Македонски легенди

Максим Нинев

Maksim_Nenov

Maksim_NenovМаксим Нинев -Војводата (1870, Тресонче – 29/30.V.1903) – познат македонски деец, револуционер и зограф. Бил ученик на Дичо Зограф и работел како како живописец и калиграф. Учесник е во македонското револуционерно движење Член е на Македонската револуционерна организација и е назначен за нејзин војвода на чета. Учествувал во подготовките за востание во Галичко-Реканскиот крај. Загинал во нерамноправна битка со турскиот аскер, на планината Голак, два месецо пред почетокот на Илинденското востание. Во народот, кој го опеал во неколку народни песни, познат е како Максим Војводата или Максим Зографот.

Максим Нинев е роден во 1870 година во селото Тресонче. Израснал во печалбарско село, сместено во срцето на планината Бистра, од каде потекнуваат многи познати зографи, копаничари, ѕидари, учители, револуционери, војводи, значајни личности на македонската историја.

Следејќи ја традиција на Мијаците, каде црквата и образованието имаат посебно значајна улога, по завршувањето на основното образование, Максим Нинев станал ученик на познатиот зограф Дичо Крстевич (Дичо Зограф), исто така родом од Тресонче. До својата дваесетта година тресончаноцот Максим Нинев, од маалото Бошковци, станал солиден живописец и калиграф.

Печалбарството за жителите на Тресонче било дел од начините за заработка и издржување на семејствата. Луѓето од Тресонче највеќе оделе на гурбет во Грција, Србија и Бугарија, но и подалеку. Како и поголемиот број тресончани Максим Нинев заминал на печалба во Бугарија. Живеел и работел во градот Стара Загора, каде станал доста баран зограф и ѕидар. За жал за овој дел од неговиот живот, за неговата работа како зограф нема многу податоци.

Во Бугарија се сретнал со други Македонци кои како него биле таму на печалба. Во 1899 година се поврзал со Македонци кои биле членови на Македонската револуционерна организација и работеле на организирање и обезбедување поддршка за кревање на востание во Македонија. Oткако наполнил дваесет години станал член на организацијата. Исполнувајќи ги задачите на организацијата, неколку пати се враќа во родниот крај, каде учествува во припремање на населението за востание. Во Тресонче и во реканскиот крај работи на организирање на чети и востаници, мобилизирајќи Мијаци и дебарчани. Поставен е за војвода на две реканско-дебарски чети, кои се судираат со турската војска и со качачките  банди. Често пати сардисан од качаците, речиси целата 1902 година, Максим војводата со својата чета ја минал реканско-кичевските планини.

Во август 1902 година, војводите Максим Нинев, Павле Карахасан и Јанаки Јанев, одговорен за кичевско-дебарскиот крај, со своите чети пристигнаа во Галичник, за да го подготват населението за востание. Пред првенците и населението на Галичник, војводите детално ги изложиле задачите и целите на ВМРО кои биле прифатени со големо воодушевување. По воспоставувањето на окружната револуционерна власт во август 1902 од страна на војводите,  па се до јуни 1903 година, раководните востанички тела на Галичко-Реканскиот подреон развиваат голема активност. Во овој предилинденски период за потребите на организацијата била собрана значителна количина на оружје, облека и пари.

Во пресрет на Илинденското востание, спротивно на заклучоците донесени на Смилевскиот конгрес (23.IV.1903), со кои се предвидува Галичко-Реканскиот регион да не востанува и да биде логистичка база за подршка на Кичевскиот револуционерен реон (снабдување со оружје, муниција, лекови и храна), како и засолниште за населението од Демирхсарскио и Кичевско, револуционерниот реонски комитет ќе изрази желба активно да се вклучи во востанието. Тие во согласност со војводата Јанаки Јанев, ќе го испратат војводата Максим во Софија за да набави оружје и да формира поголема чета составена од доброволци од Галичките и Дебарските печалбари во Бугарија.

