Среда, 10 Јуни 2015   
Јанко ТОМОВ, Јуни 2015 година

janko-tomov-240
Јанко Томов

По втората светска војна македонскиот народ почна помасовно да емигрира во западните демократски држави на Европа и со тоа да застане за создавање самостојна Македонска држава, а  воедно за да придонесе за падот на комунистичкиот систем на владеењето во Југославија, источните Европски држави и самата СССР.

Западните народи-држави и нивните институции, македонското иселеништво, на национален, културен, верски план, беше признато од нивните локални, државни и федерални власти и влади, имајќи во обзир учеството и жртвите на македонсите партизани, кои во склоп со Југословенските и меѓународните сили на отпорот, против Хитлеровиот фашизам, успееја истиот фашизам да го поразат-победат и да прослават нова ера и посветла иднина. Така македонските борци, раководени од познати демократи, како што беа Методи Андонов Ченто, Брашнаров и слични на нив, од таа генерација Македонски патриоти, кои произлегуваа од организацијата ВМРО, која го подигна Илинденското востание во 1903 година во Отоманска Македонија и која се бореше за стварање на самостојна Македонска држава. Тие беа основоположители на новата Македонска држава, основана на 2 Август 1944 година, на Првото Заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното  Ослободување на Македонија (АСНОМ), во манастирот “Прохор Пчински”. Методи Андонов Ченто беше избран за Прв претседател на владата на новате Народна Република Македонија. Во 1946 година, скоро две години, од основањето на НР Македонија, Југословенските комунисти вршеа невидени реплесалии према тие учесници на АСНОМ, со цел да ја приграбат новооформената Македонска власт. При тоа претседателот Методи Антонов Ченто беше затворен и осуден на 13 години робија, од страна на ОЗНА – Југословенска комунистичка разузнувачка организација, со образложение дека Ченто работел против комунизмот и бил сепаратист, кој сакал да побара помош од Друштвото на народите, Македонија да стане демократска држава, а не комунистичка. Заедно со него и други Македонски борци и видни личности во владата на НР Македонија, како Министерот за култура, Ѓорги Карев, брат на Никола Карев, претседател на Крушевската Република, од времето на Илинденското востание во 1903 година, беше затворен и убиен во централниот Скопски затвор на Кале, на кој до денес не му се знае гробот.

Зошто горното го пишувам и што има врска со македонските патриоти-иселеници,  кои ги продолжија идеалите на Илинденското востание за стварање на Демократска Република Македонија? Тоа е многу значаен контакт, на таа Македонска генерација, која има влијание од неправилното меѓусебно делење на Македонија, на Балканските држави во балканските војни во 1913 година, кога Македонија е поделена помегу Грција, Србија, Бугарија и новооснованата Албанија. Да објаснам поедини важни детали кои драстично влијаеја на македонците поробени од своите соседи.

После Четири години од протерувањето на Отоманците-Турци од Европа-Македонија, настана црвената Октомвриска револуција во Царска Русија, каде на власт 1917 година дојде Болшевичка – комунистичка власт на Русија која е позната како СССР. Од таа година, македонските патриоти од Илинденското востаниие  надахнати и од предходните револуции во Европа, како што беше Париската -Француска револуција од 1770-те години, некои од нив почнаа да го примаат болшевичкиот  комунизам од Русија, при што се створи голем отпор во ВМРО и отпочна братоубилачка меѓусебна војна со убиства. На народот во разделена Македонија му обеќаваа, сите Балкански владетели на Македонија, посветла национална и демократска иднина, ако не ги прифакаат пропагандите на едноумниот поредок во Русија.

Така СФР Југославија, после втората светска војна, кога се соочи со Рускиот колективизам и воведување на комунизмот, во поранешните демократски-капитлистички Балкански држави и провинции, со мизерниот живот кој го донесе комунизмот,  се откажа од него, во 1948 година, кое беше дело на ИНФОНБИРОТО. Но тоа не беше целосно откажување од комунизмот, туку  само за надворешни соработки со демократските држави, додека внатре во Југословенската федерација, продолжи со комунистичкиот систем на управувањето, нарекувајќи го “Самоуправен систем”, каде почнаа повеќе да се богатат привилегираните раководства и нивните блиски на институциите на власта. Исто така, Југословенските комунисти преку злогласната УДБА, продолжеток на ОЗНА, пожестоко почна да делува, надвор од Југославија, против својата и против дел на  Македонска емиграција, која застана на страна на демократскиот поредок, организирајќи се да го смени комунистичкиот поредок во тој “не врзан политички” блок на Југославија. При бегање преку границите на комунистичка Југославија, многу луге кои не можеа да го поднесат тој едноумен систем, ги губеа своите животи. Тие кои успееја да избегаат, од Југославија и многу мал дел од Источно европските комунистички држави, Црвениот крст и  меѓународната организација за помош на пребеганите иселеници, со испраќање по  демократските држави на Австралија, Канада и САД, иселениците најдоа засолниште. Како благодарност на тој хуман гест, македонските иселеници-патриоти, јавно го бранеа новиот за нив современ капиталистички поредок.

Македонските патриоти во иселеништвото, им пркосеа на злота на Југословенската комунистичка УДБ-а, со убиства, затварање и киднапирање на нивни активисти, од Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ). Со таква оданост-лојалност, кон светската демократија,  тие иселеници успееја да воспостават, во СР Македонија, во 1990 година, политичка партија  на ВМРО, споена со новата Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ДПМНЕ) како ВМРО-ДПМНЕ и со тоа и повекепартиски систем на владеењето.

Што денес доби Македонското движење во дијаспората и нивните активисти, со званичното непризнавање на употреба на Уставното име на Македонија и негирање на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура, македонската историја, вера и со тоа сите Македонски традиционални својства и тоа од кого!? Од западните демократски држави, за кои системи се бореше и страдаше македонското патриотско иселеништво, баш во кои живее денес во тие демократски држави!?

Придонес за афимацијата на современиот демократски- капиталистички поредок, од интелектуалното и патриотско иселеништво од САД, Канада, Австралија и Европа, во комунистичко-социјалисичката Југословенска федерација, во миналиот век.

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.