Среда, 17 Јуни 2015   
Политичко тактизирање на Заев

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски-Прилеп

На минатонеделната средба на комесарот за проширување во ЕУ, Јоханес Хан, во Скопје, во резиденцијата на евроамбасадорот Орав, со највлијателните и најбројниот политички квартет од македонскиот и албанскиот политички кампус, беше договорено до април 2016 година, во Македонија да се одржат нови парламентарни избори.

Првиот впечаток, кај македонскиот електорат по средбата беше дека конечно со странско посредништво исполнета е желбата на најголемата опозициона партија во нашата земја СДСМ, на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас „Бошко Буха“ и неговите поданици, конечно во десеттиот свој обид, било да се работи за локални, парламнтарни или претседателски избори и приближно по една деценија, да ја почувствуваат сласта на победата.

Но, само по една преспиена ноќ, по лидерската средба со еврокомасарот Хан, струмичкиот бизнисмен и во слободно време градоначалник, Заев, кого само го интересираат евра со шест бројки, повторно почна по старо да карикира пред македонскиот електорат со цел, тој да биде секогаш во право, доколку догодина пак биде поразен од владејачкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски.

Имено, Заев продолжува по старо, дека ланските изборни резултати биле нерегуларни, и со тоа биле приморани народните избраници, поточно пратеници од СДСМ да ги вратат мандатите. За излез од оваа едногодишна политичка криза, Зоки по секоја цена бара преодна влада. Но за жал на Зоки, нагласено му е, дека не треба да се оди со ултимативни и неразумни барања, од причини што ланскиот изборен процес од ЕУ и нејзините набљудувачи, кои лично беа на терен, е оценет како мошне квалитетен. Во таков случај, Никола Груевски е премиер со целосен легитимитет.

Во оваа прилика, како граѓанин на Република Македонија и кој секогаш го искористувам правото на глас кога има изборен процес, сакам да го прашам, каде аболицираниот лидер Зоран Заев гледа на изборни нерегуларности на ланските парламентарни избори, кога неговата партија и неговите коалициони партнери изгубија со шестцифрена разлика.

Зоки, да станува збор за мала разлика од 10, 100, 1.000 гласови, јас би се посомневал во изборни нерегуларности, но овде, Зоки, станува ззбор за преку 200.000 гласови разлика.

 

Моето второ прашање, кон бомбашот Зоки е која Тие целта со овие твои политички тактизирања? Дали сакаш да ги одвратиш големиот број на странски компании. Кои секој ден најавуваат влез на странски капитал и отворање на нови работни места во сите економски зони во нашата земја.

Зоки, не оди со такви потези, кои верувај ми се штетни, најпрвин за твојата политичка провиниенција, од причини што македонскиот граѓанин, без разлика за кого гласа на избори, не го интересираат твоите политички зделки и интриги, туку сака еден спокоен хармоничен живот со своето семејство без долгови.

На крајот, не знам дали ја слушна последната порака на Хан од Вашингтон, но Те молам, доста е со Твоето лудило. Не може нашата мила, преку двамилионска Македонија, да тапка во место и да ги загуби сите шанси за влез под европскиот чадор, од твојата погубна политика, само да се дојде на власт по секоја цена.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.