Среда, 10 Јуни 2015   
Ми пукна филмот за објаснување на животниот стандард и платите во Македонија

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Се надевам дека ова ќе биде патоказ или размислување за понатаму и за дообјаснување на некои тврди глави или инаетџии. 

Светот го контролираат сектите, никако големите сили, големите религии или памтните генијалци. Има 32 секти и групи, па после доаѓа Америка, НАТО, ЕУ и се друго по список. Како најмоќни и први на листа се Илуминатите. Најпознати лица од политика, музика, уметност... и секој еден со богатства, моќ и први во светот се Илуминати. Секој чесен, попаметен и подобар од нив, нема шанси со овие аждаи и останува анонимец проголтан од нив се додека тие така сакаат. Носат крст наопаку и прават се спротивно од Исус и Библијата. Немам време и простор за другите да спомнам и што се прават и како делуваат. Вреди да ги спомнам Масоните. Тие како и другите, имаат центри, моќ и богатства насекаде. Карактеристично за сите нив е што одвојуваат процент од платите кој варира од 1 до 12 %. Се собираат еднаш месечно и не даваат ништо да ги изненади. 

Она што ние Македонците треба да учиме од нив е дисциплина и нема прашување кај се парите и кој ги украде или кој краде. Имаат богатства и бизниси создадени не преку ноќ и неколку луѓе се само одговорни. Нудат добри услови, бараат добри работни места за свои членови со високи плати, најдобри позиции и место во секоја пора од општеството и соработка со сите. Доколку нивни членови заглават на суд па дури и со криминал или убиства, тие прават 300 чуда да ги издават од неприликите и се разбира превземаат мерки после тоа да не се повтори. 

Значи... кога Македонците без разлика на партија, религија и етничка основа, еднаш и засекогаш ќе престанат да се јадат меѓусебно, па така сплотени ќе се придржуваат како правилата на овие водечки секти... е тогаш дури може да зборуваме за подобар животен стандард кој ќе си дојде спонтано сам по себе. 

Во оваа состојба како што е, денешната Влада нуди повеќе од опозицијата. Но тоа не е доволно и свесни сме сите. Како и да е, тешко на народот ако опозицијата дојде на власт, само нивни членови ќе имаат подобра плата за иљадарка или две и некои кабаетлии ќе се офајдат со нивни својствени трикови. 

Потребна е јавна анализа што и како да се превземе и како до подобар стандард. Со кукање и болни лаги каде вистината се кажува по грешка, како и со протест пред Владата ако некој го боли стомакот и има пролив ... и со покажување на прст дека Премиерот и министрите се криви, па појава на фашизам ако не сум на власт или ако секси комшика ти удри корпа па ти да и поставиш шатор додека не се вљуби таа во тебе... тоа се жални факти и вистини кои не одалечуваат еден со друг и животниот стандард станува понеподнослив и нормално е после сектите да ни диктираат што да правиме и како да ни помогнат со наши пари и плус тие дебело да заработат од нашата пот. 

Дојде време да се сконцетрираме сите како економски да просперираме и да ги оставиме тие глупости со протести да се дојде на власт ама буквално оти ми е кеиф. Секој еден кој ќе треба да одговара и за 1 денарче ако проба да украде и јавно да се заколне дека ќе биде чесен до последен момент.

Како последно нешто, ќе спомнам една состојба во Австралија. Сите етнички заедници добиваат пари и помош од Австралиската Влада и сите етнички заедници кажуваат јавно низ нивните медиуми колку добиле и каде и како ќе ги наменат тие средства. ОВА НЕ Е СЛУЧАЈ СО МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА. Тука е нашиот проблем и грешка. Дали треба да се срамиме и молчиме ? Зошто имаме пратеници и советници па дури и почесни амбасадори ? Од што се многу убави или имаат плаво зелена крв ? Имаме и случај кога еден Доктор добива медал за заслужен Македонец, а  Австралиското здравство го искуба со некои радио водителки и преставник на Македонците... и тоа за мерак, околу 800 илјадарки секоја година, па на тој начин си купи ете некои чамци, бродчиња. Тоа беа пари наменети за стари и изнемоштени лица, како и хендикепирани.

ЗАТОА ДРАГИ МОИ МАКЕДОНЦИ, БОРЕТЕ СЕ ПРОТИВ ОВИЕ АНОМАЛИИ И ДАЈТЕ ЖИВОТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И НИВНИОТ СТАНДАРД ДА ГО НАПРАВИМЕ НА ДОСТОЈНО НИВО, А НЕ ПОЕДИНЦИ ДА СЕ ЗБОГАТУВААТ И ДА ЗБЕСНУВААТ ОД РАСКОШ И НИВНОТО ФИНАНСИСКО ЕГО.

Пуста пара проклета, што рекле старите.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.