Среда, 03 Јуни 2015   
Време е кога нема „беса“, туку само интерес!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Сеуште е отворено прашање кој стои и која е позадината на влегувањето на косовската група кај Гошинце и Куманово. Досегашните податоци кои се достапни во јавноста говорат дека водачите на групата кои беа елиминирани во Диво Насеље биле следени од косовските служби за безбедност од 2013 година, а во последните месеци за нив се интересирале најмалку четири безбедносни служби, меѓу кои и македонската. Но, во овој период косовската служба не ги споделила податоците со македонските безбедносни служби.

Косовската полициска служба (КПС) знаела за оваа група уште во 2013 година. Следењето на групата и нивните средби со лица осумничени за исламски тероризам на Косово ги открива нивните намери. Приштинскиот дневник „Коха диторе“, неодамна на основа на документите и информациите на Косовската информативна агенција (КИА) и Косовската полиција, пишува дека  Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, како водачи на група од 44 луѓе, планирале да го нападнат добро обезбедениот затвор во Грдовци кај Подуево, од каде сакале да ги ослободат затворениците Бедри Красниќи и Бурим Баша за кои се смета дека се опасни криминалци затворени за извршени злосторства, меѓу кои и убиства.

Во истрагата која ја спроведува КПС и КИА било откриено дека групата планирала вооружени инциденти, слично на настанот кај Гошинце, ослободување на осудени екстремисти и верски фанатици, што би довело до дестабилизација во Македонија. Вакви настани групата планирала да изведе во јужниот дел на Србија и во места на Косово населени со Срби. Обвинителот Али Реџа на Специјалното Обвинителство на Косово во интервју за косовски медиум ќе потврди дека лица од кумановската група биле цел на истрага на косовските безбедносни служби.       

Меѓутоа, покрај што групата била под истрага на косовските служби, за неа се интересирале и српските безбедносни служби поради нивните контакти со лица од северно Косово за продажба на оружје. Според српските медиуми, повикувајќи се на извештај на српските безбедносни служби, родениот брат на Рамуш Харадинај, Даут Харадинај, бил во непосредна врска со групата неутрализирана во Куманово и дека истата сакала да предизвика сличен инцидент во Косовска Митровица. Групата која имала цел создавање на Голема Албанија, била следена и од  албанската разузнувачка служба, а во последно време и од македонската служба.

Во изминатите седум месеци, како што наведува „Вечер“, Ндрецај, Ризај, Шеху и Ушкини имале барем неколку средби со припадниците на косовската полиција и на косовската и албанската служба ШИШ, која прва ги открила вистинските намери на терористичката група но и нивната бројност. Сепак, податоците за оваа група не биле споделени со македонските безбедносни служби, дури ни по настаните во Гошинце, кога официјално била побарана соработка со косовските безбедносни служби.

Приштина тогаш негираше дека косовски државјани се дел од терористичката група во Гошинце. Сега, се негира дека нејзините безбедносни структури знаеле дека групата спремала вооружени инциденти на територијата на Македонија. Косовскиот премиер Иса Мустафа, како што пренесува „Коха Диторе“, изјавил дека КИА немала никакви информации за терористичкиот напад во Куманово кој го предводел Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО.  

Приштина очигледно се најде во незгодна ситуација и сега се обидува да ги минимизира штетите. Преку косовските медиуми се пласираат контролирани и дозирани информации од КПС и КИА, преку кои не само што негира, туку се обидува да се дискредитираат и пасивизираат македонските безбедносни и разузнувачки служби. Така косовските медиуми ќе пренесат од анонимни извори во КИА и КПС дека македонските агенти се среќавале со терористите на територија на Косово, на кои им давале инструкции и пари за нивно учество во како што го нарекоа „контролиран“ конфликт во Македонија.

Видливо е дека негирањето на официјалните лица, како и пласирањето на вакви информации за инволвираноста на македонските агенти имаат за цел да ја дезинформираат домашната и меѓународната јавност, само за да се намалат последиците по Косово што произлегоа од настаните во Куманово.

Јасно е дека косовските безбедносни структури не ги споделиле своите сознанија со македонските колеги за една од најопасните групи на Балканот. Не е јасно дали за своите сознија ги известиле мисиите на КФОР, ЕУЛЕКС и ОБСЕ на Косово, Останува непознаница и тоа дали тие се обиделе да ја спречат групата во нивната намера или пак ја потпомогнале.

Додека медиумите шпекулираат официјално Косово молчи.

Српските медиуми, повикувајќи се на извештајот на српската безбедносна служба, објавија дека македонската полиција добила зелено светло од САД за операцијата во Куманово. Исто така, дека постојат податоци дека на терористите благовремено им било јавено за почетокот на акцијата, што како последица се жртвите меѓу македонските полицајци.

Грчки медиум пак шпекулира со замешаност на американците и британците во Куманово, а многу аналитичари настанот го сметаат како опомена до македонската влада заради можноста на изградбата на гасоводот „Турски тек“. Но од друга страна поранешната секретарка на САД Медлин Олбрајт повика да се испита поврзаноста на настаните во Куманово со Косово и Грција. Останува непознато дали и грчката тајна служба била имволвирана во Куманово.  

Чуден е коинциденцијата на косовскот шеф на дипломатијата Хашим Тачи кој за време на настаните во Куманово, го поминувал времето во Саранда со албанскиот премиер Еди Рама, Познато е дека токму Рама неодамна најави спојување на Албанија и Косово во идната година и и’ се закани на Македонија со вето за  прием во НАТО, по настаните во Куманово.

Приштина очајно се обидува да ја скрие вистината. Чуден е молкот од косовските институции, што може укажува на страв од последиците или на сосед кој нема добри намери. Продолжувањето на молкот и непревземањето на одговорност може само да ги поларизираат работите што може да предизвика конфликт од пошироки размери.

Сепак, без разлика што е точно, македонскиот народ и македонските Албанци покажаа дека не сакаат конфликт. Но, албанските раководители кои се заложници на албанскиот сон и туѓи интереси, како и заради личен бенефит, очигледно се спремни да влезат во авантурата наречена Голема Албанија. Тоа го покажува искуството на нашите претци.

Постојат информации од 1914 година, дека по разговорите со претставниците на албанското национално движење, Јане Сандански „бил разочаран од однесувањето на албанските раководители затоа што тие веќе чувствувале дека доаѓа нивното време и дека Македонија  не може да биде создадена како држава. Односно, создавањето на автономна Македонија тие го доживувале како пречка за остварувањето на големоалбанската идеологија и ја одбиваат понатамошната соработка со Сандански.“

Тодор Александров во 1923 година, во една информација до Коминтерната вели дека „апсолутно не може да им се верува на Албанците, затоа што се подготвени на поткуп, на криминал итн. Слични информации има во италијански извори и од извори на михајловистите, каде што се говори за корумпираност на карактерот на Албанците.“

Ваквите квалификации за моралот на Албанците, ни тогаш, ни денес не може да бидат карактеристика за целиот албански народ. Но, ова е потсетување на минатото за тоа што денес ни се случува, кога криминално-терористичка група од Косово се обиде да ја дестабилизира земјата.

Време e  кога Косово молчи, кога нема “беса“, туку само интерес. Затоа е потребна огромна внимателност на времето кое ни доаѓа.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.