Коментари

Кутнати беа 2 неприjателски авиона, от вкупно 4

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

„На 6 и 7 јули беа водени дводневни жестоки борби при селата Дреново и Драдња – Кавадарско. Непријателот – по неговите сопствени признаниа – изгуби 60 мртви, меѓу кои 1 офицер, 1 полицајски началник и 1 германец-гестаповец. Кутнати беа 2 неприателски авиона, от вкупно 4, со кои неприателот ги бомбардираше и митралираше нашите позиции.“ – пишува во Билтенот на Штабот на Втората македонска ударна бригада.

Македонскиот народ во својата дваесет и осумвековна богата и бурна воена историја, во многубројните битки, востанија и војни, во борбите, во боевите и во операциите, речиси постојано војувал против посилните завојувачи и окупатори за сопствена слобода, независна и самостојна држава. Притоа, ретко кога имал доволно оружје и муниција. Најголемо богатство му била љубовта кон слободата и татковината.

Слободата е големо нешто, која бара многу жртви, особено ако се потпреме на сопствените сили. Но ако се верува и се има доверба во исправноста во она што го работиме, тогаш патот по кој чекориме ќе не доведе до целта кон која се стремиме и тежнееме. Македонскиот народ треба да се бори за своето добро, да истрае на патот по кој тргнал и да ги совладува потешкотиите кон целта. Во таа борба, македонскиот народ треба да се потсети на традициите, патриотазмот, славољубието и честа во вековната борба на нашите предци, на стремежите да бидат сопствени господари, да живеат на својата територија и да владеат со својата ‘судбина.

Во текот на Втората светска војна, во склопот на операциите водени зимата 1943/1944 година, Германците со делови од две дивизии и балистичките вооружени формации презедоа напади на слободната територија во западна Македонија. Главниот штаб на НОВ ПОМ ги прекратија операциите во западна Македонија и оставајќи воено-територијални единици и партизански одреди, се упатија со единиците кон Кожуф во Егејска Македонија. На 18.XII. 1943 година пристигнаа во селото Фуштани, Мегленско,  каде на 20. ХII е формирана Втората македонска ударна бригада. Единицата била формирана од 480 борци на баталјон „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и Бугарскиот баталјон „Христо Ботев“. По неколку дена, баталјонот „Христо Ботев“ излегол од нејзиниот состав (23. XII), а бил приклучен НО баталјон „Мирче Ацев“. Бригадата водела успешни борби против окупаторските сили во Тиквешијата, Мегленско, Гевгелиско, Мариовско и Прилепско.

Во месеците јуни и јули 1944 год. единиците на Втората македонска ударна бригада водеа низ успешни борби и акции на теренот на Тиквешиата и Азот, задавајки им јаки удари на германските и бугарските војски. Напаѓани биле непријателските комуникации, рудници, гарнизони, утврдени положаи. Непријателот претрпел големи загуби во жива сила и техника. Во Билтенот на Штабот на оваа Бригада од 2 август 1944 година, за воените операции во текот на месеците јуни и јули 1944 година, меѓудругото стои забележано:

„На 7 јуни една наша единица се судри со една непријателска потерна колона во Кожув планина, близу с. Горна Бошава. След кус бој от блиско растојание, непријателската колона е распрсната и натерана во бекство. Непријателот имаше 10 загинати, меѓу кои 1 офицер.

Ноќта на 9 јуни извршен е напад на пругата Скопје-Ѓевѓелија. Во краткотрајната борба ликвидиран е мостот на пругата меѓу жп. станиците Клисура и Удово. Беа заробени 5 (непријателски) војници, а останалите, покушавајќи да избегат преку Вардар, се издавиа во реката. Запленети беа: 1 нов германски пушкомитралез, 5 пушки, многу мунициа и друг воен материјал. След това беше минирана и дигната во воздух пругата во должина на 70 м. и разорена телефонската линиа во должина 300. м. Како последица на оваа операциа, саобраќајот беше прекинат 12 саата. Поради брзото поправуење на пругата, на 10 јуни дерајлира 1 (непријателски) војни воз – неприателот имаше многу жертви.

Ноќта на 11 јуни беа исечени бандерите на телефонската линиа Кавадарци-Прилеп во должина на 5 км и миниран друмот Кавадарци – Прилеп, следствие на кое беа дигнати во воздух 2 непријателски камиона.

На 12 јуни беа нападнати утврдените положаи на полицејската ловна рота „Бенковски” (посебни полициски единици обучени за партизанско војување) над с. Стрмашево-Кавадарско. След 5-саатна упорита борба беа завземени неприателските ровови. Неприателот претрпе полно поражение – целата „ловна” рота беше ликвидирана. Неприателот имаше 30 убити, а от останалите полицајци ретко кој да не беше лесно или тешќо наранет. Запленети беа 2 пушкомитралеза, 16 пушки, многу мунициа и друг воен материјал. Народот со огромно одушевление ја посретна оваа наша победа.. Вечерта наши мали единици извршиа успешни диверзантски напади на непријателските гарнизони во градовите Кавадарци и Неготино.

На 13 јуни дигнат е во воздух 1 неприателски товарен воз на пругата Скопје – Гевѓелија меѓу жп. станиците Клисура и Удово. На 14 јуни во Дреновската Клисура на друмот Кавадарци-Прилеп беше нападната една непријателска моторизована колона. От 15 до 18 јуни на неколку пати е разорена телефонската линиа Демир Капиа-Мрежичко, општо во должина на 20 км.

