република Македонија, […]

Dimko_Sarvanov_Mogilcheto

Димко Серванов – Могилчето

Димко Илиев Серванов – Могилчето (с. Могила, Битолско, 1879 – с. Ношпал, Битолско, март 1907) – македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание, а како околиски војвода на Битолската полска чета на ТМОРО учествува во повеќе борби.  Бил голем прврзаник на македонската национална кауза […]

emanuel-cuckov

Емануел (Мане) Чучков

Емануел (Емануил, Мане) Чучков (Ново Село, Штипско, 14/27. XI 1901 – Скопје, 1. IX.1967) – македонски политичар и државник, универзитетски професор, општествено-политички и културно-национален деец. Основното образование го завршува во Штип, гимназија во Штип и Скопје, а дипломирал во 1925 на Филозовскиот факултет во Белград, групата за етнографија, антропогеографија, физичка географија, историја и словенска филологија. […]

To top