Македонски легенди

Атанас Бадев

Atanas_Badev

Atanas_BadevАтанас Бадев (1860 – 1908) е македонски композитор и музички педагог, автор на дела од православната музика, детски песни и аранжмани за народни песни.

Во Русија го завршува Московското синодално училиште, а потоа студира во Придворната пејачка капела на Санкт Петербург, под грижата на двајца видни професори Милиј Балакирјев и Николај Римски-Корсаков. Автор е на „Златоустова литургија“, отпечатена во Лајпциг во 1898 година, едно од најзначајните и најиздржаните дела меѓу композициите од овој вид во јужнославјанските земји кон крајот на XIX век.

Атанас Бадев е роден на 14 јануари 1860 година во Прилеп. Во родното место завршува основно образование, а потоа школувањето го продолжува во Солун и Софија. Во 1884 година матурирал со одличен успех во првата машка гимназија во Софија, а потоа го продолжува своето образование во Русија. Изборот на Бадев била музиката, но, на барање на семејството, две години студира физика и математика во Одеса. По враќањето од Русија се вработува како учител во Солун со цел да собере средства кои ќе му овозможат да го оствари својот сон.

Во 1879 година, додека како гимназијалец летниот распуст го минувал во родниот град, формирал црковно-ученички хор. Хорот броел околу 50 – 60 души, меѓу кои тогаш биле учениците Ѓорче Петров, Пере Тошев и Тома Николов. Љубовта кон музиката никогаш не го напушта, па откако собрал  пари, во 1886 година по вторпат заминува во Русија. За две години го завршил Московското синодално училиште, а потоа продолжил да студира во Придворната пејачка капела на Санкт Петербург, под грижата на познатите професори како Милиј Балакирјев и Николај Римски-Корсаков.

По завршувањето на студиите, Атанас Бадев се враќа во Македонија. Во периодот од 1890 до 1891 година работи како наставник по музика и хорски диригент во Солунската женска гимназија, а потоа од 1892 година работи во Битола, за повторно да се врати во Солун во 1896 година. Но, по бунтот на учениците од Солунската гимназија во 1896 година, Атанас Бадев бил преместен со работа во Русе. Во градот, Бадев останува во периодот од 1897 до 1898 година, а потоа во 1899 година бил префрлен во Богословијата во Самоков. Последното преместување било во 1901 година кога бил распореден со работа во Ќустендил, каде останал до својата смрт.

Покрај љубовта кон музиката, Атанс Бадев чуствува огромна љубов кон татковината. Тој го осудува соединувањето на Кнежевството Бугарија со Источна Румелија во 1885 година, сметајќи дека Македонија треба прво да се ослободи и обедини со Источна Румелија.

Во текот на својата професионална кариера, Бадев во Македонија воспитува бројни идни музички дејци од повеќе градови во земјата. Меѓудругото, врши истражувања и собира песни од македонската народна музика, а преку црковно-училишните хорови ја популазира литургиската музика.. Во периодот додека престојува во Русе, Бадев ја оформува својата „Златоустова литургија“, која е отпечатена во Лајпциг во 1898 година. Самото дело сведочи дека Атанас Бадев бил талентиран автор, голем мајстор на хорскот слог, како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.

Посебно е значајно неговото проучување на македонскиот музички фолклор. Во 1904 година тој ја објавува својата анализа на метричко-ритмичката карактеристика на македонскиот народна песна. Со свој реферат, Атанас Бадев настапува на Вториот конгрес на Музичкиот сојуз во Софија, каде што за прв пат се поставуваат основните елементи на теоријата за мешаносложените тактови. Трудот не е печатен, како и неговата збирка хармонизирани народни песни, чии ракописи до денес не се пронајдени.

Бадев воглавно компонирал вокални дела, световни и духовни, Сепак, „Златоустова литургија“, која меѓудругото била пишувана под влијание на руската духовна музика а врз основа на домашните специфики на Православното црковно пеење, претставува едно од најзначајните и „најиздржаните професионални дела меѓу композициите од овој вид во јужнославјанските земји кон крајот на XIX век“.

Атанас Бадев починал на 21 септември 1908 во Ќустендил.

Atanas_Badev_Zlatoustova_Liturgiya

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top