Среда, 22 Јули 2015   
Прокламација на Елиномакедонскиот комитет од Атина за нашите браќа Македонци

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

„Прокламација на Елиномакедонскиот комитет од Атина за нашите браќа Македонци“ од 1905 година де факто признава постоење на македонски народ и јазик.

По задушувањето на Илинденското востание во 1903 година и растурањето на воената сила на Македонската револуционерна организација настанале тешки моменти за македонскиот народ. Четите го собрале и складирале оружјето за подобри времиња, а казнените одреди на турската војска и башибозук, како и албанските пљачкашки групи во западна Македонија ќе го натераат дел од селското насление да бара засолниште во поголемите македонски градови, а дел заминале во емиграција или на печалба во други делови на Османската империја или во соседните држави како Србија, Бугарија, Грција и Романија.

Тешката положба во Македонија по востанието ќе ја искористат соседните оружени пропаганди: бугарската, српската и грчката, а во еден период и романската. Поптпомогнати до државни буџети овие пропаганди имале една единствена цел – да подготват терен за завладување на Македонија, односно за нејзина поделба.

Туѓите пропаганди настојувале конечно да ја ликвидираат Македонската револуционерна организација и се` што им стои на патот на нивните претензии. Тие настојувале да го привлечат населението за нивните цели или да создадат чувство на страв и несигурност кај македонскиот народ и на тој начин полесно да го асимилираат.

Иако се наоѓала во крајно тешка ситуација по задушувањето на востанието, Македонската револуционерна организација веднаш почнала да превзема мерки за поврзување на своите редови, за подигање на моралот кај населението и спротивставување на пропагандите.

Покрај борбите со бугарската врховистичка пропаганда нов момент за Организацијата била борбата со српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија. Во неможност со црковната и просветната пропганда да ги постигне своите цели, слично на бугарската и српската почнала да го користи оружјето. Почнувајќи од 1904 година таа се` повеќе се засилувала, особено во северниот дел на Македонија. Со исти цели како бугарската и српската, по Илинденското востание и грчката пропаганда во јужниот дел на Македонија ја засилила својата дејност. Појавата на грчките андартски чети датира многу порано од Илинденското востание, но никогаш не биле со тој интензитет и систематичност како по него.

Намерата на Грција била да се наложи грчка доминација во Македонија. За да се постигнат овие цели, под непосредно раководство на грчката влада, биле здружени напорите на црквата, просветата, дипломатијата и оружјето. Грчката вооружена акција финансирана од државниот буџет се одликувала со својата масовност. Нејзините чети, за кои четниците во најголем дел биле регрутирани на Крит, во текот на 1905 година во Битолскиот вилает дејствувале со околу 1.000 души. Нивните акции биле особено жестоки во јужните делови на Македонија. За да го скршат отпорот на македонскиот народ организирале масовни убиства, уништувале села итн.

На почетокот на 1905 година Грчкиот македонски комитет во Атина, кој дејствува меѓу 1903 и 1908 година, издава политички памфлет „Прокламација на Елиномакедонскиот комитет од Атина за нашите браќа Македонци“ (во оригинал - Προκλαμάτσια να Ελληνομακεντόνσκη Κομιτέτ οτ' Άτηνα. Ζα νάσητε μπράτε Μακεντόντση) напишан на македонски дијалект со грчки букви. Прокламацијата била распостранета во Битолскиот и Солунскиот вилает и имала за цел да ги привлече Македонците кон елинизмот.

Во воведот е направен обид да се создаде омраза кон бугарскиот народ, нарекувајќи ги со погрдни имиња. Потоа се тврди дека Македонците не се Бугари, дека јазикот не им е бугарски, туку дека тие се Грци. Во главниот дел од памфлетот се наведуваат упатства за борба против бугарските вооружени чети, да ја напуштат Егзархијата и Македонците да се вратат кон владеењето на Цариградската патријаршија. Да не дозволуваат да се градат нови цркви на Егзархијата, да спречат поставување на икони, бидејќи светците се грчки, потоа спречување на егзархиските свештеници да носат црковни одежди итн.

Прокламацијата е официјална објава на воениот Комитет од Атина во 1905 година. Тој претставува уште една пропагандна приказна на Грците за да ги привлечат Македонците. Меѓутоа, токму таа укажува дека во 1905 година, Грците го признаваат како посебен македонскиот народ и јазик. Како и да е, самата насловна страница многу ни кажува.

Прво - Самото име Елиномакедонски комитет сугерира двојност - дека едните се Грци, а другите Македонци. Тоа е исто како да се каже Елинобритански, Елинофранцуски или Елинобугарски комитет. Самите наслови на овие примери говорат за Грци и Британци, Грци и Французи или пак за Грци и Бугари. Што значи дека Грците го разликуваат и го признават Македонците како посебен народ. Тоа го потврдува вториот дел од забелешката.

Второ – Дека Грците ги сметаат Македонците за посебен народ кој говори на свој мајчин македонски јазик говори и фактот дека Прокламацијата која е наменета за Македонците е пишувана на македонски јазик со грчко писмо.  

Трето – Прокламацијата не е наменета за Грците, Власите или Бугарите кои живееле во Отоманмската империја, туку за Македонците од територијата на Македонија, бидејќи Прокламацијата е напишана на македонски јазик, а не на грчки, бугарски или на влашки јазик.

Всушност, „Прокламација на Елиномакедонскиот комитет од Атина за нашите браќа Македонци“ од 1905 година де факто признава постоење на македонски јазик (со грчко писмо), но исто така признава дека оние кои го говорат се Македонци.

Одбивањето на Прокламацијата значело грчките чети да продолжат со заканите и убиствата за да го принудат македонското егзархиско население да ја признае Цариградската Патријаршија. Во заканите кои ги испраќале андартите до македонското население стоело предупредување „Ако за десет дена не станете Грци, повеќе не надевајте се да живеете“.

Нападот на Загоричани, кој се случил на 25 март 1905 година и во кој 300 грчки андарти под команда на капетанот Вардас убиле 79 жители, бил еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел од Македонија, кој започнал по Илинденското востание.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.