Среда, 24 Јуни 2015   
Многумина ќе заминат од политичката сцена во историски заборав

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

ВМРО ДПМНЕ прослави 25 години од своето формирање. Свечаноста се одржа минатата сабота на плоштадот кој го носи името на историското ВМРО и пред новата зграда на партијата, која ја замени некогашната жолта куќа. Во роденденскиот говор пред присутните гости (партиски функционери, носители на функции во извршната и законодавната власт), лидерот на партијата Никола Груевски се осврна на актуелната политичка ситуација во земјата.

Во последните 25 години ВМРО ДПМНЕ помина низ многу премрежја. Во овој период таа се калеше и денес израсна во модерна партија способна да се справи и со најтешките предизвици. Премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор ќе посочи дека „Денес ВМРО-ДПМНЕ е најсилната, најмоќната и најбројната партија во Македонија, партијата која денес брои 170 илјади членови, речиси половина милион подржувачи, и е главен столб и двигател на развојот и стабилноста на Република Македонија.“ –

Меѓутоа, во моментите кога земјата постигнуваше извонредни резултати речиси на сите полиња, кога инвестициите и вработувањето се зголемија, опозицициската социјалдемократска партија ја воведе земјата во политичка криза која треба да резултира со превремени избори во април наредната година на која граѓаните треба да го кажат својот последен збор.

Говорејќи за последните настани во земјата, лидерот Груевски вели: „Токму во последните 5-6 месеци партијата го пребродува и најголемиот удар зададен досега, на крајно кукавички и манипулативен начин. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и создадени дела, со понуда која граѓаните ќе ја отценат за најдобра, со доверба која извира од народот, на демократкси и транспарентен начин, противникот, соработувајки со мрачни сили, како што и самиот се произнесе, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја сруши партијата, нанесувајки огромна штета на државата и нејзините граѓани.“

Всушност, депресираната и збунета опозиција, во својата немоќ легално да ја освои власта, запоставувајќи ги притоа штетитите кои ќе ги предизвика во земјата, ја воведе државата во политичка и безбедносна криза.

Одамна е очигледно дека СДСМ единствена надеж за сопствено воскрснување на политичката сцена го гледа во дестабилизација на земјата, наместо во програмските и кадровската ревизија на сопственото делување. Притоа заборави дека истите нивни луѓе кои во минатото ја туркаа земјата кон дното повторно од сенка преку валкани игри и прават штета на државата. Но, ако тие заборавија, народот не заборава. Народот најдобро ги чуствува проблемите на својот грб. Народот точно знае кој работеше и работи против неговите интереси, а кој ги чуствуваше неговите проблеми и работеше и работи истите да се надминат. Затоа со право се прашуваат со кое лице сега истите тие бараат да дојдат на власт?

Не случајно, премиерот Груевски го повика народот на организирани, фер и демократски избори во кој тој ќе му одговори на СДСМ и на нивните сценаристи. Така во својот 25-ти роденденски говор тој ќе каже: „Сакајки нам да ни направат стапица, потценувајки го македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, потценувајки ја нивната интелегенција и капацитет, влегоа во валкана игра, со која самите влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ оди во нова победа, и по кои Македонија ќе продолжи да оди напред.“ 

Познаро е дека народот не ги поддржува оние кои работат против него и против интересот на нивната држава. Тој не ги сака петтоколонашите и поддржувачите со нивните деструктивни политики, а секој обид за рушење на системот тие ќе го казнет. Тие се свесни дека само така, Македонија ќе биде ценета како држава.

Затоа Груевски ќе рече: „Не е државата ни Заев, ни Груевски ни некој друг политичар. Народот, ѓраѓаните тоа е Република Македонија. И нема подобар одговор од тоа, од колку соочување со народ соочување со граѓаните, оние кои ја даваат довербата оние кои ценат и оние кои одлучуваат.  Има многу што треба да се соочат со волјата на народот и наша цел е таа да ги извадиме сите да се соочат со волјата на народот."

Во изминатиот период народот беше наведен да бира меѓу делата и проектите на ВМРО ДПМНЕ, наспроти бомбите и заканите на СДСМ. Но, неговата реакција е очигледна. Тој ги одбра делата. Правејќи паралела меѓу работата на ВМРО ДПМНЕ, лидерот Груевски ќе истакне дека поддржката на народот не доаѓа незаслужено, туку е резултат на макотрпна работа и лојалност кон оние што им ја дале довербата. Како што вели тој, за разлика од опозицијата која се обидува да добие политички поени со креирани материјали, ВМРО ДПМНЕ продолжува со реализирање на она што предизборно беше ветено.  

„Тоа добро го почувствуваа земјоделците, и преку субвенциите и преку доделувањето на државното земјиште за обработка... но и  преку реакцијата на Владата, кога тие неодамна се соочија со најголемите поплави и штети во последните  40 години. Тоа добро го почувствуваа и пензионерите, преку нашето држење до дадениот збор за покачувањет на  пензиите... Тоа го чувствуваат и младите преку бесплатното  школување, симболичните цени на студирање, плаќањето за студирање на најпрестижните универзитети во светот, бесплатните компјутери и таблети, но и преку како никогаш досега отворањето на нови работни места во Република Македонија, и намалувањето на стапката на невработеност од 38 на 27,3 отсто, во период ... во кој во речиси сите други земји невработеноста растеше кај нас се намалуваше“ – ќе истакне Груевски.

Во Македонија на сите страни се гради. Видливи се инвестиции во патната инфраструктура (патишта и железници), а се најавува и гасификација на земјата. ВМРО ДПМНЕ тоа го може.

Но, Македонија се наоѓа на „линија на огнот“ на големите сили, па земјата станува полигон каде со помош на домашни платени играчи тие си ги мерат мускулите. Така на поитичката сцена се појавуваат старонови играчи во редовите на опозицијата на која ништо не и е свето и кои за свои лични интереси се спремни да го спречат развојот на својата земја и да ги поништат сите придобивки со кои се стекна македонскиот народ.  

За насреќа на опозицијата и за среќа на македонскиот народ на чело на државата се наоѓа партија која во последните 10 години успешно се носи со сите надворешни експерименти, ги пребродува сите тешки искушенија и со крупни чекори оди напред.

Така и ова искушение  ќе се надмине и ќе тргне кон нов подобар живот. А сите кои се огрешиле од својот народ, тој ќе ги казни – на предвремени избори. Тогаш многумина од опозицијата предводена од СДСМ ќе мораат да заминат од политичката сцена во историски заборав.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.