Среда, 24 Јуни 2015   
Враќањето на Русија на Балканот преку македонска врата?

Руското раководство, како прво треба јасно да ја продемонстрира својата спремност, дека сака да гради блиски односи директно со Македонија, а не преку своите историски поблиски регионални пријателски земји. Како второ, потребно е јасно да се прифати фактот, дека стратешкиот интерес на Македонија, како и на останатите земји во регионот останува присоединување кон НАТО и ЕУ, при што треба да се подвлече, дека развојот на односите со Русија бил и останува надворешнополитички интерес на сите македонски влади без исклучок. Факт е дека евроскептичното расположение во македонското општество е слабо, и практично отсутствува меѓу македонските политичари. Според анкетата на јавно мислење на ИРИ од 2014 г. 72% и 77% од испитаниците ја поддржуваат интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО соодветно. На таквиот курс во македонското општество никаква алтернатива сеуште нема. Затоа, во обостраната соработка меѓу Македонија и Русија, раководствата на двете земји треба да се концентрираат на прашањата кои обединуваат, а не разединуваат, поаѓајќи од фактот, дека Русија може да предложи многу повеќе од соработка во делот на енергетиката, кое е секако значајно, но не единствено поле за соработка. Земја со огромен интелектуален, културен и економски потенциjал секако може да предложи повеќе од гас и суровини.

Да започнеме со официјалните посети. Сега е вистинскиот момент кога руското раководство треба да им укаже чест на своите македонски колеги и да замине во официјална посета на Скопје. Во текот на 25 години самостојна Македонија ниту едно високо лице ја нема посетено Македонија, иако за тоа постои политичка воља и отворена покана од страна на македонските власти. Американските официјални лица и секакви европски дипломати од најразличен ранг одамна практикуваат т.н. шатл дипломатија и се чувствуваат како дома, честопати самоиницијативно прекорачувајќи си ги службените должности преку директно мешање во внатрешните работи на земјата. Русија, како што гледаме, по свој избор останува настрана, а отсутсвото на официјални посети во странска земја, говори пред се` за отсуство или недоволен интерес за соработка.

Понатаму, Македонија е една од ретките земји, која не се присоедини кон санкциите против Русија. Како возвратен гест на дружељубивите односи, руската страна може да ги намали на пример царините за македонската земјоделска и воопшто прехрамбена продукција. Придвижување во таа насока веќе има, руските власти ја укинаа забраната за увоз на производи од растително потекло од Македонија. Сега македонските компании ќе можат да ги извезуваат и своите млечни и месни производи на рускиот пазар. Но не треба на тоа да се застанува во соработката. Во Македонија постои желба за целосна либерализација на трговијата меѓу двете земји, а истото би можело да биде постигнато по примерот на Србија, односно преку потпишување на билатерален договор за слободна трговија меѓу Македонија и Русија. Доколку, ЕУ продолжи да се потчинува на диктатот на Грција, која иако е во тешки финансиски проблеми, сепак продолжува каприциозно да ја турка антимакедонската агенда во рамките на ЕУ, можеби ваквиот чекор би придонел Македонија да бара алтернативни можности за економска соработка паралелно со ЕУ, па еден ден и би се одлучила за поблиска соработка со Евроазискиот економски сојуз - ЕАЕС.

Освен тоа, денес Македонија плаќа највисока цена на гас во Европа ($500 за 1000m3). Секако, согласно принципите на пазарна економија цената зависи од употребуваното количество гас кое во Македонија е на минимално ниво. Сепак, дури и симболично намалување на оваа цена би значело многу и во политичка и економска смисла.

Понатаму, а секако еден од поважните правци на билатералната соработка се културните врски и дијалог. Во 2013 г. земјите потпишаа договор за отварање на културни центри во Скопје и Москва. Сепак, две години подоцна земјите дури не пристапиле кон првостепената фаза од реализацијата на овој договор. За земја како Македонија, која сеуште, за жал технички не е во можност да го реши прашањето со дипломатското претставништво во Русија од економски причини и се подразбира зошто има застој во отварањето на својот културен центар во Русија. Но доколку веќе во руската јавност на широко се говори за потребата за обнова на руското влијание во регионот, отварањето на руски културен центар во Скопје, се чини е прашање од првостепена важност. Како што напоменавме, Русија одамна ја напушти советската концепција за ширење на своето присуство и влијание во светот. Советскиот модел се покажа неиздржлив и ирационален од гледна точка на соодносот меѓу целта и обемот на вложувањата од една страна и политичките придобивки од истите, од друга страна. Оттука, отварањето на културен центар на РФ во Македонија е од огромно значење од аспект на ширење на руската култура во земјата, запознавање на македонското општество со истата, претставување на современите социјално-културни и политички процеси во руското општество, како и од аспект на подобрување на имиџот на земјата во регионот и стимулирање на позитивна перцепција во македонското општествено мнение во однос на рускиот културен свет и негово приближување кон македонскиот народ. Сето тоа во долгорочна перспектива би требало да придонесе за продлабочување на сестраната соработка меѓу двете земји што е од обостран интерес. Освен тоа, во Македонија се чувствува недостаток и во изучувањето на рускиот јазик кое беше укинато во училиштата после независноста. Организација на такви курсеви во рамки на идниот центар, несомнено би требало да наиде на широк интерес.