На 19 јуни беа нападнати неприателските положаи над село Крњево, Кавадарско. След 2-саатната борба неприателот беше уклештен и натеран во диво бекство. Избиени беа 15 (непријателски) војници, а заробени 4 подофицери и 9 војници. Запленети беа: 1 тежок митралез „Шварцлозе”, 2 пушкомитралеза, 1 шмајзер, 1 тромблонска пушка, 17 пушки, 5 коња со митралески самари, 4.000 патрона и разен воен материјал.

На 25 јуни извршен е комбинован напад на расположените во голема широчина и длабочина неприателски позиции меѓу селата Радња, Стрмашево и Боула. Во 6-саатна борба неприателот понесе губитци и неговата комора беше десеткована… Вечерта извршен е успешен диверзантски напад на војните обекти на жп. станицата Демир Капиа.

На 28 јуни неприателот покуша да ги нападне нашите положаи меѓу селата Радња и Боула. Дочекан одблизу со ожесточен пушкомитралески и минофрлачки огин, неприателот беше натеран во бекство. Неприателот имаше најмалку 15 мртви и ранети.

На 6 и 7 јули беа водени дводневни жестоки борби при селата Дреново и Драдња – Кавадарско.. Неприателот напаѓаше от три страни со помногобројни сили – от Кавадарци, Градско и Прилеп, поткрепен со авиациа и минофрлачи. Ние успешно ги држефме своите позиции, имајќи ја полната инициатива во свои раце. Зададени му са на неприателот големи загуби. Неприателот – по неговите сопствени признаниа -изгуби 60 мртви, меѓу кои 1 офицер, 1 полицејски началник и 1 германец-гестаповец. Кутнати беа 2 неприателски авиона, от вкупно 4, со кои неприателот ги бомбардираше и митралираше нашите позиции. Уништени беа 2 неприателски камиона и 1 моторцикл. Запленети беа 2 шмајзера и 1 пушка…

На 11 јули нападнати са неприателски положаи при с. Смилевци -Велешко. Во 3-саатната борба неприателот имаше жртви. На 16 јули ноќта извршен е напад на рудникот за лискун при с. Дреновци-Прилепско. Неприателот избега во паника. Запленети беа 34 пушки со 3.000 патрона. Спалени са сите руднички згради, уништени са 2 компресора, машините за бушење и сите руднички инсталации.

На 17 јули неприателот не нападна во с. Оморани, близу жп. станица Клајнман (Стојан Љутица) на пругата Велес-Прилеп. Ние успешно ги држафме своите позиции се до вечерта против нападите на помногобројниот неприател, кои стално донесуваше со возови појачања, Неприателот имаше 8, мртви, 5 ранети.

… От 14 до 25 јули извршени са 5 диверзантски напади на силно утврдените неприателски положаи меѓу селата Радња и Боула, и Боула и Чемерско. Следствие на овиа и пораните напади на истите позиции, неприателот беше принуден да држи фронт против нас со најмалку 2.000 војници, поткрепени со артилериа и минофрлачи.

На 22 јули извршен е напад на жп. станица Клисура, на пругата Скопје – Ѓевѓелиа. Нападнати са неприателските ровови околу станицата и со митралески огин беше сопрен 1 војни воз. Неприателот имаше доста губитци. На 23 јули се сукобифме со една неприателска потерна колона близу с. Копришница – Неготинско. Неприателот имаше жертви. На 22 и 27 јули извршени са напади на ергелата на државиото стопанство во Демир Капиа, охрањавана от 60 војници. Во двата напада избиени са 15 војници, а заробени 4. Запленети беа 8 пушки и коњите од ергелата. На 29 јули беше извршен пофторен напад на жп. станицата Клисура. Во 3-саатната борба беа завземени неприателските ровови, но ние се повлекофме оти на неприателот му дојдоа силни појачања со камиони откај Демир Капиа и Ѓевѓелиа. Неприателот имаше 15-20 мртви. Уништен е 1 камион…“ (АМ, – Ф. НОБ. К. 98, арх. бр. 1614.)

Тоа се дел од борбите и акциите на Втората македонска ударна бригада која во месеците јуни и јули ги водеше против побројниот непријател на еден широк терен, меѓу пругите Велес – Прилеп и Велес – Ѓевѓелиа. Непријателската војска на неколку пати тргнала во безуспешна офанзива против македонските единици во Тиквешиата и Азот. Но, во сите операции непријателот претрпел тешки загуби. Според Билтенот на Штабот на оваа македонска бригада, околу 250 непријателски војници биле убиени, срушени биле 2 неприателска авиона, дигнати во воздух 2 воза, уништени 5 камиона и 1 моторцикл, а запленети биле: 1 тежок митралез, 5 пушкомитралеза, 84 пушки, 3 шмајзера, многу мунициа и разен друг воен материал.

Како последица на овиа операции, не само што на непријателот имал тешки загуби, но Бригадата бројчано многу се зголемила. Стотици нови борци се приклучиле во нејзините редови. Со тоа се створија предуслови за создавање на нови единици

Бидеќи Бригада нараснала на околу 1.200 борци, од неа биле издвоени два баталјона, кои кон средина на август влегле во составот на Петтата и Седмата македонска бригада. Бригадата наскоро потоа влегла во составот на Четириесет и првата (македонска) дивизија (25. VIII) и учествувала во завршните операции за ослободувањето на Прилеп и Кичево (15- 18. XI), а потоа во првата половина на декември 1944 година влегла во составот на Четириесет и осмата (македонска) дивизија, која била вклучена во Првата армија на НОВЈ (прва половина на јануари 1945) и заминала и учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, за ослободување на Хрватска и избила на Целје.

Денес кога ги читаме овие редови како македонскиот народ без разлика на етничка, верска или политичка припадност се борел за својата слобода, можеме  да ја сватиме сопствената вредност и можностите со кои располагаме.

(извор: Македонска енциклопедија (книга прва, Скопје, 2009): Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 521 – 524)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top