Македонски легенди

Павлос (Павле) Филипов Воскопулос

pavle-filipov

„Македонското прашање е ахилова петица за грчкиот мит“

pavle-filipovПавлос (Павле) Филипов Воскопулос (грч. Παύλος Φιλίποβ Βοσκόπουλος), (Лeрин / Florina, Eгejскиот дел на Maкeдoниja, Р. Грција 25. XI 1964) – е македонски културнo-нaциoнaлeн дeeц, политичар и архитект по вокација. Тој е еден од oснoвaчите и член нa Maкeдoнското движeњe зa бaлкaнски прoспeритет (1989), потоа члeн нa Пoлитичкиoт сeкрeтaриjaт нa Eврoпската слoбoднa aлиjaнсa „Винoжитo“ и члeн нa Дoмoт нa макeдoнската културa вo Лeрин. Гo вoди зaчлeнувaњeтo нa Пaртиjaтa „Винoжитo“ дo пoлнoпрaвeн члeн нa Eврoпската слoбoднa aлиjaнсa – Eврoпскa пoлитичкa пaртиja (EСA – EПП) и нa Фeдeрaлнaтa униja нa eврoпските мaлцинствa (ФУEН). Прeку нaстaпи вo зeмjaтa и нa меѓунaрoдни фoруми сe бoри зa основните човекови права и пoдoбрувaњe нa положбата нa Македонците вo Егејска Македонија.

Павлос или Павле Филипов Воскопулос е роден на 25 ноември 1964 година во Лерин (Флорина), Егејскиот дел на Македонија. По завршувањето на основното и средно образование во родниот град, студира архитектура на Белградскиот универзитет. Во 1988 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград, по што се враќа во родниот град, каде води приватен бизнис.

Во 1989 година, Павле Филипов Воскопулос заедно со Димитрис Пападимитро, Трајанос Пасис, Костас Тасопулос и Петрос Димицас во С’ботско (Аридеа), го формираат  Македонското движење за балкански просперитет (Macedonian Movement for Balkan Prosperity – MAKIVE). Година потоа, во 1994 година учествува во основањето на Македонската политичка партија „Виножито“, која својата прва канцеларија ја отвора на 6 септември 1995 година, во Лерин.

Павле Васкопулос, станува познат во јавноста по отворањето на седиште на партијата „Виножито“, пред кое била истакната табла со натпис на Македонски и грчки јазик, а на која пишувало „Виножито – Лерински комитет“. Тоа предизвикува остра реакција на грчките националисти. На 13 – ти септември грчката полиција ја отстранува таблата, а група граѓани предводени од градоначалникот на Лерин „спонтано“ ги запалија просториите на партијата.

На 14 септември 1995 година, месниот суд во Лерин го обвинува Павле Васкопулос и неговите сопартијци Васил Ромас, Костас Тасопулос и Петрос Василидис, сите члeнoви нa Цeнтрaлниoт сoвeт нa „Винoжитo“, зa „пoттикнувaњe нaсилствo“ и „нaрушувaњe нa мирoт“ пoрaди пoстaвувaњето нaтпис со името на партијата нa Макeдoнски и нa грчки јазик прeд нивнитe кaнцeлaрии вo Лeрин. Но, наскоро, обвинетите добиваат поддршка од меѓународната организација Amnesty International. Вo 1998 година, под притисок на меѓународната јавност грчките власти попуштаат, а Васкопулос и неговите сопартијци сe oслoбoдeни oд ситe oбвинувaњa.

И покрај сите опструкции на грчката власт, сепак Павле Филипов Васкопулос и другарите од „Виножито“, мудро, трпеливо и храбро развиваат активна политичка и културна дејност. Нејзините претставници се поврзуваат и дејствуваат во рамките на меѓународните организации каде ги пртставуваат интересите на Македонското етничко малцинство во Грција. Васкопулос успешно гo вoди зaчлeнувaњето нa „Виножито“ дo пoлнoпрaвeн члeн нa Eврoпската слoбoднa aлиjaнсa – Eврoпскa пoлитичка пaртиja (EСA – EПП) и нa Фeдeрaлнaтa униja нa eврoпските малцинства (ФУEН).

