Среда, 22 Јули 2015   
Национално угнетување, зошто ги убија Македонците – селани во Солун

Gordana-Dimovska
Гордана Димовска

“Се родив во Софија, но не сум Бугарин, ниту Грк, туку сум Македонец“!

Солун, 2 август – познато е дека оваа година се осудени на смрт Македонците Балакас, Параскевопулос и Т. Манос. Оваа работа, која толку ги интересира работничко – земјоделските маси, не стана позната како што требаше да стане од страна на “Ризоспастис“. Затоа нужно е да се каже дека сите тие тројца живееле во Лерин. Во истиот град се наоѓал и некојси Цантевски, слеп приврзаник на националистичките стремежи на грчката влада, човек кој употребувал се` против секој елемент што на еден или на друг начин се борел за ослободувањето на Македонија и против националното угнетување. Тоа е лага. Тој истиот Цантевски, ја задрел еден ден жената на Манос. Манос, кој го видел тоа, го викнал на помош Балакас, кој порано бил член на национално-ослободителната македонска организација и таа борба тој се уште ја следел штом му се вдавала прилика, да се бори за слободата на Македонија. Тоа било доволно за Цантевски да го инсценира овој настан. И Балакас исто така го инсценира овој настан. И Балакас исто така го обвиниле дека, заедно со Манос и Параскевопулос, го убиле Цантевски. И за да фати мамката подобро, него го претставиле како водач на чета. Но исклучено е тој да одиграл таква улога. Оваа лага била фрлена за да ги уништат и другите.

Уште во текот на судењето и во последниот момент на нивното стрелање Манос изјавил дека тој самиот го извршил убиството, но судиите, кои имале определени намери, се направиле глуви на оваа изјава. Исто така и Балакас изјави во судот дека Македонец се родил и Македонец ќе умре – а тоа само по себе зборува многу.

Денес ќе бидат стрелани сите тројца. Параскевопулос во моментот кога му ја прочитале одлуката и кога го претставиле дека се родил во Лерин и дека е Грк, извикал: „Не, не, јас сум роден во Софија, но не сум Бугарин, нити пак Грк, јас сум Македонец“!

Во моментот кога му наредиле да замолчи, тој повторно извикал: „Ако мене ме убијат други 13 Параскевопулци ќе ја одмаздат мојата смрт“.

Буржоаските весници без никакво сомнение ја преиначија вистината и се стремеа да го излажат мислењето на работниците против тројцата Македонци. Тие ја премолчија вистината за причината на нивното убиство, ја премолчија поради практични причини за тоа осудување и напишаа лаги дека Параскевопулос изјавил дека Бугарин се родил и Бугарин ќе умре.

Ако начинот на кој тие тројца Македонци ја бараат својата слобода не бил тој пат што го прифатиле, ако не сфатиле дека е тоа можно само за комунистичката партија и со борбата за обединета и независна Македонија и Тракија, тоа е друго прашање. Но никој не се сомнева пред следново: 1. Во незамисливото и зголемено угнетување против малцинствата во Македонија и Тракија и 2. Во решителноста на трудбеничките малцинства да се борат за слобода. Во таа нивна борба не постои друга помошна сила освен Комунистичката партија и револуционерните организации кои се предводени од неа и ја следат нејзината дејност. Тоа токму го помисли Балакас, па макар и подоцна, кога беше внатре во затворот тој изјави:

„Само со Комунистичката партија можат да се спасат од сиромаштијата, од угнетувањето и да се ослободат сиромашните маси. Само работничката помош со нејзиното активирање на работничките маси, може да ги спаси и нашите глави“.

“О Неос Ризоспастис“ 5,8,1932 бр.323, стр.1-2

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.