Македонски легенди

Димко Серванов – Могилчето

Dimko_Sarvanov_Mogilcheto

Dimko_Sarvanov_MogilchetoДимко Илиев Серванов – Могилчето (с. Могила, Битолско, 1879 – с. Ношпал, Битолско, март 1907) – македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание, а како околиски војвода на Битолската полска чета на ТМОРО учествува во повеќе борби.  Бил голем прврзаник на македонската национална кауза и се спротивставува на делувањето на грчките чети во Мариовскиот крај. Се истакнува во борбата со турските даночници и станува популарен помеѓу народт кој ќе испее песни  за неговата храброст и јунаштво. За да не биде фатен жив од Турците, тој се самоубива.

Димко Серванов е роден во 1879 година во битолското село Могила. По името на родното место го добива и прекарот Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. Израснал во револуционерно семејство. Неговиот постар брат бил член на ТМОРО. Димко завршил основно образование. Мошне рано ќе тргне по стапките на својот брат.

Младиот Димко или уште познат како Димче, се приклучува на четата на Ѓорѓи Сугарев, по нивното пристигање во селото, Станува член на ТМОРО и активно се вклучува во борбата на македонскиот народ против Отоманската империја за ослободување на Македонија. Со четата на Ѓорѓи Сугарев, Димче Серванов – Могилчето дејствува во Мариово и Битолско.

Во 1903 година Димчо Могилчето зел учество во Илинденското востание во чета со Јон Кафеанџијата (Иван Димов – Пашата). За време на востанието учествува во борбите кои се водат во реонот на Пелистер и Преспа.  По востанието, во 1904 година бил поставен за околиски војвода на Битолската полска чета. Заедно со реонските војводи Иван (Јон) Димов – Пашата и Трајко Крало, Димче Могилчето учествува во повеќе борби и акции.

Димче Серванов – Могилчето бил против српската и бугарската оружена акција во Македонија и бил голем приврзаник на македонската национална кауза, што се гледа од зачуваната коресподенција. За потребите на Македонската револуционерна организација, Серванов од повеќе донатори собрал над 400 наполеони. Најчести борби и акции кои ги води по Илинденското востание се против намножените андартски чети, како и против домашните предавници и турски даночници.

На 1 јули 1905 година, Димче Могилчето во соработка со Јон Димов-Пашата и Трајко Кралот (од село Брник, Мариовско), од заседа го убил злогласниот Шефкија-бег, кој имал чифлик во село Могила. Убиството на Шефкија-бег, за кого се сметаше дека куршум не го бие, силно ќе одекне кај турското и македонското население. Додека овој настан силно ќе ги растревожи битолскиот валија Селм ефенди, убиството на злогласниот бег кој го тероризираше македонското население ќе го орасположи народот и ќе стане главниот мотив за обликувањето на ликот на Димче Могилчето во народната песна.

Судирите со андартските чети беа чести и погубни. Во 1907 година, четите на Димче Сарванов – Могилчето, Трајко Крало и Лука Геров се судрија со андартските чети кај село Ивени, Мариовско, Во битката во која свој придонес имаше и турскиот аскер, загинаа триесетина четници, а Димче Могилчето бил тешко ранет. По битката Димче Могилчето бил пренесен во Битола каде се лекувал.

Во месец март 1907 година, при една организациона обиколка, Димче Серванов – Могилчето бил откриен и гонет од османлиска потера. За да се засолни пред турската потера се сокрил во подземна скривница во селото Ношпал, Битолско. Плашејќи се да не го откријат, една жена ставила камен на малиот отвор на скривницата. Димче Могилчето останал без воздух и почнал да се задушува. Потерата заминала, но тој мезнае што се случува. Неможејќи веќе да издржи од задушување, и несакајќи жив да падне во турски раце тој се решил на саможртва. Додека турската потера се одалечувала од скривницата се чул пригушен истрел. Погребан бил во Битола.

Неговиот бурен живот завршил, но неговите храбри и јуначки дела ќе останат запаметени од народот во Битолскиот крај. Неговите дела ќе бидат опеани во народната песна.

Постојат повеќе песни и разни верзии, од кои најпозната е песната „Абер ми иди од Могила“. Во оваа македонска народна песна се пее за храброста на Димче Могилче кој не се плаши од битолскиот валија Селим ефенди кој му се заканува со негивиот аскер, по убиството на турскиот насилник Шефкија.  Во песната „Абер ми иди од Могила“. народниот пеач ќе запее:

Абер ми иди од Могила,
низ поле Пелагониско,
право ми оди Битола
Битола кај валијата.
Валијо бре Селим-ефенди
Могила е полна кумити
таму е Димче Могилче.
Налутил се Селим-ефенди,
спрегнал си коња дорија
одбрал си аскер најсилен
утре ќе оди Могила
одбрал си аскер најсилен
низ прстен јајце да протни.
Излези бре Димче Могилче
жената ќе ти ја украдам
далеку ќе ја однесам
во сарај ќе ја потурчам.
Ај од тука Селим-ефенди
ај од тука куче касапско,
кожата ќе ти ја одерам
на плевна ќе ја обесам.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top