Среда, 15 Јули 2015   
Политичка криза или потреба за преизградба на македонското општество

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Секое незадоволство, секоја побуна против нешто, дали тоа би било лично или пак незадоволство на некоја поголема група во суштина претставува пред се` една внатрешна криза, а потоа тоа внатрешното се префрла и на надворешноста односно од човек на човек, се оформува група со слично или исто незадоволство за подоцна тоа да резултира во една општествена незадоволност која бара некаква промена.

Точното поставување на проблемот значи дека подоцна ќе најдеме соодветно решение на истиот додека пак погрешното поставување на проблемот секако ќе не` одведе до погрешно решение.

Имено ние во Македонија се соочуваме со неколку клучни работи:

- сериозната беспарица и нискиот стандард на живот

- нискиот степен на образование и големиот број на нечесно стекнати дипломи

- младинската неактивност и незаинтересираност за опшествените случувања

- некомпатабилноста на образовниот систем и лошите образовни реформи.

Најпрво проблемот со беспарицата, е резултат на напластување на многубројни лоши стопанствени реформи и нивно привидно функционирање, кај нас имаме потреба од свеж капитал, млад и образован кадар и пред се` постоењето на наши домашни претпријатија кои ќе произведуваат наши производи. Не се на одмет ни странските инвестиции но никако и во никој случај не смее да се дозволи земјата да стана еден вид на современа колонија на меѓународните корпорации во кои македонскиот народ ќе биде понижен, а од страна на беспарицата ќе биде приморан да работи за ниски плати, а тоа води само кон експлоатација на работникот.

Од друга страна пак нискиот степен на образование и големиот број на нечесно стекнати дипломи ни дава само еден привиден број на високо квалификуван кадар кој од квалификации ја има дипломата закачена на ѕид.

Младината пак како да се наоѓа во некоја закржлавена фаза од својот развој препуштена на информатичката технологија, меланхолијата, ниските задоволства и пред се` незаинтересираноста за надминување на таа состојба во своја полза.

Лошите образовни реформи кои се прават се` со цел да ја подобрат состојбата со младината и образовниот систем напротив тие само ја влошуваат, децата се подложуваат врз разноразни тестови, екстерни и интерни проверки без да се води сметка за нивната педагошка оправданост и можноста од нивно исполнување и нивна вредност во однос на унапредувањето на образованието.

Сите овие предходно наброени кочници на македонското општество колку и да изгледаат тешко решливи тие се сепак решливи и тука лежи потребата, есенцијата за преизградбрата на македонското општество во кое не постои дијалог помеѓу заинтересираните и воедно засегнати страни од проблмите.

Кога би се иронизирало сето тоа би можело да се каже дека имаме многу генерали, а војници воопшто немаме и дека сме големи филозофи, а сепак слаби практичари.

Секој проблем треба да се решаве преку искажување на ставовите на двете засегнати страни и без наметнување на мислења од едните на другите и обратно, бидејќи со тоа само се  влошува целата ситуација.

Потребно е конструктивизам, потребна е целоисходност на нашата работа и труд, потребна е солидарност и сплотеност на народот се` со цел исполнување на општите заеднички интереси.

Јас со својот поглед, ти со своето размислување, оној со неговата остроумност, таа со нејзината трудољубивост треба да се спрегнеме братски во јаремот и да ја заораме братски првата бразда, почетокот на создавањето на новото опшество.

Не е потребна нова политичка промена, не е потребна нова политичка ориентација, потребен е труд, заеднички труд  на сите за целоисходноста на заедничките цели, потребно е да се надмине егоизмот и суетата за да се надмине цела оваа криза.

Потребна е потполна нова свест кај луѓето со цел да се изгради едно здраво општество, бидејќи и да има нова политичка промена, нова политичка ориентација доколку не се искоренат фундаменталните проблеми – кочници тие проблеми и понатаму ќе се пренесуваат и ќе доживуваме безброј кризи од кои нема да произлезе ништо особено.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.