Македонски легенди

Жан Митрев

d-r-Mitrev

d-r-MitrevЖан Митрев, Костадинов (Штип, 11. I. 1961 ) – е врвен македонски лекар специјалист по кардиохирургија, научен работник и академик. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1985 година.  Како лекар по општа практика работел во Штип до 1988. Од 1988 – 90 во Загреб специјализира и завршува постдипломски студии. Од 1990 до 1992 година работи во Германија. Во 1992 година на Медицинскиот факултет во Скопје положил специјалистички испит по општа хирургија. Од 1993 до 1999 г работи на кардиоваскуларни клиники во повеќе градови во Германија и една година во Швајцарија. Од 1999 до 2001 е директор на Кардиохируршкиот оддел при ЦВЗУ Воена болница во Скопје. а од 2002 година е директор на Спецецијалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ во Скопје. Жан Митрев ги поставува темелите на македонската кардиохирургија и воспоставува нови принципи на работа и однос кон пациентите со што ги надминува сите дотогашни стандарди, воведувајќи притоа нов систем на вредности во кој пациентите се згрижуваат на највисоко ниво. Во 2002 година е избран за академик на Академијата „Платон“. Публикувал и презентирал над 150 стручни трудови.

Жан Митрев е роден на 11 јануари 1961 година во Штип. Потекнува од семејство каде се негувала вербата во традицијата. Израснат и воспитан во кругот на семејство каде отсекогаш се почитувале верата и христијанските обичаи, кај него се развива почита кон религијата и љубовта кон Македонија и својот роден град Штип, кој дал многу значајни личности од областа на просветата, политиката, науката, уметноста, културата и спортот.

Најголем дел од својата младост ја поминува во Штип, поминувајќи ги сите животни фази на детството и адолесценцијата. Митрев завршува основно и средно (гимназиско) образование во Штип, а од 1979 година студира на Медицинскиот факултет при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” во Скопје. По дипломирањето во 1985 година, се вработува како лекар по општа практика на Одделот  за брза помош, Општа хирургија во болницата во Штип, каде ја доживува својата прва стручна афирмација.

Иако се длабоки корените кои го поврзуваат еден млад човек со родниот град, судбината Митрев ќе го одвои од родната грутка, од  неговите другари, пријатели, љубовта, спортот и ќе го однесе на патот на Асклепиј, Гален и слични на нив. Едноставно, ќе тргне по патот успехот. Навидум неостварливата студентска желба кога за време на студентската пракса се сретнува со кардиохирургијата, станува возможна во 1988 година кога добива специјализација по општа хирургија на Медицински Универзитет Скопје. Стремежот да се занимава со оперативни зафати на градниот кош (торакална хирургија) ќе го одведе истата година на Клиниката за Кардихирургија “РЕБРО” на Медицинскиот Универзитет во Загреб, Хрватска. Тука за првпат ќе се сретне вистинските оперативни зафати на отворен граден кош и операции на срце.

Во животот на Жан Митрев започнова едно нов период. Тоа е време кога сите младешки потреби стануваат неважни, тоа е период кога попусто губење на времето станува луксуз.  Тоа е нов почеток, време на беспоштедна работа, време на континуирано надградување на знаењето. Тоа е време кога денот станува премал за да се постигнат сите предвидени активности. Во таа трка со времето, во период на измешани чуства на стравот и желба да се успее и усоврши знаењето, да се победи смрта и продолжи животот на пациентот, минуваат денови, месеци и години. Постдипломските студии на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Загреб и специјализација на Клиниката за Кардиохирургија “РЕБРО” на Медицинскиот скиот Универзитет во  Загреб, завршува во 1990 година.

Со завршувањето на специјализацијата  не застануваат неговите амбиции. Самодовербата му е зголемена и чуствува дека човековата пумпа на животот (срцето) може подобро да ја „склепа“. Но за тоа на Митрев му се потребни нови надградувања, нови знаења и стекнување на вештини од најновите светски достигнувања од областа на кардиохирургијата, а за кои на Клиниката за кардиохирургија во Загреб нема можности. Загреб станува претесен и овој македонски „Асклепиј“ заминува во 1990 година на Клиника за торакална и Кардиоваскуларна хирургија Jochan Wolfgang Goete Univerzitat, Frankfurt/M. Germany, каде има комплетно нов почеток и  нови докажувања. Фрнкфурт станува отскочна даска за десетгошната подготовка од областа на врвната кардиохирургија

Десет години учи и собира искуства од врвните експерти од областа на кардиохирургијата во Германија и Швајцарија. На Клиниката за Кардиоваскуларна хиругија Jochan Wolfgang Goete, на Универзитетот во Франкфурт останува до 1992 година кога заминува на Клиниката за Кардиохирургија во Лудвигсхавен, Германија. Од 1993 до 1994 година работи на Клиниката за Кардиоваскуларна хирургија, на Медицински Универзитет во Цирих, Швајцарија, а од 1994 до 1997 година во Оbегагzt Неrzzепtrum, во Франкфурт. И од 1997 до  2000 година работи на Оbегагzt UNI Klinik.