Војводата Максим кој ја распиштил четата ќе замине за Бугарија, за да формира нова од македонските емигранти, печалбари претежно од родниот крај. Во село блиску до Софија, војводата Максим на 22 мај 1903 година ќе ја формира четата. Веднаш потоа со 53 борци ќе замине за Македонија, носејќи со себе поголемо количество на оружје и муниција. По шест дена пат, откако ја поминала реката Брегалница, четата се искачила на планината Голак, каде останала да ноќева. Пратена од бугарските и турските шпиони уште од самото формирање, турскиот аскер ќе ја пречека четата и ќе започне битка на ридот на Чавките. Заменикот на Војводата Максим, Димитар Арсов, учител од Лазарополе, во својот дневник кој го водел од формирањето на четата па се до нејзиниот трагичен крај, ќе ја опише последната битка на младиот војвода кој се одиграл на ридот на Чавките, на планината Голак:

„..Пустите, многу рано не најдое. Огон да го изгори кој ни предаде, рекол војводата. Утрото наближувало околу 7 часот кога веќе сите биле на своите места. Од доловите на Голак се слушале турските воени труби, а аскерот веќе бил на околу 8.000 чекори од ридот Чавките, каде востаниците ја минале ноќта

Првиот истрел беше со руска Кримовка, чиј глас е како да е од топ во однос на турските Маузери. По тој наш истрел, почна пукотницата од обете страни, измешани со повици ураа со гласот на Војводата, кој повторуваше да се гаѓа, а не само да се пука… Борбата од час в час станува си пожестока, а на војводата му стигнуваат абери дека во далечината се гледаат нови колони турски засилувања… Ги има околу 3.000 души… Наскоро дадовме и први жртви… За момент од кај нив сопре стрелбата со пушките и започнаа топовски истрели за вознемирување од кои немаше поголеми ефекти кај востаниците… Потоа истрелите стануваа си попрецизни… Топовската каноната замолкна, па забележавме движења на аскерот. Се договараат за јуриш. Првиот јуриш го одбивме… Пукаме само во месо, кога гледаме човечки прилики во непосредна близина… Подобро е да истепаме што повеќе душмани, оти смртта и така и така не можеме да ја избегнеме. Мртвите потоа се зголемуваа и на наша, но и на турска страна… Беше околу пет часот кога се чу глас од еден од четата упатен до подвојводата. Чичко Митре, овде ќа ни истепаат како глувци… Максим, моментно зафатен со разговор со еден од борците кој нешто го прашуваше, со едното уво го слушна предупредувањето на својот помошник, подвојводата Димитар Стефанов и без размислување, како молња скокна од позицијата на нозе. Но, штом пречекори чекор-два за да види што се случува на левото крило од централната позиција, со два истрела беше застрелан во градите. Не падна веднаш, туку чекореше уште толку да стигне кај загрозените другари и таму падна ничкум..

…Небото го покрија црни облаци, како и тоа да нî жалеше… Наполно се стемни, мракот ги сокри позициите, се огласуваат тук-таму истрели од пушки, но без ефект… Да се остане и понатаму на боиштето е погубно… Заврши муницијата, па почнавме да фрламе и со камења. Тие што останаа живи врват кон југоисток низ шумата за да најдат некаков пробив. Некои се раштркаа. Прескокнав едно поточе, се напив вода, цел ден жеден и дури пред зората во тоа мое лутање утврдив дека сум доста оддалечен од местото на вчерашниот бој. На “Чавките” останаа 18 мртви другари… “

На два месеци пред почетокот на Илинденското востание, војводата Максим ќе ја доживее истата судбина на многу македонски дејци, борци за самостојна македонска држава. Во предвечерјето на 29/30 мај 1903 година, предаден, заедно со 18 други соборци, ќе го положи својот млад живот на олтарот на слободата за Македонија. Во неколку народни песни од илинденскиот период ќе биде опеан македонски херој кој загинал на ридот на Чавките. Македонскиот народ тажејки по изгубениот млад живот ќе запее: „…Стани, стани, Максиме, Зората се зароди, Зората се зароди, Потера те сардиса, Потера малешевска….“

Максим Војвода или Максим Зограф, во својот краток но бурен револуционерен живот ќе остави белег во македонската историја. Младиот Мијак, како војвода и водач на востаничка чета, дал голем допринос во борбата против турскиот аскер и качаките банди, како и во подготовките и организирањето на револуционерната борба на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Меѓутоа за жал за делата како зограф, кој бил ученик на Дичо Зограф, нема подетални информации.

Најново од: Македонски легенди

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

To top