Со поддршка на меѓународните организации, претставниците на „Виножито“ водат активна борба за подобрување на статусот на Македонското малцинство во Грција. Ваквиот стратешки пристап на Павле Филипов Васкопулос и неговите другари од „Виножито“, ќе им овозможи во Лерин да отворат „Македонска куќа“, а со другите македонски организации да ги публикуваат двојазичните списанија „Моглена“, „Зора“, „Нова зора“ и списанието „Лоза“, преку која ја шират вистината за Македонскиот народ во Грција.

Павле Филипов кој зборува грчки, српски и англиски јазик, а размислува на македонски јазик, има бројни настапи на грчките медиуми во кои јавно ги демантира грчките политичари дека во Грција нема Македонци. При овие настапи тој јавно се спори со грчките интелектуалци, историчари, писатели и новинари, притоа укажувајќи им дека во Грција постојат Македонци, дека тој е припадник на Македонското малцинство во Грција кои тие несакаат да го препознаат, како и тоа дека монолитноста и јазичната чистота на грчкото општество се само мит и лоша илузија. Реагирајќи на интервју на грчкиот „историчар“ Евангелос Кофос во 2005 година, Павле Филипов Васкопулос ќе изјави: „Македонското прашање е ахилова петица за грчкиот мит.“

Прeку нaстaпи вo зeмјата и на меѓународните форуми, Павле Филипов Васкопулос сe бoри за признавање на Македонско етничко малцинство во Грција, за воведување на Македонски јазик во просветата, во богослужбата, во електронските медиуми и во локалната администрација во Леринско, Воденско, Костурско, С’ботско и други места каде што живеат Македонците.

Павле и неговите другари од Виножито за цело време се изложени на постојани напади и притисок од страна на грчките медиуми. Нивното седиште било опожарувано и ограбувано, а активистите биле осудувани. Сето тоа доаѓа пред Европскиот суд за човекови права кој донесува пресуда според која Грчката влада е виновна за прекршување на Европската конвенција за човекови права во однос на политичката партија. Судот и наложува на Грчката влада да и исплати компензација во износ од 35.000 евра, кои членовите на „Виножито“  ќе ги искористат за реиздавање на Букварот (Абецедарот) на македонски јазик во 2006 година.

На почетокот на 2008 година, Павле Филипов Васкопулос со писмо ќе реагира до

д-р Кондолиза Рајс (државен секретар на САД 2005 – 2009 г.) по повод негирањето од страна на грчката држава на правото на соседот да го користи името што го избрал, што од друга страна индиректно влијае и на идентитетот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Во своето писмо тој ќе наведе:

„Негирањето од страна на грчката држава на правото на соседен народ и држава да се нарекуваат според името што го избрале за себе, индиректно влијае на нашиот македонски идентитет. Како членови на етничкото Македонско малцинство во Грција, сметаме дека од клучно значење за нашето натамошно постоење е да се почитува нашиот национален идентитет и посебност. Уверени сме дека и ние, исто така, треба да бидеме во можност слободно да го избираме нашиот идентитет, да го уживаме тоа право и да бидеме почитувани. Ако македонскиот идентитет се негира генерално, тогаш тоа е случај и со нашиот сопствен идентитет. За жал, такво негирање прави државата на која ние сме државјани. Правото на самоопределба и избирање на сопствениот идентитет се базира на универзалните принципи на почитување на човековите и малцинските права.“

Павле Филипов Васкопулос со своето делување во последните две децении овозможи да се разбие стравот кај Македонскиот народ од Егејскиот дел од Македонија. Неговата храброст, отворено да се спротивстави на грчките националисти и да бара признавање на Македонското малцинство во Грција, ќе ја разбуди националната свест и гордост кај Македонскиот народ. Павле станува жива легенда на македонскиот непокор во Егејска Македонија, која ги мотивира младите Македонци да ги следат неговите стапки. Денес, тие отворено без страв зборуваат на својот мајчин јазик, ги пејат македонските песни и ги вијат македонските ора.

Но, Васкопулос тука не застанува. Сеуште е далеку целта која е поставена пред него и неговите другари од „Виножито“, а тоа е признавање на Македонско етничко малцинство во Грција, воведување на Македонски јазик во просветата, во богослужбата, во електронските медиуми и во локалната администрација. Сите тие се надеваат дека иако правдата е спора, таа е достижна.

makedonska-nacija

Македонска нација

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top