Среда, 30 Декември 2009   
Среќна Нова 2010 Година и весели Божиќни празници

Среќна Нова 2010 година и весели Божиќни празници
СО  БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ  НЕКА Е СРЕЌНА И  БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2010 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ  ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.


Еве и Новата Година ни дојде, како да не е за верба, избега уште една, и успешна и плачлива и добра и лоша година, и тоа од оние поголемите години, кога се случуваат милиони нешта, година од оние што се забележуваат.

Од оваа година што изминува да си посакаме за нашата Македонија да има среќа, сите нејзини синови и ќерки да бидат вистински патриоти.
Да бидат единствени и да знаат дека нивното време е и време на Македонија.

Некогаш не одат работите како што сакаме, но, добро е да имаме разбирање, да знаеме, да се поддржуваме..

Во Новата 2010 Година да посакаме и да им порачаме на новинариве да почнат да ја пишуваат вистината, а не да мислат со политичките мозоци, да се читаат и слушаат вести кои им се во корист на луѓето, а не да се бараат со сила виновници и да се објавуваат разни шпекулации... Да се има сериозен и професионален пристап кон сите информации кои Македонската јавност ги очекува и ги заслужува.

Поделбите на новинарите на предавници и патриоти, на корумпирани и чесни да запре тука... Да се заборават сите зајадливи приказни и нивни препирки, каде се мешаат страстите на политичарите и интересите. Да се заштитат правата на демократски пристап но, да се заборават оние за дебилски пристап кон информациите и вестите во државата.

Да заврши подземната војна помеѓу новинарите - колеги, со име и презиме...

Време е да се постигне политичко единство, во име на оваа наша генерација, во име на оваа наша Македонија, да се средат ставовите проевропски и антиевропски поради тоа што некои не го прифаќаат грчкото недемократско уценување, особено во делот на идентитетот и јазикот, да се размислува позитивно про-Македонски. На секој од нас да му се даде можноста да одлучува за себе, за својата судбина и за судбината на својата земја, со свој глас.

А во историска смисла, конечно, ќе мора и треба да се знае кој што правел за оваа држава во овој кризен период, ќе треба да се заземат ставови и да се испишат историските страници со факти и артефакти, на најстудиозен , професионален и пред сè човечен начин, како долг на сите академици, кои прво се Македонци, а потоа Македонски мозоци.

Македонската  историја е преполна со примери за предавства и за крвави братоубиствени пресметки – време е сето тоа да престане.

Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, ние сме стоици и чесни луѓе и тоа така треба да биде низ милениумите, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени.

Финансискиот колапс, за сиромаштијата во која живееме, да се надмине на најитен но, и најсоодветен можен начин, на граѓаните да не им се промовира сиромаштија и беда на духот.

Да се промовираат  решенија, економска стабилност и инвестиции, што на овие луѓе кои ја сакаат својата земја и сакаат да останат тука во оваа Македонија, да им заблеска насмевката на лицето и задоволството од пристоен живот.

Македонците кои се надвор од границите на Македонија да бидат горди, да си дојдат дома кога ќе посакаат и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија.

Во македонската јавност да престане да се внесува конфузија што нè закопува во место, додека покрај нас поминуваат балкански возови кон Европа. Во Македонија да продолжат реформите кон Евроинтегрирањето.

Европа нема да биде обединета ако земјата на Филип таткото на Александар Македонски, кои пред неколку илјади години го започнале обединувањето на народите, не биде рамноправен партнер со останатите држави во Европа и во светот.

Европа нема да биде обединета ако на нејзиното  знаме не блесне и Македонска ѕвезда.

2010 година ќе биде година на големи одлуки и исто толку големи решенија, година на превирања и притисоци околу проблемот што го има нашиот јужен сосед со нашето име, време за економско јакнење. Затоа треба да си посакаме среќа и единство и да ја исполниме должноста за зачувување на оваа наша земја, која не е само наша, не е само на оваа генерација.

За Македонија сме задолжени и не смееме да заборавиме во ниту еден момент од каде сме и како сме стигнале до овој историски момент.                                                      

Да ја прославиме и дочекаме Новата 2010 Година со љубов и верба во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен Македонски начин. Да ги отвориме срцата и да посакаме Македонија да продолжи со реформите, успесите и подобрувањето на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце.

Да му посакаме на светот да ја погледне Македонија онаква каква што е. Достоинствена и чесна, мала земја со голема историја, Македонија – земја на Македонците и земја на сите граѓани кои живеат во Македонија.

Да дојдат и да ја посетат, Македонија ќе ги пречека со срце и од душа. Да ги почувствуваат нејзините древности и вредности и да ни станат земји пријателки.

На нашите држави пријателки да им се заблагодариме и да им посакаме успешна година, уште многу пријателства и заеднички успеси и соработки...

Да им посакаме на сите Македонци каде и да се, слога во семејствата, топлина во домовите и ведрина во животот. Скапоценоста на семејството е основа една земја која почива на вербата во Бога да успее во своите планови. Да се остварат уште многу љубови и да стапат во брак уште многу македонски чеда, да се роди броен Македонски пород....

На нашите Македонски војници кои се далеку од нас и го штитат меѓународниот мир заедно со другите војници од многу демократски држави, да им посакаме да ни се  вратат здрави и живи во Македонија, да бидат меѓу нас и меѓу нивните семејства, и да им порачаме дека ние сите секојдневно со мислите сме со нив.

Правдата и заслугите  за одредени личности во Македонската историја секогаш задоцнуваат, но 2010 година треба да им ја даде потврдата за нивните големи дела, како што и по 11 години од завршувањето на земскиот живот, на еден голем Македонец-  Драган Богдановски  основоположник на ВМРО-ДПМНЕ и борец за самостојна држава Македонија.

Затоа „Македонска  нација“ во 2010 година ќе се залага дa се формира Унија или Здружение на Ветерани со цел дa го сочува ликот и делото на Драган Богдановски.

Да продолжи идеологијата и да се врати достоинството на сите кои деведесетите години заедно со Драган се бореа и се изборија за самостојна Македонија.

Нa Драган Богдановски, да му се врати титулата почесен претседател на партијата што тој ја формира, ВМРО ДПМНЕ, да биде постхумно рехабилитиран, во неговото родно  Куманово, да се постави биста со ликот на Драган, неколку улици во Македонија да се именуваат со Драган Богдановски….

На ваков начин  барем малку ќе му се одолжиме на Драган Богдановски и не само на Драган, ќе се одолжиме на сите кои се бореа за самостојна држава Македонија.

Свекрва

{gallery}emanuel{/gallery}
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.