Жан Митрев десет години се подготвува и учи. Тоа е огромен вложен напор и енергија во која се изучува секој метода, зафат, секој рез, секоја постапка и тимска уиграност, секој нов инструмент и апарат. Тоа се десет години во кој тој секојдневно е изложен на огромен притисок на научната работа да се постигнат врвни резултати и беспоштедна борба да се спаси човековиот живот, зошто кардиохирургијата секогаш го носи ризикот на смрта. А секогаш кога сте во близина на смрта, приватниот живот е спореден. Сепак и кога му било најтешко и кога изгледа безнадежно за време и по оперативните зафати, никогаш не ја губел надежда дека покрај знаењето и искуството, Бог и судбината ќе го водат него и неговите раце. Вербата во Бога и божјата сила, самопрегорот и љубовта со која работи со пациентите го издигнуваа над можностите, даваа успешни резултати и продолжени човечки животи, дела кои времето ќе ги потврди и ќе говорат за неговата вештина. Тоа се дела на македонскиот „Асклепиј“, дела повеќе од обичното секојдневие, дела кои по успешната операција на пациентот му говорат: „Јас го склепав срцето, а ти сега радувај се на новиот живот кој Бог го дари“.

Во текот на овие десет години отсуство, носталгијата за семејството, за родниот град и  Македонија, знаела честопати да го фати. Кога му било најтешко, обично за Бадник кога целото семејство се собирало, знаел среде зима ненајавено да се врати дома, да ги „наполни батериите“ и повторно со нови сили да и се посвети на работата.  Со секое враќање во татковината се зголемуваа и визиите за конечно враќање дома. Се зголемуваа желбите да се врати во земјата, да му помогне на својот народ и да го пренесе сето она знаење кое го стекнал по Клиниките за Кардиохирургија во Европа.  Но како и секогаш кај нас, колку и да звучи парадоксално, колку повеќе ги интензивираше подготовките да се врати во земјата, толку мисијата изгледаше поневозможна.

Дилемите на кардиохирургот Жан Митрев, дали ќе успее да се врати дома или ќе остане странец ги разреши доблесниот академик д-р Никола Кљусев. Сфаќајки ги потребите на македонското здраство, а од кое заради немање на сопствена кардиохирургија се одлеваа огромни средства за лечење на македонските пациенти во странство, академик Кљусев ќе му овозможи на Жан Митрев да ги постави темелите на македонската кардиохирургија.

Жан Митрев се врати дома на почетокот на декември 1999 година како директор на првата приватна Кардихирургија во Македонија, специјалната болница  „Филип Втори“. Иако плановите и подготовките беа направени многу порано до најситни детали, сепак тоа беше нов почеток, ново докажување не само на Жан Митрев туку и на целиот негов медицински тим. Се се одвиваше со огромна брзина, со огромен ентузијазам на еден млад македонски тим кој треба повторно да се докаже. Сето ова ќе допринесе и да се воспостават нови принципи на работа во кои подготовките на тимот одат до најситените детали, како и односот кон пациентите со што се надминаа сите дотогашни стандарди, притоа воведувајќи нов систем на вредности во земјата во кој пациентите се згружуваат на највисоко ниво.

Првата операција на отворено срце во Македонија од страна на доктор Жан Митрев и неговиот тим е направена на 1.03.2000 година, во 16 часот. Започна со дваесет вработени, а денес идинаесет години подоцна, ПЗУ „Филип Втори“ преставува водечки медицински центар во регионот кој вработува 210 здраствени работници, од кои над 40 специјалисти од различни области. Од првата операција до денес се направени повеќе од 9.000 операции, над 120.000 прегледи и 30.000 други интервенции. Ако во 2000 година беа извршени само 220 оперативни зафати, во 2010 година направени се 1.800 операции. Жан Митрев како и секогаш спојувајќи ја научната и практичната работа, со неговиот тим во 2003 година, беше единствен и прв во светот кој направи бајпас  на буден пациент.

Со доаѓањето на Жан Митрев во Македонија, сакаше да направи нешто за сопствениот народ, и тоа го направи и покрај големиот отпор со кој се соочуваше. Покрај науката покрена еден нов пристап во медицината кој се тек на времето повеќе се прифаќаше. Овозможи да се пробие мразот во приватната медицина.  За да се постигне сето тоа беше потребен голем напор, самопрегор, посветеност и вистинска љубов кон тоа што се работи. Како резултат на неговата успешна работа и  бројите публикувани и презентирани над 150 стручни трудови, дојдоа и многубројните награди, признанија за неговиот труд и хуманост, потврда дека не биле залудни сите оние маки низ кој поминувал.

Во 2002 година е промовиран во академик и почесен член на Академијата за науки „Платон“ и менаџер на годината од страна на центарот за развој на кадри од областа на менаџментот (МОТИВА). Добитник е на  благодарница и статуетка за хуманист на годината во 2003 година, доделена во чест на роденденот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза. Во истата година ги добива наградите за меѓународен научник на годината од страна на International Biographic Centre, Кембриџ, Велика Британија и наградата Man Of The Year, на American Biographical Institute, Inc.

Член е на повеќе европски и светски здруженија на лекари специјалисти од областа на кардиохирурхијата како што се: Германската асоцијација за торакална и кардиоваскуларна хирургија(1991), Американскиот колеџ за ангилогија(1992), Евроската асоцијација за вештачки органи (ESAO, 1993), Европска асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS, 1994), Меѓународно здружение за минимална инвазивна каридохирургија (ISMICS, 2004), Здружение за торакална хирургија(2206) и бил член на иницијативниот одбор во 2007 година за отварање на државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Сепак кај Жан Митрев, овој голем македонски кардиохирург и хуманист, во чие срце постои огромна љубов кон својот македонски народ и земја, најголема награда му е блажената насмевка кај пациентите по успешно извршената операција.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top