Македонски легенди

Никола Малешевски

Petrov_maleshevski_delchev

Petrov_maleshevski_delchev

Никола Спасов Малешевски (Берово, 1852 – Дупница, Бугарија, 1935) – деец на македонското револуционерно ослободително движење. Учествувал во Разловечкото (1876) и во Кресненското востание (1878-1879), а потоа емигрирал во Бугарија. Во 1895 година се вклучил во ТМОРО и бил долгогодишен пунктов началник во Дупница, денешен Станке Димитров. Помагал при префрлањето на вооружените чети од Бугарија во Македонија и прифаќањето на бегалците по избувнувањето на Виничката афера во 1897 година. Основал неколку комитети во Дупница, а тесно соработувал со Гоце Делчев и Ѓорче Патров.

Никола Малешевски е роден во Берово, во 1850 година. Основно образование завршил во родното место, а потоа и машката гимназија во Солун. Револуционерниот дух на Малешевско- Пијанечката област го почуствувал релативно млад. Легендата на ајдутскиот војвода Илија Марков, познат како дедо Илија Малешевски, и неговата бројна дружина, која околу 50 – 60 години крстосувала по планините на овој крај, ќе остави силен белег кај младиот Никола. И не само тој, кон 60- тите години, низ оваа област крстосуваат и други војводи со околу 62 чети, чии акции против османската власт стануваат симбол на отпорот во  Малешевско- Пијанечката област. Тука е легендата и за Румена војвода, од Кривопаланечко.

По Кримската војна (1853 – 1856), се чувствува влошување на положбата на македонскиот народ. Османската империја која е принудена да се задолжи кај Западните земји, ги зголемува даноците за да го врати заемот. Положбата дополнително се заострува со населеувањето на Татари и Черкези од Крим и Кавказ, кои не само што ја добиваат плодната земја туку го тероризираат и пљачкосуваат населението. Ваквата положба која уште повеќе се заострува со однесувањето на грчките попови на Цариградската патријаршија, во периодот 1860 – 1870 година ќе го разгори отпорот на македонскиот народ.

Разгорувањето на црковната борба за обновување на Охридската архиепископија ќе доведе до политички настани кои водеа кон востание во овој дел на Македонија. Никола Малешевски, патувајќи по населените места го подготвува населението за отпор. Во 1874 година се подготвува бунт, кој по доаѓањето на Димитар Поп Ѓоргиев Беровски добива пошироки револуционерни размери. Во 1875 година, Димитар Поп Ѓорѓиев како беровски учител ја предводи борбата за отфрлање на црковната власт на Цариградската патријаршија. Доаѓа до судир со струмичкиот владика Јаротие, по кој Никола Малешевски, Димитар Попѓоргиев Беровски и други се осудени и затворени.

Набрзо по излегувањето и двајцата целосно се посветуваат на револуцинерната работа за ослободување на Македонија од турското ропство. Никола Малешевски учествува во Разловечкото востание (1876) и Кресненското востание (1878 – 1879). Меѓутоа и двете востанија биле крваво задушени, па населението поради страв од репресии се преселува претежно во Ќустендил и Дупница. Никола Малешевски емигрира во Дупница, Бугарија.

Неуспехот на востанијата, не го уништува револуционерниот дух на Никола Малешевски. Неговата куќа станува собиралиште на македонските патриоти, кои во Дупница формираат македонско друштво „Единство“, а за секретар го избираат Никола. Во 1895 година се вклучува во ТМОРО, а наскоро по средбата со Гоце Делчев бил поставен за пунктов началник во Дупница, денешен Станке Димитров.

Во 1896 година, Никола се запознал со Гоце Делчев кој како задграничен преставник му ја открива целата мрежа на пунктови и тајни канали на Македонската Револуционерна Организација воспоставена на Бугарската граница со Отоманската империја. Како пунктов началник, Никола помагал при префрлањето на вооружените чети од Бугарија во Македонија и прифаќањето на бегалците по избувнувањето на Виничката афера во 1897 година. Основал неколку комитети во Дупница, а тесно соработувал со Гоце Делчев и Ѓорче Патров.

Никола Малешевски се среќава со голем број македонски патриоти кои ги придобива и им овозможува да се приклучат на Организацијата. Во 1899 година се сретнува со Јане Сандански кого го запознава со целите на Македонската револуционерна организација. Потоа по средбата со Гоце Делчев, Јане станува и официјален член на Организацијата.

Соработката на Никола Малешевски со Јане Сандански ќе дојде до израз во 1901 година, кога е организирано и извршено грабнувањето на американската мисионерка Мис Стон. Во своите белешки за аферата Мис Стон, Рафаел Камхи ќе напише дека „ ..На 21 август 1901 година на патот меѓу Банско и Горноџумајско, од четите на Јане Сандански, на Христо Чернопеев, Крсто Асенов и Никола Малешевски беа грабнати Елена Мис Стон (американска протестантска мисионерка во Македонија) и нејзината придружничка, Екатерина Цилка (од Банско, сопруга на албанскиот револуционер Цилка)“.

За аферата Мис Стон пишува и Ѓорче Петров, кој во своите сведоштва за улогата на Никола Малешевски ќе забележи: „..Малешевски настојуваше да појдам во Дупница, посака напатствија, како да постапат понатаму. Кроевме да се сретнам со нив, со Сандански, за да им дам лични напатствија.“ По обвинувањата на Османлиите дека Бугарија ги подржува четите кои го извршиле киднапирањето, Ѓорче Петров во своите спомени ќе забележи дека бугарските власти сакале него и Малешевски да ги обесат само да се оправдаат пред европското јавно мнение. Меѓу другото, Ѓорче Петров ќе пишува дека по добивањето на откупот, била формирана комисија која имала за цел да води контрола како се трошат добиените средства. Во комисијата биле Делчев, Н. Малешевски, Туше Дели Иванов и Стефанов.

Опишувајќи ја последната средба со Гоце Делчев во Софија, во март 1903 година, два месеци пред да биде убиен во селото Баница, Ѓорче Петров ќе забележи дека Делчев, пред да тргне за Серез каде се подготвувал да изведува диверзанстски акции, како да претчуствувал дека веќе нема да се видат. На крајот на средбата срдечно се поздравил, ги изгушкал и избацил, и инсистирал да се фотографираат со него и Никола Малешевски.

Никола Малешевски до 1903 година одигрува значајна улога во пренесувањето на оружје, пари и материјали за Организацијата во внатрешноста на Македонија. За време на Илинденското востание и по него прифаќа и згрижува огромен број на бегалци од загрозените краишта во Македонија. Во текот на востанието војводата на Кукушката чета, Крсто Асенов, се оженил со ќерката на Малешевски, учителката Ана, но набргу потоа загинал.

Пред Балканските војни, Никола Малешевски формира герилски одреди кои како претходница влегуваат во Малешевијата и Пијанечко. Тој ја предводи четата на Седмата рилска пешадиска дивизија во борбите за својот роден крај. Овие чети ги ослободуваат населените места во Малеш и Пијанец и воспоставуваат власт.

Во периодот меѓу двете светски војни, домот на Никола Малешевски продолжува да биде собиралиште на македонските патриоти. Никола Малешевски цел свој живот се борел да ја види својата земја слободна, но желбата не му се исполнила. Умира во Дупница во 1935 година.

Најново од: Македонски легенди

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Најнови вести

To top