Среда, 22 Јули 2015   
Македонија во времето на Танзиматот

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Стариот феудален систем во Османлиската Империја, недоволната развиеност на институциите и големата неписменост која што владеела во Империјата била причина за нејзина стагнација и стигматизација, претворајќи се еден вид музејски примерок на империја во Европа, а пак брзиот развој на европското општество постојано изнудувал развој и реформи во Османлиската Империја.

Реформскиот период во Османлиската Империја всушност започнува во времето на султанот Селим III кој владеел од 1781 година до 1807, кога тој решава дека на Империјата и` е потребна воена реформа, но поради војните кои Империјата ги водела со Австрија и Русија тие планови морале да бидат одложени и конечно да ја дочекаат светлоста на денот во времето на султанот Махмуд II кој ќе ги спроведе дотогаш најголемите реформи во Османлиската Империја.

Најпрво ќе ја укине јаничарската војска во 1826 година и ќе воведе нов воен систем по западноевропски терк, односно воениот систем низам и једид. А потое ќе се обиде да спроведе и реформи во економијата, но сепак тие нема да бидат исполнети со тој ефект со кој лично самиот султан се залагал.

Со донесувањето на Гулханскиот Хатишериф во 1839 година од страна на султанот Абдул Меџит I со кој се гарантирале верските права на поданиците се отворил патот на модернизација на Османлиската Империја за подоцна во 1856 се донесува и Хатихумајунот, односно царското писмо со кој се ветуваат верска и националнарамноправност на сите народности во Турската империја, слобода на вероисповедта и мислењето, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во турската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидува и црковни реформи, замена на натуралните давачки кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго.

Всушност со овие два документи се прокламира широка слобода за население на секој план, но треба да се истакне дека од сите овие реформи се спровеле само периферните додека централните и најважните како што биле реформите од аспект на религијата, судството,економијата останале само де јуре на хартија.

Со овие реформи државата уште повеќе се централизирала, иако и присуство на немуслиманско население во одредени совети при казите, нахиите и вилаетите можеби само навидум било исполнување на реформите и ветувањата сепак нивните размислувања и одлуки на никаков начин не влијаеле врз процесите кои што се случувале во тогашното општество.

Македонците како дел од населението на Османлиската Империја не почуствувало скоро никакви промени во нивниот живот, освен тоа што бил укинат данокот во крв односно девширмето, како данок кој задолжително го плаќале христијаните. Останатите даноци како што биле ушурот, пенџикот и др. останале во неизменета форма.

Од страната на реформите во административната поделба тука се случиле навистина некои поголеми промени. Според новиот Закон за создавање на вилаети во европскиот дел на Турција се формирани 6 вилаети. Северниот дел на Македонија влегувал во составот на Косовскиот (подоцна: Скопскиот), а јужниот - во составот на Солунскиот вилает. Дополнително е формиран Битолскиот вилает. Така целата територија на Македонија влегува во составот на споменатите 3 вилаети. Ваквата нејзина административна положба останува до крајот на турското владеење.

Покрај очигледната потреба за реформи, реформската ера односно Танзиматот завршува во 1876 година со доаѓањето на султанот Абдул Азис на престолот кој повеќе бил заинтересиран за својот приватен живот и черевоугодие околку за доброто на сопствената држава.

Во суштина Танзиматските реформи се добар почеток за модернизација и реформизација на Османлиската Империја, но тие во своите суштински делови: правото, верата, економијата, воопшто не се примениле, туку се примениле само оние периферните од страна на администрацијата и административната поделба со што државата уште повеќе се централизирала и тоа ќе стане само уште една причина плус за подоцнежните немири кои што ќе се случуваат ширум Империјата и на територијата на Македонија.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.