Среда, 10 Јуни 2015   
Време кога треба заеднички да се делува

mane jakovleski 1Мане Јаковлески

Македонија поради инаетот на Грција долго време не може да стане член на ЕУ и НАТО. Долгото чекање пред портите на ЕУ и НАТО предонесе за политичката криза, која се надоплни со безбедносна криза. Стоење надвор од евроатланскиот безбедносен чадор предизвика сили кои сакаат да го надополнат безбедносниот вакум.

Денес, сме сведоци на една жестока политичка пресметка, во која опозицијата свесно или несвесно ги загрозува виталните интереси на земјата. Време е како Македонци да престанеме да си ги вадиме очите меѓу себе. Време да престанеме да бидеме човек на човека волк. Колку и да се различни нашите патишта и интереси, без разлика на нашата политичка припадност и желби, сакаме или не ние сме упатени едни на други заради заедничките проблеми кои не опкружуваат, заради националниот интерес. Мора да има спрега на различности, заради компромис и договор во кој ќе содржи можниот заеднички одговор за справување со потенцијалните ризици кои ја демнеат земјата.

Од почетокот на своето осамомостојување во 1991 година, Македонија се соочува со проблеми од страна на своите соседи кои никако да се затворат, а во меѓувреме се отвараат нови. Според информациите добиени од од безбедносни извори, кои германскиот весник Велт ги објавува, западниот Балкан станал „влезна врата“ за исламистичките џихадисти. Како што пишува весникот „Германаската тајна служба веќе неколку месеци забележува тренд на формирање на исламистички мрежи на Балканот за шверцување борци во воени области“, а салафистичките приповедници на Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија на големо регрутираат борци за конфликтите во Сирија и Северен Ирак“.

Меѓутоа, исто така весникот наведува дека „балканските земји повеќе не се користат само за регрутирање, туку стануваат места во кои борците се враќаат од боиштата и на кои можеби се подготвуваат терористички напади. Настаните во Куманово, каде македонските безбедносни сили неутрализираа криминално-териристичката група, чии членови војувале во Косово, Јужна Србија, Македонија и Сирија, треба сериозно да се сфатат. Но, исто така и сознанијата дека поддржувачи на оваа терористичка група имаат планови за киднапирање на функционери на МВР и напади врз витални државни институции.

Неодговорното однесување на опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кои предизвикаа политичка криза во земјава, како и подгревањето на меѓуетничките односи создадоа предуслови за безбедносна криза. На тоа му кумуваа Грција која над дваесет години ја држи Македонија во заложништво, односно надвор од ЕУ и НАТО. Исто така, на тоа му кумуваа и нерешителноста на ЕУ и НАТО, .кои за цело ова време не најдоа модус Македонија да ја внесат во нивното друштво.

Меѓутоа, мора да се нагласи фактот дека Македонија иако не е дел од европското семејство во последно време таа имаше забрзан економски развој. Тоа некому не одговара и дополнително ја подгрева политичката и безбедносната криза.

Поради сето ова претседателот Ѓорѓи Иванов од Самитот во Порторож, како што пренесува известувачот на МИА, ќе порача дека „статус кво состојбите во европските и евроатланските интеграции на Македонија не демотивираа и создадоа фрустрации во македонското општество. Создава нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи. дека на регионот му е неодложна интеграција во ЕУ и НАТО.

„Време е НАТО и ЕУ да донесат храбри одлуки. Време е ЕУ да ја поправи сопствената грешка во однос на Македонија... Крајно е време ЕУ и НАТО да го пополнат безбедносниот вакум во Европа, бидејќи ако тие не го пополнат, некои други сили и актери ќе го направат тоа оти не постои вакум во геополитилкиот простор “ – ќе рече Иванов пред присутните.

Исто така, на Самитот, Претседателот Иванов побарал да биде остранета главната пречка што стои на патот на интеграцијата на Македонија. Односно прашањето на името да биде последно поглавје во преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа, како што пренесува медиумот, порачал дека доколку ЕУ не помогне да се тргне пречката за интеграции, Унијата директно ќе биде виновна за влошување на состојбите во Македонија, а со тоа во регионот.

Затоа, во овие клучни моменти, неопходно е заедничките проблеми и опасности како народ да не сплотат, а не да не делат. Сега е момент македонските политички партии да ги надминат сите недоразбирања и кординирано да настапат, а тоа кој ќе ја води земјава нека остават на македонскиот народ да се изјасни за изборите во април 2016 година. Тој знае, тој памети, тој наградува и тој казнува. Досега во последните локални, парламентарни и претседателски избори тоа го покажа.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.