Среда, 08 Јули 2015   
Нас ќе не биде! МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА БИДЕ! Туку тие за каде се?

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

До каде и до кога со простотилуков?!?! Македонија од секогаш патела од предавници, продадени души и кодоши но, ова веќе ја преминува секоја граница. Зарем не се освестија… уште полошо да прашам зарем не се освестивме ние. До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не` нема, да ни го нарушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости да ѝ го валкаат името на Македонија. Демократијата како систем е добра во одредени ситуации но, за жал многумина ја злоупотребуваат на наша штета. Зајко корнишонот ќе ги бранел интересите на земјава. Дали да плачам или да се смеам. За наша среќа со сопствените раце и со сопствениот предавнички ум си се закопа на политичката сцена.

Искрено, сеуште се обидувам да ја сфатам поентата на сето она што го изнакажа. Мислам, мене ми е јасна целта на кажаното како и на сите, туку не можам да сфатам што размислувал пред, за време на неговиот (се надевам последен) политички мандат и после тоа? Ова ми покажува дека во последната колумна бев во право, сигурно има нешто во воздухов. Во исклучително краток период на оваа наша мала територија од веќе јасно дефинираната и препознатлива мала група на луѓе упорно се пропагираат искривените вредности што за век и веков уверена сум дека ќе останат основната асоцијација за секој од нив. Да се прикажува грешникот како чесен, предавникот како лојален, неверникот како верник, а лошиот како добар е најдобар пример за тоа што го гледаме сега, што го слушаме во овој момент и што сите знаеме дека е токму тоа, искривени вредности од веќе дефинираните луѓе. Ова боли, онака како што боли фактот дека повторно ја потценува свеста на Македонецот. Македонецот знае да ги дефинира групите и знае да ги препознае вистинските вредности кои се темелат на истрајноста, чесноста, посветеноста, патриотизмот, љубовта кон својот народ, желбата за подобра иднина. Е ова се вистинските вредности но, за нив можат да говорат вистинските лојални, чесни, добронамерни граѓани.

Навистина се поминаа сите граници и за толеранција, и за манифестирање на демократија, а најмногу од се` за дозволување на секој еден да си го кажува мислењето. И пак да се навратам на муабетот „Демократија е кога секој може да каже што мисли, дури и тогаш кога не мисли“!

Ова мора да запре!

Ако не, тогаш Господ да се симне на земјата нема да може да ни помогне. Нас не треба Атињаните да ни прават проблеми и да не` негираат. Ние си имаме домашни миленичиња кои го прават тоа! Глупости, што има да се вознемирува јужниот сосед да ни наштети кога ние добро се справуваме со тоа самите.

Неразмислувањето кое што се манифестира во однесувањето,  во говорите и во ставовите на одредени “народни избраници“ ме ужаснува.  Се` ова наликува на книга напишана од некој извитоперен ум, а парадоксот е тоа што нам сето тоа ни е реалност.

Народов веќе доволно претрпе сите овие години додека транзициски, комунистички, предавнички, политки, не доволно образовани и проклети умови решаваа за неговата иднина!!! Доста е!

Се манифестираше проклетието доволно што сеуште не можеме да се оправиме од лошите последици! Продаваа име, територија даваа на поклон, и што уште не. Нашиов народ има поговорка која вели: „Ѓаволот ни ора, ни копа“. Галиба грешка се! И ора и копа и ни ја вади душата со секој збор излезен од било која уста што е против интересите на Македонија!!! Изјавите како што беа “ќе јадеме живи луѓе“... Ај вака да прашам. Кого ќе го јадете??? Вашиот народ? Вашето семејство? Вашите деца, роднини, пријатели??  Се покажува неразмислувањето и простодушноста зборувајќи против својот народ! Изгледа се заборави дека ова е еден народ... Македонски народ... Кој без разлика на политичката припадност е едно големо семејство... Овој народ е ЕДНО!

Продолжија со митинзи, лажејќи ги малкумината кои ги измалтретираа и ги влечкаа до Скопје со автобуси, злоупотребувајќи ја нивната финансиска немоќ и ветувајќи им лаги и глупости??? Кого го лажете? Вашиот народ? Вашето семејство? Вашите деца, роднини, пријатели??? Само му потврдија на народов колку се неспособни да покажат на дело дека Македонија е пред се`!

Епа еве јас вака како обичен смртник, да објаснам нешто што е заборавено. На народов, овој истиот што ќе го јадат, што го манипулираат, што го лажат, што го деградираат, предаваат, на чиј грб градат палати, возат скапи коли, одат по одмори и слично!!!

На овој народ Македонија му е пред СЕ`!!!

Нема народот пари за скапи туристички дестинации, нема стомак што може да свари да јаде живи луѓе, бидејќи сеуште има последици и тоа благодарение на транзициските политики и извитоперени умови кои се надеваа дека нема да дојде подобро време за Македонците!!! Но, затоа Македонскиот народ има чиста душа, јасна мисла, наследна доследност и љубов кон својата земја. Е тоа за цела среќа со пари не може да се купи.

Разбудете се! Времето дојде!

Имаме луѓе, вистински народни избраници кои се грижат за својот народ, кои работат во интерес на Македонија и кои ги жалам што деноноќно работат за да ги исправат грешките и глупостите правени за време на транзицијата, а притоа сепак го подобруваат животот на Македонецот. Ете тука е проблемот! Се смири разбрануваниот океан. Тињата падна долу (за наша среќа) и бистрата вода си остана на површината! Оние што тргнале по грешниот пат слободно нека продолжат да се закопуваат се` подлабоко во живиот песок наречен пропаст. А за нас, воопшто нека не се тревожат. Ние сме на прав пат конечно. На чело со еден човек, прав Македонец, на чело на оваа влада, прави Македонци!

Нас ќе не биде! МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА БИДЕ! Туку тие за каде се?

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.