Среда, 01 Јули 2015   
Политичкото вјерују на Македонците

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Македонскиот народот низ својата вековна борба за слобода доживеала секакви премрежија и настани и во себе содржела и различни погледи и идеологии во однос на решавањето на македонското прашање кое било поставено како дел од Источното прашање односно од Источната криза која се појавила како резултат на немирниот балкански дух и стиматизација на Османлиската империја која и во втората деценија на 19 век останала на исто ниво како во средниот век.

Согледувајќи ги како пример востанијата на соседните балкански народи и македонскиот народ тргнал во бробата за слобода и рамноправност чија што крајна цел е привлечна за секој еден човек.

Тргнувајќи од мислата на Сандаски дека: „Секој човек треба да се бори, робот за слобода, а слободниот за совршенство“, генерации и генерации македонски дејци своите животи ги положиле на олтарот на поробената татковина.

Особено е интересен еден документ кој го носи насловот “Политичкото вјерују на Македонците”, а чиј автор е штипскиот војвода Владислав Славчо Ковачев македонски публицист, револуционер и режисер кој во една прилика изјавил: „Пет минути од деноноќието и` посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се` друго на светот“.

Овој документ иако е само едно лично согледување во суштина може да се смета како неофицијална македонска  национална програма. Документот е напишан на само неколку дена пред убиството на Ковачев во Софија во 1924 година во Горноџумајските настани кои што беа само резултат на смртта на Тодор Александров и обидот преку убиство да се разреши и најде убиецот односно нарачателот на убиството на Александров.

Убиен е од страна на Мирчо Кикиритков во неговиот дом пред очите на неговите деца, а подоцна за време на иследувањето изјавил дека: „Наредбите од Организацијата ги сметам за крајно правилни“, а понатаму во записниците стои дека доколку знаел за смртта на Александров тој би ги убил и децата на Ковачев.

Содржината на текстот “Политичкото вјерују на Македонците” ја пренесуваме во целост.

“Ја сакам Македонија неизмерно и повеќе од се` друго на светот.

Верувам постојано во нејзиното /македонско/ скорешно ослободување.

- Сметам само на нашите сопствени сили

- Не верувам во интервенциите на големите сили

- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза

- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа

- Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со усилби на македонските родољуби и на балканските народи

- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг, Независна Македонија како рамноправен дел на Балканската федерација

- Неизмерно верувам дека во обединувањето на вистинските македонски сили е начин за спас

- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави

- Никогаш нема да кренам рака на мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и зборот

- Најсовесно ќе дејствувам материјално и морално на македонските организации што ги имаа девизата независна Македонија како рамноправен дел на Балканската федерација

- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и ќе се нарекувам Македонец

- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблизу тупкањето на моето чисто македонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа

- Пет минути во деноноќието ќе го посветам на маченицата Македонија за да се соочам со мојата македонска совест 

- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерно топли молитви на македонскиот бог за да ја излее својата штедра милост на моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија за што поскоро да ги усреќи со реализирање лелеана мечта, слободна и независна Македонија“.

Текстот кој и не е премногу обемен токму во таа своја форма ги содржи сусштинските заложби, барања, соништа и потреби на македонскиот народ. Реченици и зборови кои доколку и денес почесто би си ги повторувале и кажувале би имале барем малку поубаво секојдневие.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.