Најпосле, не треба да се занемари и прашањето за визите. Македонија одамна ги укина визите за руските државјани. Сепак, Русија, иако навидум ја упрости процедурата и формално воведе безвизен режим за македонските државјани, во пракса возникна апсурдна ситуацијата. Процедерата на вадење визи, кој формално се укина, беше заменета со оформување на официјални покани преку доволно заморната и бавна бирократска процедура во миграциските служби на руското МВР. Како резултат на тоа се намалуваат патувањата во Русија во културно-научни цели, и се кратат директните контакти на бизнис заедницата.

На крајот, најважното. Русија може и мора да и` помогне на Македoнија во решавањето на проблемот со името, наметнат од страна на Грција, имено таму каде што истиот беше создаден – во Организацијата на обединети нации. За жал во Македонија научно-експертската јавност молчи по ова прашање, а кај политичката не постои доволно политичка воља за негово решавање, да повториме онаму каде што проблемот беше создаден. Да потсетиме, при приемот на Македонија во ООН најдрско беше нарушено меѓународното право, поточно правните критериуми за прием на нови членки согласно чл.4 од Повелбата на ООН, со тоа што под дипломатски притисок од страна на Грција за Македонија беше воведен нов услов за прием – прифаќање на привремената референца БЈРМ за внатрешна употреба во ООН. Тоа беше во целосна противречност со Резолуцијата 197/ III на Генералното собрание на ООН од 1948 г. и мислењето на Меѓународниот суд на ООН од 28 мај, 1948 г. каде јасно е дефинирано, дека при приемот на членки во ООН се забранува воведување на дополнителни критериуми. Во однос на овој правен преседан направен во однос на Македонија многупати укажуваше афирмираниот македонски експерт по меѓународно право проф. д-р. И.Јанев. Русија би можела да и` помогне на земјата преку дипломатско–политичка поддршка на Македонија во ООН, доколку нејзиното раководство, конечно се реши да поведе нова судска постапка во Меѓународнот суд преку поднесување тужба за ревизија, односно правна оценка на процедурата за прием на земјата во ООН од 1993 г. со цел конечно решавање на бесмислениот спор со Грција и излез од политичкиот ќорсокак.

Во истиот контекст може да се разгледа и прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА. Решеноста на Русија да иницира диалог со РПЦ заслужува пофалба. Сепак ваквиот приод за решавање на проблемот нема смисла од правна гледна точка, бидејќи проблемот со признавањето на МПЦ-ОА нема црковен, туку државно-правен карактер. Познато е, дека предходницата на МПЦ Охридската Архиепископија - Јустинијана прима беше укината со носење на државен акт од страна на Високата порта познат како ираде од 1767 г. Руската православна црква, чија заедница на православни верници е најголема во светот и оправдано се бори за лидерство во православниот свет може да помогне со своето посредништво и пред парламентот и претседателот на Турција, како правни наследници на Високата порта и Султанот, да го укине споменатиот државно правен акт од 1767 г. Сега за тоа постојат и објективно поволни услови, а тоа се доволно добрите односи меѓу Русија и Турција. Прашањето може да го стави на дневен ред и на Всеселенскиот православен собир кој треба да се одржи во Истамбул следната година од аспект на помирувањето и зближувањето внатре во православниот духовен свет.

На крајот, накратко би подвлекле уште еднаш. Вознемирувачките настани, поврзани со политичките случувања во земјата и катастрофалното неединство на македонската политичка елита, за жал повторно ја смести Македонија на првите страници од светскиот печат. Експертско-политичката јавност на Русија, како и критиката која прозвуче во САД и ЕУ во однос на настаните во Македонија побараа од раководствата на политичките партии да пројават мудрост и демократски да ги решат спорните прашања, а имено преку враќање на СДСМ во Парламентот, и одржување на нови предвремени избори во 2016 г. На парламентарците на СДСМ им беше доверено правото од страна на еден дел од македонското гласачко тело да ги решаваат политичките прашања имено во законодавниот дом на земјата, за што, впрочем сеуште примаат плата од средствата на македонските даночни обврзници. А за тоа треба да сносат соодветна одговорност. Се надеваме, дека следната рунда преговори сепак ќе влеат со плод. Што се однесува до македонската страна таа мора да продолжи да ја развива својата политика во однос на Русија, и активно да се вклучи со поддршка на руските дипломатски иницијативи во рамки на ООН, ОБСЕ и Советот на Европа кои се од заеднички интерес за двете земји. Така, на пример Македонија мора да ја поддржи во Парламентарното собрание на ОБСЕ Резолуцијата за спречување на неонацизмот и укинување на санкциите на ЕУ против Русија која се очекува да биде предложена од страна на РФ. Русија пак од своја страна не треба да се самоотстранува. Таа треба решително да дејствува во насока на обнова на своето влијание во регионот. Во спротивно регионалните кругови на чија традиционална антимакедонска политика укажа своевремено бившиот германски амбасадор во РМ Х.Л.Штепан ќе продолжат со својата поддршка на политиката на двојни стандарди во однос на ширењето на правата на албанското малцинство, а со цел рушење на Македонија и создавање на трета албанска држава на Балканот.

marija-tretjakova
Марија Третјакова

Авторот е дипломиран експерт по меѓународни односи на Московскиот државен институт за меѓународни односи - МГИМО и докторант на Институтот за славистика при РАН

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.